Дали некој знае како може да се отстрани само една слика од пост со повеќе фотографии во едно (мислам дека разбирате за каков пост зборувам)
Здраво луѓенца,пошто не ги владеам социјалниве мрежи,дали знаете како може да направам на инстаграм,на одредена личност да не и гледам стори,да не ми се појавува,а она да може мене да ми гледа стори?Фала ви
Задржи на сторито од личноста и оди mute. Или отвори го профилот од личноста и оди на трите точки горе десно и пак mute.
Здраво феминки.. Верувале или не сите страни ги прочитав и прелистав и не го најдов тоа што го барав Сакам да знам дали може некако од следбениците да се сокрије што лајкнувам, коментирам и кого заследувам...
Дали знаете како некои заработуваат преку инстаграм.Дали има врска тоа што на некои профилот им е personal blog.
Personal blog може секој од нас да си го направи, кога ќе го подесиш профилот да ти биде бизнис, и со тоа имаш некои плус опции. За да заработуваш од инстаграм треба да имаш поголем број на следачи, па со тоа некои брендови да те забележат и да ти праќаат понуди да ги рекламираш.
Дали ви багира цел ден Инстаграмот или до мојов е само? Ми покажува sent 21h ago а нема врска сега сум пратила.
За да заработуваш од Инстаграм, немора да имаш голем број следачи. Можеби ќе имаш 500, но 400 од нив ќе ти лајкнуваат или коментираат. Важно е да имаш голем број посетеност на профилот. Најдобро за да заработуваш е да имаш отворен профил за да можат и луѓе кои не те следат да ти ги гледаат објавите. Најпрво, треба да го ставиш профилот бизнис да ти е, односно да оставиш број или е-маил. Со тоа, ќе можеш да видиш на пример колку луѓе ти ја виделе сликата, дали некој ја има зачувано, колку од тие лајкнале. Се е во тоа што постираш и колку постовите се интересни за твоите следачи. Најмногу успеваат овие што имаат personal blog, но истите најчесто завршуваат на емисијата на Сергеј. Доколку се одлучиш за таква опција, постирајќи интересни слики од гардероба, патувања, подароци, миленици, ќе го кренеш бројот на следачи и од тоа ќе заработуваш. Само навистина не е лесно тоа, бидејќи денес скоро сите имаат такво нешто.
Не знаев каде да пишам, оваа тема некако ми се виде најсоодветна. Само што направив нов инстаграм профил, па доколку некоја ме заследи ќе и вратам и редовно ќе и ги лајкнувам постовите. Ова е профилот, тематиката е јасна