Не сум, тоа ме чуди. Буквално стискав на профилната слика и се појавуваше како во нормална големина (на сите профили, и отворени и затворени) и баш си викав ,,убаво им текнало, досега ослепевме гледајќи во минијатурни сликички”. Тоа е, морам пак да ја земам лупата изглеа.
Ааа па ти си била од "избраните" Јас не сум можела тоа до сега зал. Може е нешто што го испробувале како опција, па сега го тргнале скрос. Ќе останеме да си правиме ss па зум
На инстаграмот ми стигна да внесам некој код за да потврдам дека јас го користам профилот. Меѓутоа кодот стига на емаил што јас воошто не го користам и немам никаков пристап до него. Постои ли некој начин кодот да стигне на друг емаил, број? Помош, ве молам.
Дали имате проблем со сторињата? Ми прекинува апликацијата кога сакам да видам нешто, а highlights сториња на други не ми се покажуваат на профилот. Вака цел ден.
Кај мене е во ред. Провери за ажурирање, исчисти кеш или преинсталирај апликација. Било каков проблем јас само вака решавам.
Има некој што го зафркаваат сега пораки на инста? Ми вика something went wrong кога правам refresh а инаку ми дава да праќам
Како може веќе испратена порака или реакција на стори да се избрише? Ми пишува некој, јас ја игнорирам пораката, потоа ми реагира на стори, и тоа го игнорирам и после 3-4 саати гледам ја нема веќе пораката. Одам на профил кај него, отворам разговор и гледам последните пораки од денес ги нема, а се друго од предходно е тука. Како е можно?
Јас користам два инстаграм профила. На едниот профил имам нотес, а на другиот немам. Пишав на инстаграм сеуште нема промени.. Незнам што би можело да биде проблем
И нема никакво известување дека пораката е избришана? Колку време после испраќањето на пораката може да се избрише?
Има ли можност на стори да се намалат рекламите на профили што не ги следам? Повеќе такви глупости гледам отколку сториња на пријатели