Да, истово ќе го кажев. На другарка така и го хакнаа профилот, а на другар му заследија секакви чудни 1000+ профили со арапски букви некои, плус лајкови кај не изнаставале од негов профил... Ризични се пошо им го даваме пасвордот, а и секако се нелегални. Не верувам ни ја многу на вакви апп.
И qmiran како најпопуларна за ова има многу лоши рецензии на плејстор. Да не зборувам за другите. Затоа најдобро да не симнувате за да не го изгубите профилот.
Стварно веруваш во такви апликации? Таа едноставна е за користење ама не е точна, фејк е и плус ти има пристап кон профилот. Функционира така што кога се логираш ти се логираш на нивната апп не на инста, т.е им даваш пасворд. После детектира со кој се пишуваш, каде лајкнуваш, кого заследуваш, ти прати секоја активност и на основа на тоа рандом ти покажува демек тие се. Не користете такви апликации се е тоа превара креирана од рандом лик кој сака да заработи. Бриши со време оти кад тад ќе ти го "хакнат" профилот
Имам профил на Инстаграм на кој објавувам слики од твитови Како да ставам убава позадина позади твитот кога го објавувам на стори ???
Ако мислиш да смениш само боја на позадината,задржи со прстот на која боја сакаш и кликни еднаш на позадината,а ако сакаш некаква позадина како слика,симни ја таа позадина што ја сакаш,стави ја како стори,и плус како мала сликичка додади го твитот,ако успеав да ти доловам да ме разбереш вака
Ај јас да се убацам, ме заинтересира ова Првион дел не го разбирав. Боја мене ми се појавува само кога ќе сакам да напишам нешто и баш пробав така ко што кажа ти ама не успева. Кај грешам?
Отвори стори,сликај црно,и сега отвори ги боите дека што се,притисни која боја сакаш и задржи на екранот
Па да ама така цел екран се бои во една боја. Јас мислев дека може на пример, да ставам слика, да ја намалам големината колку да не е на цел екран и позадината да ја обојам во која што сакам боја.
Епа обој го екранот во една боја,и стави ја сликата плус,нели има опција кога одиш таму на пример да ставиш гиф или некој стикер,има и опција за слика плус