Не се сеќавам за тоа, мислам дека профилната не а името да или обратно, кај некои знам и дека воопшто ништо не стои
Дали има некој овде што се занимава со Маркетинг на инстаграм, да води профили на фирми? Ми треба совет, доколку некој се разбира, имам шанса да купам профил од бутик со 10 000 следбеници, нема да отворам бутик и да се бавам со таа дејност, нешто сосема друго почнувам но профилот им е супер разработен, не се лажни следачите и во договор сум да го купам. Прашањето е, Колку чини таков профил?
Здраво, јас немам искуство исто со купување на инстаграм профили, дали може некој кој знае, да ми кажете каде може да најдам инстаграм профили кои се на продажба или доколку некој продава да ми предложи. Ми треба инстаграм профил со доминантно женски следачи минимум околу 3000 или повеќе. И секако доколку не ви е проблем @maaraa96 да ми кажете каде го најдовте профилот,дали постојат огласи?
Каква содржина би ви била интересна кај Infuencer? Мене ми е интересна нормална содржина која е интересна и има хумор. Нешто како Sanjalalala.
Здраво, луѓе. Одамна немам пишувано ништо на форумот. Сега имам една тема што одговара овде, па би сакала да ја споделам со вас. На почеток сум на Инстаграм "кариера" со оригинални рачна изработка нараквици и ланчиња. Профилот се состои од продавница за купување на производите и цитати кои во текот на денот ги објавувам за поголема редовност и привлекување на следачи. Не знам дали смеам да поставам реклама, но доколку сакате да разгледате, можеби и да заследите, овде е профилот @shining.freedom , Копирајте го името и ќе ве однесе до мојот профил. Благодарам однапред! ПС: Добро би ми дошло некаква поддршка..
Имам едно прашање Како можам да видам кој ми ги шернува мојте рилсови на негово стори ако се профилите отворени?
Споделив рилс на стои од српска инфлуенсерка, нит ја ја пратам нит она мене. Откако го споделив рилсот ми стигна лајк од неа на сторито. Тоа ми се случило три пати со различни профили, дури едната ми пиша во порака фала за споделениот рилс. Ми падна чудно од каде знаат, па викам да не знае некој како се гледа тоа
Не сум сигурна дали е така, но мислам дека бизнис профилите имаат увид на статистика (лајкови, коментари, споделувања).
Има ли начин за една личност да се забрани се да ти гледа на профил, особено за фоловерси без да се избрише личноста? Или па воопшто никој да не може да види кого следам и кои ме следат
Имам прашање, како да направам да не ги отворам сторињата на една особа со која се следиме? махинално кога листам сториња на др блиски ги отварам и нејзините без да приметам. Значи не сакам да ја отстранам од следачи, ниту она мене, не сакам да ја блокирам туку само да ја мјутнам да не ми искача на хоум со сториња. Има таква опција?
Па види отвори и го сторито и таму нели имаше као точки, и има ваљда опција мјут. Одамна неам инста, може нешто смениле у меѓувреме ама пробај така.
"If you don't want someone's story to appear in the bar at the top of Feed, you can mute their story. To mute someone's story At the top of feed, tap and hold the profile picture of the person whose story you'd like to mute. Select Mute, then tap Mute story." Од страната на инстаграм ова
Кога ќе видиш нејзино стори, само задржи на него (без да го отвориш) и тука има опција да го мјутниш профилот.