@pandelka @Ano а попладне го дававте или сабајле. Дека и за тоа сајковски вика зеленчук на ручек време да се дава
Вкусови од сабајле давав само и тоа само по два дена од нов вкус и тоа еден ден чисто а другиот ден измешано со уште еден. Откако воведив оброк еден ден давав овошје а нареден зеленчук. После месец и пол/ два воведив ручек, сабајле давам овошје, поручек зеленчук.Препорачливо е од сабајле давање на нов вкус поради реакции на истиот. Исто така немешам повеќе од две три намирници на еден оброк, за да ги осети вкусовите на истиот.
Исто како @pandelka нови вкусови секогаш сабајле. Е сега зошто само пробувавме се случуваше и околу 11 да дадам да проба. Во секој случај препорака е порано во денот за да се следи реакција. Јас во почетокот сепак се држев до правилото три дена нова намирница. Првиот ден чиста, за да осети вкус и неколку лажички. Наредните денови и по малку повеќе и мешав со друга воведена намирница. Во почетокот малку ми беше потешко зошто налку намирници. После тоа веќе е полесно. Сега се случува и по два дена само да воведувам намирница. Плус месо, блитва не ги давав два-три дена по ред зошто и онака не се дава секој ден. За жолчка се држам до шемата 1/8,1/4... Исто и со глутенот, првата недела два пати, втората преку еден ден.
Марија 7+ поручуваше Банана,пола круша и две парчина тиква. Ручек: компир,по две китки карфиол и брокула,и едно тркалце тиквица. И мм.( на мама и текна да слика на сред јадење) Намирниците се за 6+,се уште пробуваме намирници што се за 6 месеци.Имаме уште неколку па ќе почниме за 7 месеци.
Превкусно Варена круша, морков, ад млекце и просо. Њам њам си правеше дури Не беше до волку портокалово, нз зашто вака на слика испадна.
Jas pocnav so zelencuk od istata pricina eve sega sme 7meseci i edvaj go jade zelencukot. Spored mene dzabe e. Deteto sekako ke proba ovosje i pak moze nego da go preferira bez razlika sto ste pocnale so zelencuk. I tie se karakter pa znaat sto sakaat sto ne
Значи од твоиве постови ми иде јас да си направам да ручкам.Браво мајка убави комбинации си ручкате.Идеи ќе зимам D
За убав почеток на денот- овошен јогурт ( домашно к.млеко, вода, аронија, јагода, банана и чиа семе) Превкусно, утре и за мама ќе има чаша.