Највеќе инстаграм. Фб веќе повеќе постарите го користат, труе со политика и надмудрувања. Затоа ретко го користам.
Двете ги користам, но Инстаграм повеќе и поинтересно ми е. Навистина фб стана неподнослив веќе со политики, препукувања и надмудрувања во коментари. Особено од некои што се заглавени во минат век.
Фејсбук. За да пишувам мислења. Не можам да се пронајдам во Инстаграм... имам профил, без ниту еден пост.
Имам намалено со фб, а инста ми станува досаден. Си ставам многу слики ама само тоа и правам, за јас да си се гледам на профил де
Да не ми требаше фб, сигурно до сега ќе го избришев, фб стана најголема глупост што може да постои, секако заради луѓе што не знаат која му е намената, само политики се бистрат, сите се најпаметни,секој си дозволува да ти пише се и сешто, мизерија невидена. Инстаграм користам, има доста инпиративни профили од секоја област, што те интересира можеш да најдеш, најмногу го сакам заради фотографиите, всушност правата идеја на инстаграм беше тоа, а сега стана нешто друго, но сепак е интересно.
Сé e срање, Фејсбук користам ради битни известувања и сигурно ќе продолжам да го користам во иднина. Инстаграм користам зошто нема ништо на Фејсбук, па празнината да ја надокнадам ама забележувам дека и не го користам толку многу последниве месеци, па можно е да го избришам.