Не. Ама општо последниве месеци апликацијата доста кочи, некако е нефункционална. Порано многу подобро работеше. Постојано крашнува нешто.
Сторито прво не се појавуваше за други луѓе, сега ни мене не ми го покажува, нотификации од пораки каснат по 1 час, праќаш порака, проверуваш по 15 минути не се пратила. Најлоша апликација стана.
И кај мене нешто чудно се случи, ама само кај еден акаунт. Одеднаш не можев да видам ниту стори, ниту хајлајтс, ги снема. И потоа, следниот ден пак се појавија. Не знам дали беа технички проблеми, или сум била на блок. Што мислиш?
Као, скроз му го delete-наа? Не му постои веќе? А како исконтактирал со некој од таму штом му пишале дека за 30 дена ќе му го вратиле? Цел ден гуглам, не можам да најдам каде да се пожалам.
А ако се регистрира инстаграмот со телефонски број и после се смени на емајл може нема да прави така.
Толку од твојот профил. Пишував овде пред 2 месеци и мене вака ми го деактивираа профилот поради "suspicious activity" им праќав меилови дега поради грешка е деактивиран и ништо нема одговор никаков. Еден куп профили вака се деактивирани без причина, цел twitter и reddit пишуваат за овој проблем.
А стигнав и до ова: Па кога ќе внесам мејл, пробав со 3 различни, со сите ми дава ерор. Многу глупаво стварно.
А да пробаш преку компјутер да се најавиш? И таму следи ги чекориве за верификација. Не знам што да ти кажам, невозможно е да ги контактираш од инстаграм за било каков проблем. Јас се што прочитав на интернет пробував но безуспешно, тебе среќно
Мене подолго време обавезно еднаш на неколку недели ми се случува ова, многу е иритантно, не знам што пасворд да измислам веќе (оти следниот чекор е секогаш менување пасс и не смее да биде ист со ниеден претходно искористен). Јас тел. број имам ставено на профил и на СМС кликам да ми стигне кодот, еднаш десетина минути не ми стигаше и се испаничив, ама за среќа не ми бил блокиран повеќе време.
Немав ставено тел. број за жал. А кодови на мејл не ми стигаат, до сега истискав над 100 пати. Тоа е, јебига. Скоро 5 години го користев, немам ни 150 фотки на него, ама профилот за мене е албум од спомени и затоа ми е малце жал. Башка имам еден куп работи зачувано во колекции. Башка што ептен селектирани ми се профилите што ги пратам таму. Дури и направив forgotten password: И пак не ми стига ништо на мејл! Ништо, тоа е. Имав еден друг профил направено со 4-5 фотки, сега тој го преуредувам да ми биде сталниот.
има опција/начин каде што видеата и бумеранг не ги прави замачкани? сликите си го држат квалитетот ама другото воопшто не е такво како што сум го снимала.