Пробав се, и апликација избришав, и телефонот го исклучив хахах ама исто е.. Се трипам дека ми провалиле и ме фаќа паника
И кај мене моментално инстаграм нешто зафркава. Ниту од апликацијата, ниту од пц ми работи ко што треба.
Јас не можам од сношти пораки да отворам... Репорт направив неколку пати. Мислам не се десило олку долго да не чини инстаграм...
од кога Инстаграм мисли после 2 мин да ни` стигаат горе пораките? кажете апликација за unfollowers, симнав Репортс+ ама кога ќе се уклучам таму, ме гаси од Инста, и после ми бараат бројот пак да го внесам како за заштита демек, и код ми праќаат.
ама зашто, не разбирам. со тоа што се палам на такви страни, свесна сум дека може да ми злоупотребат информации, не сум глупа. или нека стаат директно опција на Инста да ни` стига кој не` тргнал кој не. не дека ќе плачам некој ако ме тргне, ама некој ако неќе да гледа више што постирам, зашо јас да гледам он шо праи? или некои ќе те заследат, ќе ги заследиш и те трга за да гејна фоловерс, тие први ги тргам пошо ми е мизерно EDIT и уште едно прашање, веќе месец дена можда, не ми дава да гледам архивирани сториња. гуглав за решение, ама тоа што го најдов не помогна. Нешто да сум подесела у нотификации да ми се сејвнуваат сторињата, го кликнав и џабе. вака ми дава кај она ,,on this day" ама јас сакам јас да си бирам еве пред некој ден од 2021 март ми требаше нешто, не дава празни се круговите, кликај кликај, џабе
Кај мене уште не. Нормално е да сакаш да следиш кој те заследува, кој те отследува. Јас како фотографски профил, цело време сум мета на fellow фотографи кои те заследуваат, само за да ги заследиш и потоа ќе те отследат. Баш на една од апликациите видов дека изминатава година скоро 1000 души ме имаа отследено, замисли ако не ги отследувам назад... Ама како и да е, во право е @Bratot, со последниот апдејт, со секое користење на апликација што не е од инстаграм, поголеми се шансите некој бан да ти мавнат, ко мене моментално. Од вчера не можам ништо да отворам. Не знам што да кажам, освен да се помириме дека инстаграм стана ужасна маркетинг апликација. Бар да беа добри алатките што се доплаќаат...
Мене нешто ми вели дека Инстаграм се инаети на дополнителните апликации кои нудат опции што Инстаграм не ги нуди - како на пример таа да гледаш кој те отследил или кој не те лајкува. Мене неколку пати ми го имаат блокирано профилот на ден-два поради користење такви apps (поконкретно Follow Cop), меѓутоа како што вели @Feminka22, зашто би следел некој ако тој мене не ме следи или не ми лајкнал слика во последната година
Затоа што Инстаграм се фокусира на тоа да стекнуваш следбеници со платени реклами. Јас порано по 10 следбеници минимум сум собирал дневно, само затоа што бев активен со лајкови и коментари. Сега по еден на два дена. Многу го уништија алгоритамот.
Во случај да сте блокнати и да не ви стига код за отклучување на телефонот, пробајте со друг телефонски број - од некој што нема Инстаграм. Кај мене само вака успеа.