Мултижитарици,праска,какао и маџун Холе(тиква,ориз и пченка)мисиркино,кромид и путер Банана и бисквити
кај баба му денес доручек гриз,круша печена и авокадо Ручек Компир,жолчка,карфиол,кромид и зелена пиперка
Мафини со аронија, боровница, црна рибизла, црвена рибизла и малку рендан свеж кокос. 12+ Мафини со путер од кикирики, мед, какао, мелени бадеми, мелени лешници и мелени ореви. 12+
Палента,абц јуниор и кисело млеко Компир,морков,модар домат,лук и путер И ние кај баба на вечера:ориз и ослич
Доручек: Сутлијаш со бадемово млеко и маџун Вечера: Бисквити омекнати во бадемово млеко 1банана и 1праска @sofi2107 пишувај рецепт за мафиниве преку слика ке ги изедам
@Marija_Magdalena преФкусни се. Првите се по овој рецепт. Само измена има во овошјето, јас стаив тоа што пишав погоре ( аронија, боровница, црна и црвена рибизла, неколку парчиња свеж кокос и сум забораила горе да пишам стаив и малини ) све изблендирав и смешав со смесата за мафините. http://migusto.mk/mafini-so-ovosje-i-belo-cokolado/ Јас бело чоколадо неставив ( ептен да не дојде многу шеќер ). Другите се по рецептот на @Annath со некој измени. Не ставив шеќер ставив 2 пуни супени лажици мед, од зачин само цимет + додадов какао, мелени ораси,бадеми и лешници. На крај ги поросив со шеќер во прав. Воопшто не се благи и таман се за деца па и под 1г нормално со измени во додатоците. Наздравје да ви се ако ги правиш и баш ќе ми пишеш како ти се допаднаа и тебе. Утре ќе му правам мафини за ручек со брокула, пченка, мисиркино месо, морков и + шо ми текне. А за вечера мафини со јогурт, топено сирење, кајмак и сем од коприва Уста за друго не отвара па бар вака ги јаде сите намирници.
Sprattus покажува на википедиа дека се вика. И големата и средното јадеа. Ја купив чадена, имаше баш пријатна арома, ама страв ми беше така да ка давам. Па во тавче со малку масло ја потпеков додека не добив воечаток дека крцка. Инаку ја вадев само средната коска и така јадеа. Дури и големата што е голем нејадач со сласт се изнајаде(кај мене средново се што ќе му принесеш ќе изеде и тоа на сестра и’ и репете ќе побара, па не ми е репер дали било вкусно или не )
Супер, браво за девојките. Еден вид сардина изгледа е ова, така протумачив на гугл. Прашав бидејќи не сум дала толку ситна риба до сега, не знаев како да ја приготвам и дали би ја јадел. Може да пробам наскоро.