Леле исто и јас случајно отворив во чатот со дм, барав една порака ко тоа се' да ти било избришано нагоре.. Би требало да го средат, глупо е вака да остани.. Инстаграмот во последно е многу безвезен. Чисти слики ми ги вади матни на стори и на пост, цело време нешто закочен е па и капак на се' старите чатови ни ги избриша.
Сериозно ова??!! Нееее, исто имав мнооогу драги и битни разговори. Нека го вратат ко што беше аман...
^ Се надевам нема истото да се случи и со Messenger-от. Пола од битните работи ги чувам по разговори.
Приметив и јас сега кај мене, а баш пред половина час го ажурирав Инстаграм, па си мислам да не направија нешто со најновиот апдејт. Скоро на секои 2 недели само прават нови ажурирања, наместо да се средит само нови проблеми им се појавуваат.
На другарка ми два профили по ред и хакираат. Дефинитивно некој се има закачено за неа. Денеска си направи нов профил и почна да ги заследува пријателите што ги имаше. Откако заследи околу 15 луѓе, почна ова да и се појавува и никако не може ниту еден да заследи. Му се има случено ова на некој? Мислам дека има забрана зошто заследувала одеднаш многу луѓе ама пак ништо не пишува до кога ќе трае тоа. Инаку тоа што го измислија со бришење на чатовите е тотална глупост.
Мене ми се има. Ограничен е бројот колку луѓе можеш да заследиш. Забраната траеше неколку дена (два/три ако не се лажам, одамна беше).
Дали некој знае како можам да го избришам стариот профил на Инстаграм без да влезам на него?Имав еден профил и се функционираше супер ама од пред еден месец Инстаграм веќе не ми дава да влезам на профилот. Неколку пати направив репорт ама ништо не се случува, не е хакиран, ама не можам ни да влезам. А навистина имам желба да го избришам.
Мислам дека нема таква опција. Јас кога сакав да го избришам мојот стар профил прво требаше да се најавам па после тоа другото што следуваше..
Ми стига нотификација дека некој бара ме следи за да го прифатам и гледам некое машко гушнато со девојка му (претпоставка моја) Гледам заеднички пријатели и на слика кај едно девојче истата негова слика. Па до кога бе?По секој ли ќе трчаш што ја следи или го следи она?Ај на фб и некако се фаќаше крај ама на инстаграм?
Po greska prativ follow na Instagram I odma go trgnav Ic netrebase, dali mu stasalA notifikacija??? Epten greskA napraviv a odma za 3 sekundi go trgnavvvv mnogu loso..... A sea mi e deaktiviran profilot izgleda taka ke primeti (( Help
Здравоо сакам да прашаам за инстаграм нели имаше опција да си уклучена на твојот профил истовремено и на друг профил и додека ти си разгледуваш на твојот приватен профил а стига порака на другиот профил стига известување дека има известување на другиот профил
Исто иии сликам нешто преку инста ја сејфнувам и ми ја немаа тек после 2 саати се појавува во галерија, и ажуриран ми е и го рестартирирувам и телефонот
Здраво. Ве молам за помош. Инстаграм пред повеќе од 10 дена ми го затвори профилот односно ми стои disabled и не можам да се приклучам, а мене тој профил ми е потребен дека имам многу пораки поврзани со работа и ми е неопходен. Мислам дека 1000 пати пратив пораки до инстаграм на кои ми вратија да се сликам цела фигура со лист во рака на кој што ќе биде испишан кодот кој ќе ми го пратат. Тоа го правам веќе 10 дена и ниту некој потоа вратил нешто, ниту можам да се најавам во профилот. Пробав да стапам во контакт и со хакери од Америка иако се плашам од безбедносни причини, ама и голема сума на пари бараат која што немам како да им ја исплатам во моментов. Ве молам ако некој се разбира да ми помогне. Благодарам однапред.