Па зошто и ги пријавуваш, нема фајде од тоа. И да нема ниедна слика, може да има следења и да следи колку ти душа сака. Не можеш да кажеш дека е лажен профил. Па само игнор и готово или ако мислеш дека е таа блокирај и готово.
Затоа што прави нови и ми додава. Има слика од некое девојче на профилна. А вака пишува дека 0 слики има објавено.
Па земи блок одма, окк е што си заклучил профил, ама и да не ти е блокирај и готово. Многу луѓе имаат профил па пола година им стои без слики, ниту стори ставаат а имаат следења и они следат. Ама штом мислеш дека е таа блокирај ја.
Ме интересира како може коментари на тој што ги е оставил да му ги покажува на неговиот профил а кај други да ги нема Поточно имав означено некој личности на слика и сега приметив дека коментарите што ги имаа оставено се избришани па спомнав пред нив ама кога ми отвориа кај нив во означени слики уствари ги имаше и коментарите на сликата што ги имаа оставено па ме интересира за таа опција
Зошто сторињата од личности што ги следам ми се појавуваат на крај, а сторињата од страни се први? Досега не било така, и притоа треба да скролам до крај за да видам дали имаат нови сториња луѓето што ги следам. Најчесто сторињата од страните не ги отварам, не знам зошто се појавуват први. Некој со ист проблем?
Како може да ти се појавуваат ако си ги избришала?Да се чудиш. Ова инстаграмов стварно стана каша попара... Демек со тоа нивните алгоритми ќе го средеa не знам шо ама ептен го расипаа. Не е тоа што беше дефинитивно. Не смееш многу да лајкуваш, ако заследиш наеднаш повеќе профили имаш забрана итн. Глупости у боја.
Се запрепастив кога видов Немам ни контакт веќе со тие луѓе и ми излегува разговорот од пред 111 недели
Ова прв пат го слушам, чудно ми е. Ќе бидам повнимателна периодов, пу пу недај Боже Се побркува инстаграмов.
Хаха епа самите треба да бидат свесни на кој даваат пасворд. По правило само личноста која го води треба да има пристап. Ама знам дека има секакви случаеви. И они самите си одлучуваат секако.
Инстаграм free скоро една година! Профилот не ми е деактивиран но, ја избришав апликацијата и не сум логиран од никаде. Иако на почетокот се чуствував дека пропуштам нешто, не сум ажуриран со случувањата наоколу или сл... сега сфаќам дека многу од тоа било залудно потрошено време во скролање и замарање со туѓи животи: “кој и кога ставил стори, каде бил овој, онаа, што се случило таму...?” Колку ли само инстаграмот не тера да мислиме дека многумина имаат “перфектен” живот...
Најпаметно, сеа мирна глава. И ја се мислам да го избришам ама никако да се решам. Инаку друго е да го деактивираш, повторно можеш да си го вратиш ако сакаш за некој ден,ама ако го избришеш скроз е тогаш нема назад.
Затоа секој си го прави по свој вкус, или вака како тебе. Се е до човек, некои уживаат да следат многу луѓе и сите сториња ги гледаат, а некои и оставаат по милион сториња каде биле, ова она. Јас само одредени луѓе си следам, а останатото ми се се за животни и природа нешто.