https://www.instagram.com/chocolate_life_happiness/ на сестра ми профилчево... препораки некои имате за повеќе следачи подобри фотки?
Ако сака повеќе модни слики, нека се држи до слики со убава позадина или во затворен простор. А за храна нека користи повеќе производи и пошарена слика отколку само еден производ Мене лично профилов не ме привлече за пак да го посетам.
Треба повеќе да се потруди околку профилов. Да не го пишува името на секоја фотографија тоа не ми се допаѓа ја уништува фотографијата, тоа што ќе сака да го фотографира треба да има убава позадина, убаво да се средат фотографиите со некоја апликација за средување на фотографии. Има многу убави фотографии што прават на инстаграм нека разгледа и можеби ќе и текне некоја идеја.
Мене не ми се јасни оние луѓе што ќе те заследат па одселдуваат одкако ќе ги заследиш, мислаш што добиваат со тоа? Како не ги мрзи бе? Билдаат некој рејтинг или фоловери не сфаќам??? А јас па се нервирав се чудам кој ме брише секој ден и мислев некој од „пријателиве„ да не е и симнав апликаци за да ми покажува, коа тоа се некои food, fashion, travel ла бла ќе ме заследат и после ме бришат, а глеам следат 200 луѓе на пример, а нив ги следат 5000. Втф?
Сега барем има аплилации да се види кој те следи, а кој не, зашто мислат дека нема да видиме? А и што толку им пречи да следат, барем на тие комерцијалните. Само лош рејтинг билдаат.
Намерно заследуваат за тој некој да им врати а после тоа го бришат. Глумат лудило дека се некои јаки фаци оти обично тие познатите што се на инстаграм имат огромен број на следачи а они не следат никого. Па овие да не останат покусо.
А луѓе како овие што не се толку познати фаци по инстаграмов накачуваат премногу следачи над 12k и многу повеќе? Дали се плаќа тоа или што прават луѓево?
Имат доста обожаватели, но има и апкликации за да добиеш повеќе следбеници. Можеби некои од тие апликации користат.
Најчесто ги купуваат. Има апликации за тоа, само треба да знаеш која е добра. Ако почнеш да ги вртиш следачите ќе видиш дека пола се лажни профили, некои немаат ниту слика.
Пред некој викенд со другарка запознавме ликови од Кипар, али тоа беше дружба само во кафич и толку. Освен име, не споделив никакво инфо за мене, ниту дадов фб, ниту инста. Поминуваат неколку дена и еден од типовите ме заследува на инста. Како е можно? Не кажав презиме, не разменивме никакви контакти.
Ако во јузернејмот ти стои името или во она Bio, можеби така те нашол. И профилна слика ако имаш твоја лесно те препознал.
Некои луѓе имаат моќ само да те видат и одма да те најдат по социјални мрежи. Мене ми се случило неколкупати ова и тоа без да споделам ни име.