Инстаграм програми

Дискусија во 'Психологија' започната од gjoker4e, 8 ноември 2022.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.650
    Допаѓања:
    38.419
    Пол:
    Женски
    Што мислите за Инстаграм програмите за работа на себе и дали сте учествувале во некоја и мислење за неа?
    Ме привлече сега Обуката на психологот на Советувалиштето Клуч па се замислив.
    Други програми кои ги знам се Асертива, Најдобрата верзија од тебе, Кикстарт...
    Дали имате некоја програма во која сте учествувале што би ја препорачале?
    А и не се баш по некоја пристапна цена за македонски стандард според мене.
     
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.650
    Допаѓања:
    38.419
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има купено програмата на Катерина Ангелковска да сподели искуство?
     
  3. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    2.219
    Пол:
    Женски
    Лично јас, никогаш не би купила програма (каква сака нека е) за 4000 денари. Второ, по форумов за Катерина не прочитав убави работи, нешо блиску до преварант(ка) била - пред ова да го прави со програмите, бил поврзана со Лајонес ако не се лажам (или некоја трета фирма) која зезнува туѓи животи со заглавување кредити и слично. И трето, не ѝ го можам гласот, антипатичен ми е само што ќе отвори уста и ќе ѝ измутира гласот.
    Можеби некоја членка купила, па повеќе би те упатила..
     
    На simoncelicius и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.650
    Допаѓања:
    38.419
    Пол:
    Женски
    Фала ти на одговор?
    4000 сакаш да кажеш дека е малку или многу? Дека има програма Најдобрата верзија од тебе и таа е 70-80 евра. Некои се 100 евра…
     
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    42.764
    Пол:
    Женски
    Не. Зошто би купувала некаква си програма од особи што не се ни терапевти туку самопрогласени "мастери"?
    Штом е програма значи е генерализирана за сите што ќе ја купат иста, а штом е за сите иста не може да ти помогне за твојот конкретен проблем. Ако ти е за слушање на општи работи за самопомош, на интернетов има милиони бесплатни такви видеа и тоа од луѓе со многу поголем кредибилитет кои кажуваат стварно паметни работи бидејќи се стручни. Повторно, генерализирани, ама барем бесплатни.
    А веќе ако одлучите да давате пари, одете на психолог, многу подобро за личен развој отколку програми на рандом инфлуенсерки што се состојат од рециклирано семе синапово.
     
    На gjoker4e и dea.18 им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.650
    Допаѓања:
    38.419
    Пол:
    Женски
    Мене повеќе ме копка од радозналост какви се тие програми, а не ми се даваат пари. А нема кој да сподели на фемина. Може и во приватна порака да ми пише кому му е срам да пише јавно дека купил програма. :D
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.