Бомбиците по рецепт на @SofiMar со ставено плус кокос и индиски ореви. (Занемарете форма, му се брзаше на дете) Компир, морков, кромид, лук и зачини.
Многу се едноставни и брзи. Изблендирав пола морков, поголем беше затоа пола, ако е од танките може цел, пола тиквица и тркалце кромид. После додадов маслиново масло и едно јајце ( ако е за помали од година се додава само жолчка). Изблендирав пак и потоа додадов брашно од око да се згуснат малку. Конкретно 3 големи лажици беа овој пат. Со лажица ги тураш во плех на хартија за печење и печев отприлика 20 тина минути на 200 степени. Превкусни беа, ама ги јадеше тато( иако тој знае да џвака) На беба и служеа како занимација за фрлање од хранилка Ама касна колку-толку, да не ја критикувам само. @stevemila @Capricorn Taurus
Тиквицата свежа, а морковот го обарив малку дека тврд да не го упропастам блендерот. Ако го правев во нутрибулетот свеж ќе го ставев, за во блендер страв ми беше. Многу се вкусни. И пиперка може да се стави ако јадат малите.
И повторно најубавиот доручек: 5 врсти житарки на хипп, урми, суви сливи, кајсии, сок од еден портокал и јаболче. Блендирано е се освен јаболчето, заради сувите овошки. Изедено со сласт!