Имате ли денес проблем со инста? Особено со покажување на сторињата. Кога отворам инста, прво кај што се сторињата нема ништо бело е. Па морам да направам рефреш, па да се појават. Па после имам проблем и со покажување на некои сториња, не се покажува сторито, па морам да го исклучам, па повторно да го уклучам сторито па да видам што е сторито. А сега имам проблем и со пораките на инста врти тоа и не ми се покажуваат...
Јас со пораките имам проблем веќе со месеци, и телефон сменив и неколку пати преинсталирано и пак исто - пример, кога правам рефреш знае да ми покаже порака стара со денови/недели, а сум немала ниту нотификација ниту ништо. Порано не ми беше така. Сега морам рефреш неколку пати на ден буквално за да не пропуштам некоја порака.
Во последно време инста е крш.. Приметив дека следам некои лица (инфлуенсери во покушај) што никогаш не сум ги заследила, пораки слабо покажува, некогаш само известување ке дојде а ке нема пораки и како ке ми стигнат ако ми е отворен чатот одма се бришат, тие изнестувања што не ми стигнале ке ми стигнат од еднаш сите и ајде тоа не ми беше толку чудно ама некои што ми стојат во риквест да ми лајкнуваат сториња од хајлајтс е претеризам... Заклучен ми е профилот па ме чуди како воопшто можат да ми видат хајлајтс...
Денес скроз не ми функционираат пораки. Врти тоа прави refresh цело сабајле и ко да сум офлајн не ги покажува пораките и стои празно. Ниту претходните ги покажува, ниту нови пораки, ништо. Еве: Некој друг сличен проблем?
Може, одиш на профилот за кој сакаш да провериш, горе десно на трите точки до ѕвончето и одбираш See shared activity кога ќе се отвори ти покажува кога те заследил тебе а кога ти него.
Можеш да видиш и кои постови ти си ги лајкнала а кои твои постови тој/таа ги лакнал. Ќе ти ги даде одвоено, за да не бараш низ профил
Не снам искрено од кога е, јас сум во тој каналот да пратам што абдејти има инстаграм и такс дознавам.
Прва на која помислувам е Лила Филиповска, ама има различни видови на инфлуенсери (јавни личности како водители, пејачи; мода; готвење; патувања...) Зависи за што ти треба.
Може некој да ми објасни точно на кој принцип работи блокирањето и други профили на иста личност? Имам блокирано една личност, таа има блокирано на друг профил, сега кога ја одблокирав не можам да ја најдам (мислам дека е порати тоа што го има блокирано другиот профил) Другиот профил всушност е на другарка ама не се сеќавам преку кој меил и број е направен профилот, секако и да е преку некој мој меил или број веќе не ги користам тие
Не сум сигурна дали го разбрав прашањето. Има опција кога блокираш некој профил, да избереш да ги блокира и другите профили што таа личност ќе ги направи. Значи треба да се врзани најверојатно. Ама ако се прават со сосема друг маил не знам дали инста може да ги поврзе и да препознае дали се од иста личност
Мислам дека профилите се со различен меил ама ист број Блокирав Х личност од мој профил, истата личност го има блокирано другиот профил (профилот што го спомнувам, го користи другарка ми) и сега јас го одблокирав Х ама не можам да го најдам, најверојатно бидејќи ја има блокирано другарка ми Ме интересира на кој принцип оди блокирањето (кога блокираш и други профили што ги има)?Дали се блокира меилот, бројот, ип адресата или не знам што друго, не се разбирам баш...