2 шолји брашно, пола шолја кафен шеќер или две лажици мед, лажица прашок за пециво, малку сол, може цимет, ѓумбир или други зачини по желба. Пола шолја путер од кикирики, 3/4 шолја млеко, 2 лажици масло ( не ставив оти путерот си има доволно), 2 јајца, две презреани банани изгмечени со вилушка. Се мешаат сувите состојки во длабок сад, а ако ставаш мед место шеќер, ќе го мешаш со течните. Јајцата се матат со вилушка или маталка, се додаваат бананите, путерот од кикирики, млекото и маслото, да се добие хомогена смеса. Се истура во сувите состојки и се меша убаво. Со лажица за сладолед се полнат калапи за мафини и се печат во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути. Јас ставив и сецкано црно чоколадо во брашното. Не се многу благи, може да се стави повеќе шеќер, ама вакви какви што се, идеални се за деца. Моево вака за првпат проба кикирики, на нецели 18 месеци.
Највкусната каша до сега! 1 помал батат, 1 морков и пола круша. Се изеде. И јас дури ја бендисав Бебе 6+
Телешко месо, тиквичка, црвена пиперка, лукче и маслиново масло 7+ Круша, авокадо, вишни и цејлонски цимет 7+ Брокула, тиквица,морков, пашканат, киноа и маслиново масло 6+ Цвекло (за прв пат) и банана 8+ Спањак и ориз 7+