@Rama баш ми се жалеше дека на инста и излегувале слики од некои што прв пат ги гледа, а не ги ни следи, а не пишува ни дека е спонзоред, односно реклама.
И мене пред некое време ми се update-на нова верзија. И кога ќе ги видам сите нови постови од луѓето кои ги следам, почнуваат да ми сe појавуваат некои други кои не ги следам, тие се Suggested posts. Да не е можеби тоа случајот @Emotional123 ?
Ми се случи и мене истото, само не беа мексиканци во прашање. Имав и некои чудни слики што сум ги лајкнала, со арапски цитати. Проверив во логин активити и видов дека сум имала најава од Азија негде. Одма сменив пасворд и сеа еве океј е. Инаку мислам дека ми се деси ова од апликација за unfollowers. Така да, смени пасворд и пази какви апликации симнуваш и на какви се најавуваш, многу од нив не се безбедни.
Ме интересира ако некој има постирано видео и јас го изгледам тоа видео дали потоа на таа особа му се покажува кој го гледал видеото? Немам постирано видео никогаш и затоа не знам дали се покажува кој гледал.
Ова на стори слика нели? Треба првен со тие боичките линии да повлечеш црни па после текст да си напишеш. Ако е тоа што мислам еве ти пример со друга боја. Едит- го најдов истото тоа всушност, кај фонтот е, еве сликичка
Дали некој знае како можам да направам на фејзбук профилот таму во биографијата да ми пишува како сум потпишана на инстаграм. Еве како подолу на сликата. Да го има знакчето на инста и до него да го пишува моето username на инстаграм. Барав во поставките на профилот на фејзбук ама не можев да најдам.