Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Добро дечки, еве на инстаграм и на фејсбук, 350 пати повеќе се редат погрдни зборови, клевети и навреди. Да ги банираме и тие страни ако не?
     
    На Traveler91, Принцезичка1, beautys20 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Ама па и види,зошто таа ги шерува сторињата од следачи што ја поддржуваат а се полни со навреди,се билда егото,а не е во ред.
     
  3. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Не можев да се воздржам на темава. Прво, озбилна ли е дека саат време читаше коментари?
    Второ, загрижена е еден ден детето да не чита на форумов лоши коментари за нејзе, а не е загрижена ако тоа дете види и дознае многу полоши работи за нејзе?
    Трето, Тијана Скулич не сакала да биде јавна личност блабла.. Смешки. Со 10.000 фоловерс и со глумење лудило низ град, менаџерка и не знам си што, не ми делува дека не сака јавноста да ја знае..
    Искрено ми се "сере" од вакви фаци како Миа и не можеш да ги игнорираш за жал зошто кај нас тие се "јавните фаци".
    Стави силикони и се посра, ставаше сториња дека е жива и здрава како мислиш не дај боже операција на срце правела.. И ај да не зборам веќе, да не ме тужи и мене.
     
    На Southface, White king, simoncelicius и 20 други им се допаѓа ова.
  4. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Не дека е некоја јавна личност, но да знаете дека Ана Стојанова смета дека ние сме „вошки“ и бара форумот да „исчезне“. :D Добро прочитавте, вошки сме зашто не дозволуваме некоја квазиинфлуенсерка да прави будали од нас со Алиекспрес накит.

    Важи, ако треба и пристапот до интернет ќе им го забраниме на Македонците само за егото на Миа да остане неповредено.

    Ова што мисли дека има основ за тужба ми е пожално од пропаднатиот бизнис на Ангела, да бидам искрена.
     
    На Southface, 1209, simoncelicius и 27 други им се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Која е Ана Стојанова бре? :rofl:
    Никогаш ја немам прочитано тука, нека не се коси.
    Инаку спремни сте за журче во самица од тужбиве?
     
    На simoncelicius, Traveler91, VDT2906 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    :D :D :D леле бе не можам, крај
     
    На Traveler91, eliesaab, Neodlucna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    Добро прашање. :D

    Не знам како да ја опишам, фитнес инфлуенсерка можеби? Ама фитнес подразбира и други мускулни групи освен gluteus maximus.

    Спремни! :dance:Јас почнав да се пакувам за во Инџиково, не знам за вас.
     
    На simoncelicius, Traveler91, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Миа толку многу беше нервозна,еден куп грешки направи и избрза,цело време форумов го нарекуваше Портал,и ако се потрудеше повеќе ќе видеше дека на истиов има премногу корисни и убави теми,па можеше да држи до овие трачарските а не да генерализира.
     
    На Southface, Traveler91, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Кај има? Mорам да го видам тоа :)
     
  10. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    :whew: не викај два пати.
     
    На *Amethyst*, Fluffy^-^, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  11. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    На Stefi_555 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    8.333
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Многу buthurt инфлуенсеркиве, "секоја една од нив ќе си добие тужба" :rofl::rofl::rofl::rofl:
    Ана Стојанова го мрази форумот кај што има тема за нејзиниот режим и "вошки" кои го користат.:clap: Good job, правете притисок да исчезне форум на кој денес му ја накачивте посетата за 300%.
    На форумов сум од 2010та кога немаше бранша инфлуенсерки и од препораки на членки имам купено куп услуги/производи, значи инфлуенсира before it was a thing.
    И Лила Филиповска вака се замара кој што пишал по форумов мхм :wasntme:
     
    Последна измена: 9 февруари 2021
    На Southface, senjorita-v, 1209 и 40 други им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    16.269
    Пол:
    Женски
    Дотичнава особа што крена толку фама, ниту ја следам ниту пак знам која е, сосема слуајно наидов на лајвот од други инфлуенсерки што ги следам, јавно го спомнува мојот профил и тоа двапати и мојот коментар што нема никаква врска со нејзе, ниту пак со некоја блогерка, ниту пак во коментарот има навреда упатена кон некого. Не знам со кое право само, да не сака тужба случајно или што и е проблемов. Знам дека сигурно ги чита коментариве. Со моето мислење кое беше објавено
    сакав да дадам поддршка на Ангела дека не е big deal и да е накитот од алиекспрес, кога и големите брендови го зимаат накитот од таму и го прават истото, и тоа е нормално со тоа што му ставаат свое лого, сопствено пакување и секако дека тоа крева на цената како и плус процент на заработка и се чудам дотичнава со кој памет го прочита мојов коментар па и ќе ме тужела уште за коментарот со кој не навредувам апсолутно никој.

    Не ги оправдувам навредите од членките никако, дури неколку пати имав апелирано до модераторот да се бришат такви мислења што вклучуваат навреди и мешање во личниот живот.

    Од друга страна секогаш сум давала поддршка на македонските блогерки во тоа што го прават, но после ова сите си го покажаа вистинското лице и се покажа дека се е гнило во оваа наша државичка.

    А тие што се сметате за јавни личности огледајте се на Каролина Гочева, Елена Ристевска, Лила Филиповска, може и ќе научите нешто.
     
    На White king, *Amethyst*, Traveler91 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Не е во ред и таа што читаше јавно имиња.
    Пример: Трпе коментирал за нејзе и му се дрзнат на него хејт. Зарем Трпе неможе да посегне по својот живот?
     
    На ocicka2014, Traveler91 и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. DevilWearsPrada

    DevilWearsPrada Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Здраво Миа, доколку не читаш сакам да упатам уште мислење во кое спаѓаш ти а воедно и последно.

    Дали се осеќам виновно и невкусно после овој втор лајв без оглед кој бил веќе во право а кој не? ДА. Зошто? Затоа што не сакам да бидам причина за нечие психолошко нарушување особено таму кај што има мало дете. И премногу од страна допреа до мене други мислења кои ги немав слушнато а звучеа грдо во секој аспект па еве дури и неколку од моите.

    Јас се извинувам ако бев повеќе од искрена или брутална со неколку мислења, луѓе сме, и некогаш постапуваме побрзо од тоа што треба без да размислиме 2/3/4/5 пати додека сме изфрустрирани и револтирани поради нешто.

    Мене лично уште на почеток напишав дека сум те следела уште од старт и дека според мене си права лавица која се бори во животот на секој начин и дека имам огромен респект за многу работи кај тебе, мислењето уште стои на темата на почетокот од цела оваа дебата. Е сега, дали и јас како тебе со мој личен став се изиритирав со тоа што некако ми се најде како во погрешно време и на погрешно место со првиот лајв како Јавна Личност која секогаш сум ја следела и ми била интересна за слушање ( мое лично мислење ), и не дека не беше во право за многу работи што ги зборуваше, само мислам дека упати некои теми кои мене ми беа невкусни како твој следач и поддржувач. И можеби, а ако не и секако, не е поентава да се дојде овде и да се пишува кога се има фрустрации, требало може тебе лично да ти упатам мислење, но не бев единствена која така се осети овде во тој момент како корисник и секако тоа придонесе до поголем револт и ете мислења кои сега мислам дека не требало да ги пласирам јавно или до тој степен дали за тебе, дали за Ангела, дали за петко, дали за Трајко, за кој и да е.

    И не, не е ова страв и фуфкање, ова е нешто што после толку многу време поминато на последните дешавки, сите имаме претерано и овде на форумот и надвор од него, и од сите страни.

    Без оглед дали сум јас во право или ти, или било кој, тоа е мање битно веќе во оваа каша, но јас секако упатувам ИЗВИНИ од срце, до тебе, и до фамилијата, па и до членките овде и до сите вмешани, и со тоа го затварам ова поглавје за оваа тема од моја страна. Да сум човек што му е сеедно што на некој го погодиле моите мислења и зборови толку многу, не сум тој човек. И да, не мислев дека моите мислења играт улога кај некој додека не го сетив тоа директно од страна без оглед на ситуацијата. И секако ми е криво кога веќе тоа го слушнав. Така да, доволно беше. Кој што сака нека прави, со среќа нека ви е на сите. Поздрав, се најубаво!
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chickadeer

    Chickadeer Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Мене шерувањето ми годи. Сите ги одследив
     
    На simoncelicius, Traveler91, Noemi и 5 други им се допаѓа ова.
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Не следам ниту една од овие за кои се трачарело и според тоа што прочитав така и ќе остане.
    За жал, како и секаде, така и на македонските интернет платформи има луѓе кои избрзуваат со мислењата. Никогаш нема да го сфатам дој тел од интернетот каде некој има потреба да озборува и навредува некој друг па макар и направил бренд кој ќе биде прескап. Можеби е до мене што очекувам луѓето да се однесуваат со достоинство и критиките да ги сведат само на критики наместо на навреди ама па и „инфлуенсерите“ со нивното однесување не се некој пример. „Инфлуенсер“ си дозволува да навредува публика, а јас од публиката очекувам да се држи на ниво.....
    Who am I kidding, култура не носи посетеност, затоа мали профилчиња ретко кој ги знае.

    На тема алиекспрес: таму има и самсунзи и ајфони и кој уште не бренд, само зад различна етикета, така да ок е, свесни сме дека и тие крадат и други луѓе крадат пак од нив. Тоа не значи дека некој/а што направила бренд ви брцнала во џеб.
    Искажување мислење и навреди се различни работи.
    That being said, инфлуенсеркиве се заканувале со тужби? Иако таа едната била дури и со е-бизнис, заборавила дека вие сте публиката и потенцијални нови следачи следат секакво мислење. Во овој случај и вие сте еден вид „инфлуенсери“ со тоа што го пишувате.
    Тужби за што поточно, за мислење? Читам некоја од нив споредила форум со јавна соба и ако чита - омаловажуваш такво нешто со тоа што го споредуваш со трачарска тема.
    Дали е оваа тема е еден вид bulling? Да. Дали направила огромна грешка со споредбата - ooof. Ама има време за искупување. Сепак, ако некој се смета за „инфлуенсер“, барем нека „инглуенсира“ културно однесување, а не сељачизам (или ова би било преголемо барање?).

    Има толку мали профилчиња кои изработуваат работи со толку многу љубов ама заете што? Никој не ги следи нив. Можеби затоа што кај нив нема вакви драми, можеби луѓето сепак се создадени за озборувања.

    Споредбите „за тие пари ќе си купам од друго место“. Дечки, купи си. Не накит, не за инфлуенсери, за било што е исто. Секој има право да си купи што сака и од каде сака.

    Дали можам да си купам дневник од веро за 100денари? Секако. Дали сакам да поддржам некоја личност која изработува сама и затоа се поскапи? Апсолутно.
    Дали можам да купам компири од маркет за 27 денари? Секако. Дали избрам да поддржам земјоделец што си е сам свој бизнис ама килограм чини 40 денари? Апсолутно!
    Барем сега во пандемијава требаше да поднаучиме како функционираат работите.

    Читам некоја дека продавала тренерки што ги шиеле жени. Браво за неа. Изработила дизајн, најмила шивачи за да направи рачно и помогне и на нив. Дали ќе чинат како во некоја фаст фешн продавница? Нормално дека не, не ни треба. Знаејќи дека текстилни работнички земаат по 150 евра плата и дел од тие фаст фешн парчиња се изработуваат и во македонските шивални, мило ми е ако некој направил бренд каде што го има ова во предвид. Наместо 2 пара тренерки, купуваш едни и кога ќе ти текне дека се изработени на правилен начин имаш подобро чувство како бонус.

    Нека служи ова како пример за инфлуенсерките. Знам дека читаат. Ама да бидат искрени за изработките, не да собираат поенчиња! Наместо да се расфрлате со закани за тужби, поработете на себе, поработете на брендовите кои си ги правите и ќе ја забележите разликата кај оние кои ги таргетирате како публика. Дополнително со тоа и придонесете и на околината во која живеете. Нели, инфлуенсери сте. Тогаш, дури и ќе сакаат да ве поддржат за да продолжите да правите разлика и за други луѓе.
     
    Последна измена: 9 февруари 2021
    На Havana!, elcezelce, princess5 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Јавниве личности во Македонија, прво им сметаше кога некој новинар нешто напишал за нив, па кога во емисија нешто кажале за нив и цела шоу бизнис индустрија пропадна, никој ништо сега не пишува за нив и сега фемина форум стана релевантен да се напаѓа. Не мислам дека такви коментари се во ред, но насекаде ги има, под јутуб видеа, на фејсбук, инстаграм. Повеќе би се навредил од коментар на фејсбук од реална личност него од некој тука еве како мене со лажно име. Ова значи на секој кој станал нешто на социјалниве мрежи да му се овозможи контрола врз самата мрежа, па да си уредува коментари лајкови. Не треба толку сериозно да се сфаќаат какви било коментари ни добри ни лоши.
     
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.456
    Миа е трачарка одамна, и тоа што наводно не споменува имиња кај неа на инстаграм, не ја амнестира од сите гадотии и полувистини што ги зборела за други.
    Рече дена 30 адвокати ќе се нафателе за едно стори да ја застапуваат:smirk:. Yeah, right. Трчаат. Сериозно го тропна тоа, после оние про боно што ги спомена..па после се извинуваше . Веќе не знае каде удира.
    Таа треба да се извини на многу жени кои ги вреѓала бесомучно, со име и презимр, ама ....don't hold your breath...
     
    На Southface, White king, *Amethyst* и 17 други им се допаѓа ова.
  20. call_me_jenny

    call_me_jenny Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2018
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ми го бришат коментарот ама ќе го постнам пак.
    Во право е Мија како и сите останати, многууу сте мизерни, напатени во душите, полни со злоба и очајни. Исфрустрирани теткици (без оглед на годините ама рекла казала де) што би рекол Боемот, тетка Горде муабети вртите. Дно дна. Свој леб јадете, туѓо гајле берете. Сите курви и ороспи, не просперитетни, не ги бива, а вие, поштени, позади тастатура седите и го бутате тој нос секаде. Зборот ужас не може доволно да го опише Вашиот простотилук.

    Ајт поздрав, живи и здрави да сте ❤️
     
    На No Makeup, anelchylola и Anod10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.