Здраво јас имам проглем со инстаграм го пуштам и после неколку секунди сам ми се исклучува и се така повеќе пати сте имале ваков проблем?
Само што направив апдејт на Инстаграм ми се исклучува одма по неколку секунди само што ќе почнам да скролам на почетна. Некој друг има ист проблем? Направив report.
Дали некој знае во што е проблемот, не ми стигнуваат пораките на инстаграм. Кога ќе отворам во пораки тие веќе имаат стигнато ама проблемот ми е дека не ми стигаат на екранот т.е не ми стигнува известување. А и не се ставени на mute.
Што е проблемот што не може да се стави музика на стори? Прашав неколкумина, и кај нив не сака. Апдејт правев, залудно.
Се мислам да направам профил на инстаграм за продажба на уметнички слики, оние кои знаат од тука дека сликам ми ги виделе делата кои впрочем веќе се продадени ама планирам да сликам нови и секако по нарачка, мислам да направам бизнис профил. Дали мислите дека е малку за почеток за 10тина слики да правам? Некако срам ми е, вака си ги ставам на оргиналниот профил ама луѓето мислат дека за себе си сликам само и дека не продавм, па сметам дека на овој начин повеќе би се разјаснило, што знам во недоумица сум, ај помогнете
Сликите ти се магија, заслужуваат профил. Можеш измеѓу и некој quote или нешто што те инспирира да ставиш за да го разиграш профилот, барем вака прават повеќето бизнис профили што ги имам видено
Дечки дали постои некоја апликацја или опција која што покажува кој го гледал вашиот инстаграм профил? Поздрав до сите. Среќни празници.
Здраво на сите, сакам да си направам инстаграм профил за моите фотографии и цртежи што сум ги правела (не професионални но солидни ) но стално се двоумам.
Немој да користиш вакви апликации, против правилата на Инстаграм се. Пред неколку месеци за малку ќе ме суспендираа поради користење на ваква апп, морав да менувам пасворд и такви ствари. Ама тогаш беа ептен актуелни, на многу познаници истото му се случи.