Имам проблем со профилот,неможам да прикачам видео ни на профил ни во стори. Го преинстслирав, пак исто прави. А, за слики немам проблем. Да не има некој вакво искуство?
Го направив профилот бизнис. Е сега пишува дека една личност го посетила мојот профил, но не пишува конкретно која личност. Значи само така ќе пишува? Нема да знам кој ми го посетил профилот?
Феминкии помош, зошто неможам да влезам преку мојот фб да се логирам значи се е исто и емаил и пасворд и кога влегувам истото име што го користам на инстаграм ама не сака да влези туку вика нов акаунт, помош..?
Што поточно претставува impressions и reach на инстаграм? И како сторито ми има 200 прегледи а 220 impressions? Ај некој поупатен нека ми објасни.
На 220 луѓе им се појавило горе во кругче кога отвориле инстаграм, ама 200 го отвориле и виделе сторито.
Јас ја инсталирав апликацијана за тоа кој ти го гледал профилот. Ништо посебно. Не се изненадив нешто многу. Мајка ти, другарка ти, сестра ти... а мислиш кој знае што ќе видиш. Него, забележав дека има и опција да ги гледаш сторињата ко инкогнито. За ова одамна знаев дека постои, но не бев сигурен. Сега ми се потврди. Ејјј, свашта.
Озбилни сте со апликацијава? Постои и функционира? Дежурен манијак сум на неколку профили, а баш и не сакам да ме знат за таква.
И јас ја инсталирав апликацијава од радозналост, но приметив дека за кој ти ги гледа сликите ги кажува скоро истите што ти ги имаат лајкнато. А тоа дека кажува кој ти го посетува профилот кажува. Има за кој ти го посетува најмногу неделно, месечно и вкупно.
Јас пак не ни приметувам чии профили ги разгледувам. Често скролам низ оние популарни (или какви и да се постовите кои испаѓаат кај лупата) слики, па ако некоја ми фати око си влегувам на профилот и си гледам слики. Кујзнае што си мислат луѓено кога ми го гледаат името преку шпиунскава апликација.