Има ли начин да се споделуваат видеа на стори од некој што ги објавил во објава? Како што може слики од нечија објава да споделиш директно на стори. А кога ќе пробам за видео останува здрвено како слика.
Дали ако ги отворам сторињата кои се стaвени како хајлајт на некој профил после одредено време ќе покаже дека ги имам отварано?
Амаа зошто? Тоа стори го отворив од профил кој не го следам после неколку дена од хајлајт. Моите сториња кои се отворени откако поминале тие 24 часа не покажуваат дека ги отвара било кој друг освен тие кои што ги виделе за тоа време.
И кај мене ретко гледаат хајлајтс, ама сум забележал некоја минимална промена на бројката. Ако има повеќе гледаност на сторито и ако не си му приоритет на тој што си му гледала, може и нема да те забележи бидејќи не ги дава први, или последни тие што отпосле виделе, туку се рандом ставени. Ако те чекал да видиш... жал ми е.
што мислите, точно е ова? https://www.quora.com/What-does-the-order-of-viewers-on-your-Instagram-story-mean
Точно е точно. Сомнително ми беше и мене што гледав најпрво некои фаци со кои не баш комуницирам а они ме манијачеле. Пробавме со девојче едно така и го отворав профилот неколку пати на ден и прва и излегував а никогаш не сме си пишувале ниту пак сме си праќале нешто .
и мене ми е сомнително посебно кога ќе видам дека се мешаат, понекогаш различни луѓе се појавуваат, ама секогаш 3-4 се истите.... од кога го прочитав ова престанав да манијачам профили
Како се бриши профил од инстаграм? Сакав да видам слики од една личност и бидејќи немам профил, се најавив преку фб и сега само ми стигнуваат известувања. Сакам скроз да го снема.
Профилот се деактивира само ако се најавиш преку компјутер, преку телефон нема опција. Ќе се најавиш, ќе одиш едит на профилот и доле има deactivate profile. Ќе го кликнеш тоа и треба да одбереш опција, дали сакаш привремено или за стално. @Elence93 Инстаграм прават чистка на некои фотографии кои се вулгарни или нарушуваат приватност на останати членови. И мене ми се случи истото, почекај некое време, се ќе биде во ред.
Еј Феминки, во следниов пост ќе ви покажам неколку интересни Инстаграм профили со интересна содржина, доколку сакате да ги заследите. Постов не е реклама, профилите не се мои. * Интересни момци 1. @edgar_artis (Момчево црта девојки и сликите ги декорира со храна, хартија, светки) Спојлер 2.@muradosmann (Овој е типот кој за рака за слика својата девојка на различни локации во светот.) Спојлер https://scontent-sof1-1.xx.fbcdn.ne...=199933939332c27ca875c8db3c59ed32&oe=5C100C1B *Инспиративни, забавни, мотивирачки, саракстични, љубовни пораки 1.@flirtory (Љубовни пораки, кои би му ги пратиле на вашиот сакан. Спојлер 2.@thinkingmindspage Спојлер 3. @poets Спојлер
Не, ама имаш сајт instagram.com ама има ограничени перформанси, пример не можиш да прикачуваш слики, ама можиш да се најавиш, да гледаш сторис, да лајкуваш, коментираш и сл. Сем ако нешто не е сменато со сајтот во последно, ама кога сум влегувала вака било.