Зависи од детето, моето до кај 11 месеци се задавуваше од обичен ориз.. Не му одговараше. Не е дека сега го сака многу, ама барем не се задавува кога го јаде Да бидам во тек на темата - моето за доручек кога ќе бев во брзање ги јадеше многу овие https://www.hipp.mk/dopolnitelna-is...tik/hipp-5-vida-zhitarici-so-sliva-al2918-03/ https://www.hipp.mk/dopolnitelna-is...o-prebiotik/hipp-pchenka-so-ovoshe-al2953-03/ Ноќните исто ми се бунеше. Сега чат пат знам од овие за доручек да ставам ако сум исто во брзање https://www.hipp.mk/deca/proizvodi/detski-musli/hipp-organski-snegulki-od-7-zhitarki-al3533-01-u/
Еве овие Лесни се за подготовка, ги ставам само во АД и мешам а може и вода секако, вкусни се инаку (испробани ми се )
Имав неколку кутии купено, по еднаш- два пати дадов ама некако немам убаво мислење за инстант кашиве и не ги давам. Мада веќе синко е и поголем, па еве до сега 10 пати нека му имам дадено. Единствено добро им е што те вадат кога немаш време за појадок или вечера да правиш ама мислам има милион други опции во тоа време да се снајдеш.
Почнавме со трет оброк, вечера па мора да се искористи и од инстант кашите Од хип користев до сега неколку си ги јаде, денес ја земав оваа од дм ептен ми се виде евтина и составот е ок, ќе видиме дали ќе ја сака. И на Нутрино гледам има исто па може и од нив ќе пробаме.
Јас ги користам на Дм сите видови и вкусови..некогаш му ги мешам со овошје и си ги јаде.. вкусни се многу.
Бебе ја обожава од Милупа млечната со ориз, а и мене ми е омилена. И со гриз ги сака, зедов една со банана и гриз, ја обожава. Она од овошје проба само банана и е заљубена во нејзе. Утре и палента ќе и купам и овес, за вечера да давам. Со што да и дадам палента? Млечно воведов со кашите, ама не сум дала друго. За вечера што давате, стварно немам идеја. Инаку ХИПП се ГМО. Тука читав во една група. Ова всушност кружеше оддамна уште синко кога беше бебе.
Оддамна е таа афера, еве сега во овдешна група ми излезе пак. А син ми кога јадеше некогаш, тоа беше Хип ноќната со гриз и ванила и понекогаш некоја овошна.
Дека гледам не ми ги дава во зегин , а видов дека имало предходно , па викам да прашам да не ги има на друго место