Ми се случи вчера мислам,и се чудев викам што се деси,знам дека не сум направил група,или ставил некој друг во група.Али денеска го немам тој проблем,мислам дека беше некој проблем до инстаграмот.
Дали само кај мене цело време излегуваат стари постови на почетна (од 6 часа па се до вчерашни)? А нови многу малку, цело време истите ми излегуваат сто пати што ги имам видено. Апдејт направив пак исто. Ставив report со проблемов до Инстаграм, но не знам колку ќе изреагираат.
Паднат е нешто Инста? На некој сториња вели дека не се достапни и црни како некој error. На други е ок.
Деновиве е хаос,ми дава сториња од пред 10-15 часа претходно,на секој рефреш ми дава по неое старо стори.Веројатно го средуваат сеа,имаше сабајле абдејт,ама пак не чини.
После секој апдејт е сјебан, и не можам да најдам логично објаснување зашо се дешава тоа. И мене ми покажува црни сториња, една порака по 3 пати ми искача, 2 чата имам со една личност, пораките се праќаат со брзина од 0,0001 s/h..
во систем сетингс ако има dark mode активирај, ако не, на гугл плеј пиши instagram dark mode, има повеке апликации пробај со некоја
Пробно е ова шо се изгуби бројката на лајкови или стално вака ќе е? Сеедно, само чудно ми изгледа, не можам да се привикнам.
така ке биде почнаа пред неколку недели да тестираат во неколку држави, оваа недела у америка, наскоро за сите.
А шо е финтава сеа со ова? Ви се има десено вас вакво нешо? Значи најнормално си влегов на профил и после некоја минута глеам ми искача ова... Сменив пасворд како што пишува после некоја минута пак ова чудово се појавува и одлучив да го деактивирам на некое време. Профилот си е обичен најнормален ништо ни објавувам нешто што не треба нит ништо. Туку коа глеам се појавува нешто без врска. Мислите дека можеби е хакнат ?
Мене ми се деси. Баш пред две недели.. Следам многу луѓе и си лајкувам, некогаш ден-два нема да видам постови, па ми се насобираат. И кога ќе почнам да си лајкнувам нема крај. И така тие од инста мислеле дека сум споделила пасворд со некоја страна за автоматски да лајкува и вака ми се појави и морав да сменам пасворд. И цела една недела ме имаа казнето. Не можев да лајкувам слики, не можев ниту да коментирам, ниту да заследам некој нов. И сега откако ми истече казната, многу пазам, минимално лајкувам. Само на најбитните личности и понекогаш и нешто друго лајкувам. Зашто ми пишуваше дека ако уште еднаш ми се повтори дека трајно ќе ме блокираат.