Фала За во порака е точно. Доле во аголот кај што пишува seen се појавува мало знакче налик сонценце.
Ако направиш screenshot(па после го пратиш во порака) или ако направиш share на сторито во директна порака?
Мислам дека можно е. Имам приметено кај мене кога ќе ставам некоја локација на стори добивам многу повеќе views од обично, но истите луѓе ги прикажува во листата како обично. Претпоставка ми е дека тие што го гледаат преку локацијата (и со кои не се следиме) не ги покажува. Се надевам убаво објаснив. П.С. профилот ми е јавен, затоа можат да го гледаат, а на приватен профил не верувам да не прикажува некој од следачите.
Не, сите секогаш ги покажува, не сум приметила до сеа некој да не го покажува. Некад ми е отклучен, некад заклучен профилот ама сепак до сеа немало ништо такво.
Дали на некоја и се десило вакво нешто?, се пробав значи, рестарт, унинстал, ресет на телефонот и пак е исто еве погледнете за инста стори се работи:не се покажува сликата пред да се стави на стори за жива глава никако..........
Апдејт направи? Бидејќи со новиот апдејт вака излегува пред да ставиш на стори (рандом слика зедов за пример): Пробај да се одјавиш и пак да се најавиш, или најави се на друг телефон кај другарка пример, да видиш дали исто прави.
Зошто на инстаграм кога ќе пуштам видео да гледам 5 секунди е ок после како црно бела слика ми се прави и ништо не се гледа? Ажурирав и па е исто.
Изгледа некој bug од апликацијата е... Проба да ја деинсталираш, па пак да ја инсталираш? Евентуално да рипортнеш технички проблем.
Богињи на инстаграмот, како е возможно само во search да излага одреден профил како заеднички следач. А на профилот во following i followers да не излегува истиот профил ? А притоа, профилот е јавен.
Ако во search излегува дека Трајко (што и ти го следиш) го следи Петко, а кога ќе го отвориш профилот на Петко, Трајко го нема во followers, значи дека Трајко порано го следел, но го отследил. Малку сликовито за да бидам појасна
Паблик ми е да, главно објавувам фотографии од мои модни комбинации и патувања кои се трудам да изгледаат баш онака професионално и блогерски. Имам голем број на следачи од секаде и некако бесмислено ми е да ми е на прајват, сакам да биде видено она кое го објавувам. Од форумов не верувам дека следам некој, претежно следам некои познати блогерки од разни делови на светот. Туку може ли да ми кажете предности и негативни страни на бизнис профил во однос на обичен?
Имаше една gmiran а исто така низ плеј стор сигурно ќе најдеш уште многу. Ама искрено не верувам дека функционираат, ако читаш коментари ќе забележиш дека сите се фејк, ти даваат демек некои личности а нема врска, или се тоа некои со кои најмногу лајкови споделуваш или оние со кои се допишуваш.