И јас уживам да гледам животни и природа.Има ли нешто подобро од тоа? Посебно некои слатки видеа со кученца,право опуштање и релаксација. Е не оние силиконските убавици со 3 кила пудра на нив.
Треба да има тема што гледате најчесто на Инстаграм. Молам модераторите да ја разгледаат оваа предлог-идеја. Јас најчесто гледам 5 минути - 5 minutes и така заспивам. А преку ден гледам слики од животни, најчесто мачки.
И јас сум за вакво нешто да се отвори како тема, што најчесто си гледаме на Инстаграм. Силиконски т.н убавици воопшто не пратам, а ниту од блогерки. Животните ми се релаксација и си уживам во тоа
Сакам да споделам еден проблем. Минатата сабота отследив повеќе луѓе за краток период и Инстаграм ме блокираше поради тоа што наводно сум давала корисничко име и лозинка на некоја страница за повеќе лајкови или следбеници, а ништо такво не сум дала. Денес казната ми истекува, ама за жал се' уште сум блокирана, односно не можам да лајкувам, заследам или отследам некој и да коментирам на слики, а променив корисничко име, лозинка и биографија. Дали некој/а се има соочено со ваков проблем и ако да, како сте го решиле?
И јас имав таква казна, ме казнија дека премногу лајкував. Казната ќе ти трае до полноќ, утре не би требало да имаш никаков проблем.
Сум чекала речиси една недела, до 12 навечер нема да биде проблем. Фала многу. Навистина не се нормални. На некои казната им трае само неколку часа. Денес неколку пати се обидов да лајкнам и известување им пратив за проблемот и да ти кажам искрено, страв ми е да не ми ја продолжат казната. Ама ете, ќе си почекам до полноќ, па ќе видам што ќе биде.
Девојки, да ви кажам дека денес ми истече казната и после ова се обидувам колку што е можно помалку да лајкам, заследувам и отследувам, а што се однесува до коментирањето, јас и онака не коментирам многу, а не пак сега. Сега видов и дека бројот на постови на кои можете да лајкнете и коментирате е ограничен на 60 за еден час, а и бројот на профили коишто можете да ги заследите или отследите е исто така ограничен на 60 за час, а ако профилот ви е нов, истите работи се ограничени на 30 за час.
Се согладувам со тебе дека се глупости, ама тоа е сега. На некои за истата причина казната им трае само неколку часа, а на некои уште пократко, односно само ќе ја деинсталираат апликацијата, па одново ќе ја инсталираат и нормално си продолжуваат. Затоа сега повнимателни ќе си бидеме за да не ни се случи истото. ПС: Имам прочитано и дека над 40% од следбениците на познатите се лажни, а не знам дали тие воопшто добиле некаква казна, а за лажните профили што никнуваат од ден на ден и да не зборувам.
Па не може да се води евиденција за тоа кои се лажни а кои не профили. Секаде ги има еден куп, ама не можеш да ги сопреш..