Јас користев ама една друга апп, ништо не се случи. Најпаметно, смени пасворд на инстаграм пред да се логираш таму, логирај се, па кога ќе завршиш пак врати си го стариот пасворд. Немало никаков проблем досега на овој начин. Инаку јас читав божем апликацијата го памтела пасвордот и можеле да те хакираат. Ама ништо не е случено, ниту сум имала проблем со профилот. Секако не ја користев редовно, неколку пати во рок од неколку месеци. Може и тоа влијаело дека не било често.
Дечки дали има апликација за ајфон кај што може да се гледа кој ти го има посетувано профилот, јас слимнав неколку но не покажуваат ништо
Не можам никако да најдам профил кој со сигурност не ме блокирал, ни по лајкови ни по фоловерс не излегува. Пробав трета личност да ми го испрати профилот по порака но не се испраќа, пишува can't be send because of new rules of messaging services in Europe. Знае некој што треба да направам?
Јас користам Followers+, не знам дали е достапна за ајфон, провери. Покажува 20 што ти го посетиле профилот ама замаглени се сликите, треба реклами да пуштиш за да се отвараат а може и да си ги препознаеш сликите и замаглени
Дали кога ќе споделите видео на стори се објавува како слика или видеото си оди како такво? Пред некое време можев да споделам видео и тоа да се пушта на стори, сега пак не можи така и се објавува ко слика, па за да го видиш треба да одиш на објавата. Да не има опција некаква за ова да го промениш? (Гледам кај некои се објавува видеото нормално)
Мене постојано ми се менува се. Денес некои опции ако ги добијам, утре ми ги снемува и обратно. Не знам што е. А оваа опцијава за видео како видео да се стави и да оди така повторно ми ја нема. По не знам кој пат.
Не знам дали сте пишувале ама морам да прашам. Постојано ми се случува да ме додадаваат непознати профили во групна конверзација. И бидејќи не ме следат, нe ги следам нели кога ќе влезеш во пораки горе со плаво си стои риквест за да ги прифатиш пораките. Профилите се непознати повеќето лажни и споделуваат линкови. Ужасно ме нервира. И уште еден проблем, нон стоп ми се појавува со плаво 5 message request и кога ќе кликнам нема ништо. Се одлогирав и пак се логирав и пак истото. Немам користено ниедна од апликациите за кој те отпратил или кој ти гледал профил
Од многу коментирање по giveaways ме имаат блокирано веќе од петокот, не можам коментар да оставам никаде Можам некако сама да го поправам тоа? Читам дека најмногу за 24 до 48 саати е така ама кај мене се веќе 3 дена.