Пробај од друг телефон. За 24 часа треба да ти успее, ако не репортни го проблемот во support и пиши им мејл.
Која би можело да е ова? Немам недозволени содржини, дури и немав објавено ништо во последните месец, два..
Да не те обесхрабрувам, ама исто вака беше и со една другарка и за жал не успеа да го врати профилот. Девојчето немаше никогаш објавено некоја недозволена содржина ни на стори, ни на пост, а гарантирам дека ни во чат немала. Одеднаш не можеше да се логира и праќаше слики таму со кодови, ама ништо не бидна и си направи нов профил. Како одеднаш може да ги гаснат профилите не ми е јасно.
Па да немам и јас, затоа ми е чудно. Ќе почекам уште 2-3 дена ако не и јсс нов ќе правам. И јас праќав кодови и лична карта и се и демек за 3-5 работни денови враќаат дали ќе ми го одобрат пак или не, еве поминаа 4 дена и ништо…
Како да видам што сум лајкувала? Порано имаше ваква опција, ама сега не можам да најдам. Изгуглав и пак не ми дава таква опција.
Dali denes ima nekoj virus na instagram ?postojano me prekinuva so ne moze da se obnovi vrakam nazad i me ostava na istoto sto sum go gledala po nekoe vreme pak ne moze da se obnovi,nesto se slucuva ?
Едно прашање… Зошто покрај објавите само на тие што ги следам, излегуваат и објави од други профили што не ги следам? Вака не беше до пред месец, два мислам, вака е кај сите сега? или јас нешто да не имам одбрано да е така, незнам…
Тоа што го гледаш се реклами од профили, и обично под нивното име пишува Sponsored. Тоа значи дека исто како на Фејсбук, и на Инстаграм профилите му плаќаат со цел да го предложува нивниот пост, а со тоа и нивниот профил, за да се привлече внимание на повеќе луѓе и да се зголеми бројот на следбеници на профилот. Мислам дека ова можат да го прават само профили кои го водат нивниот профил како business account, не сум сигурна дали може секој (нека ме коригира некој). Во секој случај, тоа се реклами, слично како реклами на телевизија. Инаку не е ништо ново, постои од одамна.
Кога гледам видеа на инстаграм доле нема лента со времето за да можам да вратам наназад, да одам нанапред, да паузирам До сега мислев дека нормално е тоа, сега дознав дека не е И на сторињата немам лента доле со време ако имаат и тие не знам Го актуелизирав инстаграм и пак е исто, пребарав се и не наоѓам ништо за да го исправам тоа Што треба да направам?