Имам и фб и инстаграм ама фб го користам за информации,а инстаграм повеќе за забава и дружење. Не сум опседната ни со фб ни со инстаграм, не сум ни опседната со фотографии или лајкови.
И двете ги користам, иако повеќе објавувам на инстаграм. Баш ми се свиѓа дека апликациите нудат широк спектар на работи што може да ги следиш а истовремено ти овозможува брза комуникација со луѓе. Ако нејќеш политика едноставно избриши такви страни, ако ти сметаат убави луѓе избриши ги, ако сакаш да пронајдеш луѓе со слични интереси/проблеми имаш милион групи, имаш можност лесно да се информираш за секојдневни настани, ако сакаш страница на инстаграм за твоето хоби можеш да ја заследиш и да најдеш корисни совети и инспирација, ако сакаш уметност исто така има страници посветени на тоа итн. Единствено што ми е пречи на двете апликации се рекламите, е тие се стварно на секој чекор и се досадни.
И двете ги имам, но фејсбук не отворам воопшто, користам само Messenger. Инстаграм од друга страна повеќе користам, но периодов и таму еднаш во денот се вклучувам.
И двете ги користам, но повеќе фејсбук. Гледам видеа кога ми е досадно и ми излегуваат супер видеа. На инстаграм понудените рандом објави не ме привлекуваат. Од друга страна, некако досадно ми е на инстаграм. Секој постира филмски слики и се фали со нешто. На фејсбук повеќе остана природното.
Ни едно ни друго не користам често. ФБ ми служи само за контакт со роднини што се во странство, а во поново време ни за тоа зошто преку ДУО комуницираме. А инста отворив за да си ги пратам децата и толку
Инстаграм. Фејсбук имам но ми стои така 2 години. Сум заборавила кога последен пат сум отворила. Искрено ми стои само поради месинџер.
Порано ќе речев инстаграм, но некако во последно време фб ми е пак поинтересен. Многу страници имам лајкнато за мемиња и патувања, цел фиид ми задржува повеќе внимание на фб во последно време. На инстаграм се и сешто излегува, па и рекламиве и reels шо ги додадоа, некако ептен ми стана измешано. Но, ги користам и двете. Сепак се добри апликации.