@Feminka22 Се согласувам, да пробаш повторно да ја инсталираш апликацијата. Во случај пак да е истото, пријави го проблемот. Мене вообичаено откако ќе пријавам нешто, веднаш ми го средуваат.
Профил имам направено пред пет години.Инстаграм користам преретко,се дешава и по една недела да не влезам.Си размислувам да го избришам профилот.
Луѓе, што се дешава, скоро секој ден ме тагнуваат на фотки со награда ајфон, секој пат го тргам тагот, го пријавувам профилот и го блокнувам, и после ден-два пак од друг scam-ерски профил пак ме тагнуваат на пост?
Кај многу луѓе вклучувајќи ме и мене. Не знам ни како ме наоѓаат со оглед на тоа што ми е приватен профилот. Јас го решив проблемот така што вклучив опција да морам да одобрам прво пред некој да ме тагира, а искрено отогаш наваму не сум ни добила барање за таг.
Преплавени се и Инстаграм и ФБ од ботови, бидејќи Мета нема ниту капацитет ниту компетентност да си ги следи сопствените правила, мислам дека допрва ќе си гледаме ботчиња секаде - дури и процесот на комуникација со нивните тимови е автоматизиран, одвратни се.
Мислам дека ако ги има вклучено известувањата дека ќе му се појави горе на тел дека си му пишала тоа и тоа.Или не стигнува така од инста?Не знам.
Имам прашање. Како на слика која ќе ја објавам да тагнам личност но и кај него во објавени да биде(не во тагс )
Дали има некаков проблем со инста моментално или само кај мене?Нешто со мојот телефон/нет не е во ред? Веќе 15 минути го имам овој проблем...Help...