Доручек бр1- nestle sinlac, со праска, јаболко и ц.цимет. Излеговме во паркче бебе не го сакаше , па трк назад. Си направивме смути за освежување-банана, вишни,аронија, овесни снегулки , кисело млеко и 2 бисквити хипп Ова беше маф Ручек Телешко, црвена пиперка, младо лукче, печен млад компир со маслинов, малку тиквичка, просо и коцка бујон.
Доручек: Круша, јаболко и две суви сливи. Слика немаме, мама не е по сликањето мн Ручек: Holle тиква, ориз и пченка, измешано со брокула и м.масло Еден од омилените ручеџиња после ориз и телешко
Доручек Круша, авокадо, малку к.млеко и 1/8 жолчка Ручек Блитва, ориз, тиквичка и младо кромидче. Слика немам, заборавив да сликнам Вечера Палента, к.млеко и малку путер. Дете јадеше ептен со сласт. Едвај дочекуваше наредна лажичка
Еве од мене едно денешно мени: 10+ Доручек: Мелени овесни снегулки со банана и вишни (замрзнати од Фриком) (на сликата мала каже: а да побрзаше мамо гладна сум) Ручек: Овошно пилешко месо (од Бебе Готвач) И вечера по предлог на @Lolipop23 Пудинг од мелен ориз со какао и урми (две порции изедени, превкусно)
доручек ( од @Capricorn Taurus го видовме) палента, к.млеко, путер и жолчка. Палентата од дивела го задавуваше, па изеде готова хипп со јаболко, банана и житарки. Е кога виде дека ќе му ја изедам палентата изеде 100 гр и од тоа ручек за носење ориз, карфиол, тиквичка, морков и млад кромид
Може не е за во оваа тема прашањево префрлете го слободно Поделени се мислењата за пробување вкусови дали да се почне со овошна каша или зеленчукова.Демек лесно ги прифаќаат овошните каши а потешко зеленчуковите па да се почне со зеленчук па после полесно било за овошните.Вие како практикувавте на 5+М?
@pile30 и јас поради тој муабет почнав со овошје па пак не ми го сакаше. Појќе сакаше зеленчук. Еве и ден денес појќе количински си јајт зеленчукови каши отколку овошни. Јас мислам дека си е до детето. Нека кажат други мами искуство.
И мене ова ме мачи. Јас се однапред планирам и веќе мислам како ова да го изорганизирам. Сајковски го имам слушано дека препоралува да се почне со зеленчукови, ама како. Па и нема многу зеленчук за почеток
Јас дадов тиквичка, компир, морков, брокула, карфиол, тиква, спанаќ- од зеленчук. Јаболко, круша, банана, сува слива , кајсија од овошје. Дадов просо, палента, ориз. Исто дадов и цвекло од 6+. Нив ги комбинирав се до две недели кога воведов и месо и млечни производи.
И ние почнавме со морков, тиквичка и ориз. Па после јаболко и круша. И синко повеќе сака зеленчукови. Дали дека така почнавме или едноставно детете тоа преферира неможам да кажам со сигурност.