Исецкан еден праз, еден компир и пола тиквица. Сварив се и на крај додадов 4 коцки замрзнат телешки бујон. Изблендирав се убаво со едно парче двопек, додадов капка маслиново и од се друго по еден прстофат. Оригиналниот рецепт е :се вари зеленчукот, се додава на крај павлака за готвење за густина да добие, сол и бибер. Јас измена направив заради железото, намалив со млечни производи.
Денешната беше слична, келераба, млад кромид и пола тиквица, се друго исто. До душа наместо двопек просо додадов, чиста петка е значи штом дете срка.
ајде ке ја пробаме и таа. и јас а и син ми сакаме крем супи многу . Јас ја направив пред некој ден супата од тиквици од некоја членка од тука . Уште ја мислам ! преубава .
Од струмица од една мала книжара незнам име , на топер е книгата ,сигурно ја има во поснабдените книжари.
Пире од манго Подготвено за понатамошна употреба во овошните каши или како десерт, бебе 10+ (Калапот е наменет за мраз)
Еве рецепт . Вчера пак ја правев . @forumce овој рецепт го следев точно како што пишува и испадна баш убава густа супа .
Доручек Гриз со јагоди,банана,мед и кокос. Пред ручек бидејки рано доручкувавме За бебе една мала кришка ,а за мама останатото . Кришка лебче со намаз од авокадо ,кромид и лимон .Одозгора патлиџан и варено јајце. Преубаво !