Ели ќе може да пишеш како ја спрема палентата колку вода и колку лажици стави,колку време ја готвеше. Моја бебка не е баш воодушевена од текстураѕа па дали ја правам како што треба.
Ја правам од око. Не ми успева спрема упатството. Тука има 2 лаж палента повеќе е тиква. А мојот па и само палента сака
И јас често подготвувам палента па ќе се вмешам. 200 мл вода и две супени лажици рамни палента. Откако ќе ја ставам палентата се вари околу 5 мин .
@eli25 @bella12 да се вмешам и јас . 150 мл вода и 2 супени лажици палента . Околу 5 мин варам . Супер излегува така . Денеска солена варијанта, палента, тиквица, морков и малку кромид . Бебе 7+ ама може и за 6+
Вчера кисело млеко со вишна и банана Денес кисело млеко со палента...Повеќе и се допадна вчерашната комбинација
Ориз, киноа, сливи од домашен компот и неколку капки маслиново масло. Spoiler Чинивчето со посебна емотивна вредност. Мое, кога сум била бебе.