Edit profile> personal details> account ownership and control> deactivation or deletion. Доколку само го деактивираш може да го вратиш со логирање во следните 90 денови, после тој период се брише профилот.
Што се случува со инста или само мене ми се багнува нешто, ми покажува порака со некој лимит и ми пишува трај аген... Има некој со слично ?
На сите сториња ми покажува вака и после неколку секунди ми го дава сторито. Само кај мене ли се пореметило?
Направи ја само ти да ја гледаш. Да не биде јавна и за пријателите. Sorry ако каснам со одговор и дури сега гледам дека е на 9ти Август пишано.
Инстаграм ме одјави без јас да побарам такво нешто . Сега не можам да пристапам до налогот ми бара код , кој јас го немам . Бројот и е-поштата со кои е поврзан ( впрочем и фб е со истите ) ги немам веќе . Што понатаму ? П . С . На фб ми пишуваше дека сум пријавена во Скопје ( се преселив од Мк ) и на Самсунг Галакси С10 ( ниту јас ниту некој близок има/л таков Самсунг ) . Успеав да ја одјавам сесијата , но проблемот со Инстаграм налогот останува ..
Оди дека немаш веќе пристап до тие, или ќе те најави затоа што и претходно си се најавува а со тој тел или ќе ти понуди опција препознавање по лице. Исто така нека провери некој твој близок дали и го дава твојот профил или некој ти влегол и после го избришал, дали им стигнале пораки чудни...
Едит : Го средив проблемот , и воедно го најдов " чесниот " хакер . Наиме после 7 часа кукање на син ми и маж ми дека ми го хакираа профилот на инстаграм , откако пишав 70 мејлови до официјалната е-пошта на Инстаграм , добив одговор со еден единствен код на мојата моментална е-пошта . П . С . " Чесниот " хакер имаше ставено слики на МОЈОТ профил . Не е од Скопје воопшто . Црнец е ( без навреда кон оваа раса ) . Можеби и не сфатил што направил , можеби и знаел , кој знае важно средив .
Мене не ме чуди ова, на фб сум забележала вакви случаи каде што рандом странци хакираат профил на некого и си ставаат нивни слики, дури и името го сменуваат. На крај гледаш некое чкљ име во пријатели со слики на твој познаник/пријател и плус новите од хакерот. Како одбираат кој ќе хакираат појма немам, ваљда по случаен избор. Затоа најдобро поставете си 2 factor authentication и не оставајте ист пасворд со години да ви стои.
Еве не знам стварно и јас се чудев . Па кај мене ме најде од иза Богу леџа . За чудо , не . Ама јас немам баш мои слики , од децата само може се смилувал кога видел деца .
Што е со новиот упдејт за локација, едни викаат може декој да ти ја види, на Инстаграм пишува само доколку ја пуштиш, може некако да се направи воопшто да не се уклучува а да не е да изгасиш локација на телефон ?
Само ако кликнеш да ја видат твоите пријатели или close friends, само тогаш ќе може да ја видат, инаку е исклучено. Одиш во Story, live and location. Потоа Location sharing и ќе кликнеш дали сакаш да споделиш.
Дали на некој вака му се прави инстаграмот? Значи на мојот профил имам 400 слики ама ми вика да постирам прв пост, исто и кога ќе отворам друг профил без разлика дали го следам или не не ми ги дава постовите
Ваљда не освен сликите што не ми ги дава, ми ги дава видеата што сум ги постирала и сликите каде што сум тагната. Ова ми е од вчета откако направив апдејт, можда до тоа е.