Прво го објавуваш сторито без таг, па после во опциите на сторито одиш Add mention. Нема да се појави физички таг а ќе можат да го споделат.
Дечки користите ли некоја страна да следите кој ве одследил од инстаграм? Јас долго време ја користев Folowers&Unfolowers ама веќе не функционира таа апп.
На многу сториња што се архивирани, ми се појавува ова. Сакав да си ставам некои слики во хајлајт, но не се вчитуваат некои од нив. Апдејтиран ми е инстаграмот. Помош?
Koga nekoj ke Mi pise ne sekogas se pojavuva ova no se pojavuva zosto toa im se pojavuva koga kr mi pisaat ve zamoluvam nekoj da mi odgovori ednas prasav nikoj ne mi odg
Ако добро бараташ Excel, би ти препорачал екстензија за Chrome, Followers Exporter Tool. Во еден фајл ги вадиш тие ти што ги следиш, во втор тие што тебе те следат, па после споредуваш преку формулата Vlookup. Последниот пат кога симнав апликација и пробав да видам кој не ме следи, ме блокна Инстаграм и 3 дена не можев да се логирам. И кај мене е вака, претежно со сториња кај што сум ставал песни. Се помирив дека не можам да ги гледам пак
Pak ima problem so instagramov??ili samo kaj mene ne mozam da vidam na prvoto stori koj go pregledal na vtoroto mozam
Кога ќе те означи некој и ќе сакаш да ја ставиш сликата нели и кај теба на стори, се појавува сликата како на пола да е, само кликни на тоа и ќе ти се направи вака. Многу е едноставно, а се сокапав барајќи како и мене вака да ми прави
Еве најдов слика од нет да ти кажам Кога ќе те означат нели вака ја објавуваш по старо, епа за да ти се објави така низ цел екран и горе да пишува од кој ти е превземено како на Тамара што ја објави, само кликни на сликава и ќе ти се направи така. Сѐ надевам ме сфати
Дали и некој друг има проблем со сторињата?Ви ги отвара воопшто?Мене не само што не ми отвара стори,него прееска и дупло ми ги даваше,сум го прелистала и исто стори ми се отвара кај друга особа..
Откога ќе го направам профилот излегува дека ми го исклучуваат и неможе веќе да се користи. Велат дека не се следат некои нивни community guidelines. Што значи тоа?
Добро што се случува со инстаграм, вика you subbmited an appeal он 20 April... Ми го нема акаунтот воопшто, знае ли некој што е проблемот?
Здравоо дали преку тоа data dowload се враќаат и избришани пораки или само тоа шо у моментот е на акаунтот?
Последниве неколку дена ми се промени распоредот на лајкови на постовите. Порано први си беа тие со кои имав најмногу интеракција, сега обратно, луѓе со кои имам најмалку интеракција. Ви се случило и вас вакво нешто?