Магично ми се зголеми бројката на следбеници, скоро двојно. А немам никакви известувања за нови следбеници, ниту во листата на тие што ме следат не забележувам нови. Скрена скроз иг.
Ај некој што се разбира нека ми објасни според ова како ми се зачувани досега сликите на Google Photos, дали после 1 јуни 2021 ќе ми стојат зачувани или ќе се избришат од Google Photos? За да не ми се избришат дали треба нешто да сменам во подесувањата? Како ќе треба да ми биде наместено подесувањето за сликите кои ќе ги зачувувам од 1 јуни 2021 па понатаму? Сакам да ми остане бесплатно, да не плаќам ништо.
Јас мислам дека ако не направиш бекап на сите слики до 1 јуни 2021 ќе се избришат, но сепак нека каже некој друг ако грешам.
Имам направено бекап, затоа прашувам дали досега направениот бекап ќе постои и после 1 јуни 2021 или ќе се избрише? За да не се избрише дали треба да направам нешто?
Но, дали има врска тоа дали сликите се со оригинален квалитет или висок квалитет кога се прави бекап?
Проблемот е што сега како што излегуваат се помодерни телефони така и квалитетот на сликите се зголемува. Е сега ти можеш да останеш на старата опција но квалитетот на сликите нема да е ист. Односно кога ќе ја симнеш сликата во тел од таа апликација нема да биде со голем квалитет. Исто така и просторот е ограничен, се што си надминала над дозволеното ќе биде избришано. 1.80е е да ја надоградиш апликацијата и да ги зачуваш сликите. Сумата се одбива секој месец.
Гледам ми пишува преостанат простор 6,2GB од 15GB. Дали тоа значи дека до сега што имам ништо нема да се избрише? И дали од 1 јуни 2021 ќе добијам нови 15GB слободен простор за бекап? Или ќе ги имам само овие 6,2GB?
Zdravo devojki =) Imam problem so najava na instagram. Go imam sinhronizirano preku fb , a voedno i so telefonski broj. Ednostavno se odjavi i ne saka da se najavi ni so kod stignat na sms ni preku facebook. Pishuva DISMISS ERROR..naogav nekoi videa na yt, no ne mozham da se snajdam.. Imal li nekoj slicno iskustvo da mi pomogne? Fala vi, ubav den
Нема да се избрише ништо само квалитетот на сликите нема да биде ист. Ако останеш на оваа опција 15гб ќе си добиваш секој месец нови но се што ќе надминеш нема да биде зачувано.
Бидејќи 15 GB не се трошат така лесно, сигурна си дека секој месец ќе добивам нови? А другата опција со ,,Оригинален квалитет" тогаш само еднаш добивам 15GB, a за повеќе треба да си доплатам? И дали досега сочуваните слики со ,,Висок квалитет" можам да сменам, да ми бидат сочувани со ,,Оригинален квалитет" и дали во тој случај од 1 јуни 2021 јас ќе имам помалку простор за нов бекап, односно само 6,2 GB или нема да има врска со тоа колку GB имам потрошено пред 1 јуни 2021? Вајда ме сфати
Ај ќе се обидам да бидам прецизна. Јас ја имав опцијата за 50гб и ја надоградив за 100гб. Ако останев на првичната опција се што имав зачувано половина ќе се префрлеше за 15гб простор,а половина ќе беше избришано. Автоматски на 1 јуни од 50гб без разлика колку гб сум искористила од нив ме враќаат на 15гб меморија. Ме сфаќаш нели? Нема врска колку простор ќе ти остане важно е да не ги надминеш тие 15гб во еден месец. Пример: Сега имаш уште 6.27гб до крај на месецот од вкупно 15гб,нареден месец ќе добиваш нови 15гб како и до сега. Дали ќе имаш направено бекап или не, секако на 1 Јуни се враќаат автоматски во “Оригинален квалитет”.
Веќе долго време ја имам старата верзија, го бришам па пак го симнувам, го ажурирам.. џабе. Исто пишав "Report a problem" пак ништо. А нов ми е телефонот нема шанси да е до тоа. Дали можеби некој знае како да ја преземам новата верзија?
Колкав процент од следачите ми ги гледаат објавените фотографии? Што е работата што некогаш имам малку прегледи на стори, а некогаш дупло повеќе?