Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.609
    Допаѓања:
    39.105
    Пол:
    Женски
    И јас за многу дознав од тука, искрено не ни знаев дека имаме некои инфлуенсери пред да читам тука.И тоа што сум читала многу добри работи и пофалби, значи освен тужби треба и на некои членови фала да им кажат што ги фалеле јавно. :D
     
    На Traveler91, deskarada и redhead им се допаѓа ова.
  2. PositiveVibes

    PositiveVibes Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    132
    Шијакоска излезе девојка која е класа над сите останати инфлуенсерки во Македонија!

    Не измисли топла вода ама продава квалитетни тренерки кои се изработуваат во конфекции кај нас, земање инспирација за модел засекогаш ќе постои и тука ништо не е спорно.

    Не се замеша во ниту една драма јавно и достоинствено игнорира секој што плука по неа, затоа што не ја тангираат коментари и трач муабети.

    Големо браво за тебе девојко!
     
    На Juicy, Emushhhh, Blackandwhite123 и 38 други им се допаѓа ова.
  3. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Јас сите од тука ги научив :) Ама се мислам сите да ги одследам или на mute некое време, ептен се напнати.
     
    На Traveler91, edna_malecka и LadyBug18 им се допаѓа ова.
  4. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Пресмешно ми е, ќе тушела зашто некој ја навредил на форум:rofl:
    Чил оут, луѓе се убиваат, претепуваат, газат со коли и поминуваат неказнето ама ќе казнат некој што пишал за неа :rofl:

    Исто како она што не сака син и да чита и јас не сакам син ми неа да ја гледа.
    Бан има од мене и на инста и на фб. И тоа е мое право, иначе копчето немаше да постои.
     
    На Lisicko, Cherry333, *Amethyst* и 17 други им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.549
    Пол:
    Женски
    Оваа Миа ми била овратен лик од секогаш. Толку негативна енергија во еден човек немам видено.
    Се смета компетентна да раскажува за сите позади ставот "мое мислење и имам право на истото" а кога некој друг го дава неговото мислење за нејзе драми ко мислиш крајот на светот е дојден. Не ја следам на инстаграм ниту имам намера, затоа што сметам дека нема што квалитетно да ми понуди што би ми го задржало вниманието, нема содржина од која можам нешто корисно да извлечам ниту па содржината која ја постира ми предизвикува интерес и задоволство.
    Толку надменост за некој што нема апсолутно ништо посебно постигнато во животот навистина не разбирам. Новинарка не е, емисиите кои ги водеше пропаднаа сите а за воља на вистината беа од трач рубрика карактер, вратар у дискотеки беше на времето упс фејс контрол моја грешка, жива увреѓена детето нејзино што ке прочитало за нејзе на Фемина ама не е засрамена од сама себе со свиснатите цицки што се сликаше за неуспешниот Македонски Плејбој и нејзините изјави дека е горда што во своето СВ ќе стави дека е сликала за Пејбој, не се срами што се брука самата со тоа денес е геј утре е стрејт и веќе не знае што е а упорно привлекува внимание наместо да живее скромен и нормален живот. Не сестро не достигунување во животот да рекламираш маички од третокласни маалски бутици и да продаваш памет на социјална мрежа како немаш влакна на јазикот и секогаш искрено го искажуваш своето мислење, Проста си и неписмена ама добро сама си призна дека не си имала капацитет да загрееш столче и да станеш нешто повеќе од трач рубрика на народот. Ајт сеа со среќа.
    -----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Од друга страна прегадни работи се пишуваат на форумот, на моменти ко секта некоја се членовите тука. Ретко вака пишувам, најчесто само читам. Без разлика дали станува збор за инфлуенсер, новинар, пејач, блогер или што тија знам секој има право да си објавува содржина каква што сака, да нуди на пазарот прозводи да препродава и сл. Јас таа Ангела не ја следам тука слушнав за нејзе. Океј сакала да протне бижутерија од али експрес не е ни прва ни послена. Драмата што се направи со страни и страни испишувани за нејзе со тие масовни повици да ја банираат или профилот да и го затворан се како да кажам малициозни и злобни до даске. Во ред е да се упати на тоа дека ете не се нејзина изработка дека истите можат на друго место да се најдат за пониска цена и сл, ама да се драми како го крадела сиромавиот народ што тешко го печалел лебот е смешно особено во држава каде што не крадат секој ден по малце кој како стигне па за Ангела, Трпана и Митра се фативме ние.
    Јас ги ценам инфуенсерите ми го прават секојдневието поубаво со нивните слики и содржини без разлика дали е мода, патувања, исхрана и сл. Затоа и го имам инстаграмот. Дека е лесна работа не мислам дека е наспроти популарното мислење дека дремат и нокти лакираат по цели денови затоа што треба време и пари за истото без разлика што постираш. А богами треба и креативност што не секој ја има за да вади инстересни слики и содржни. Секој има право да си ја бара својата среќа под небото коа секави професии станаа професии па зошто да не биде професија и блогерството. На крајот од денот секој се пронаоѓа и го работи она што смета дека треба да го работи.
     
    На maca.princess, Southface, sierra и 21 други им се допаѓа ова.
  6. call_me_jenny

    call_me_jenny Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2018
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Во ниту еден момент не кажав дека треба само добро коментари да се пишуваат, но во претходните 'коментари' ниту едно не беше конструктивна критика *чест на исклучоците, сите уназад коментари се вреѓање и исмевање на нивниот труд. Ниту еден коментар не видов каде што кажува мене ми смета тоа и тоа, мислам дека треба да го смени тоа, би било по општествено прифатено. Сите коментари што ги прочитав беа типични комшиски муабети на баба Цана и баба Севда, слушнати од третиот братучет на мажот од баба Цана, чичко Миле.
     
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    И што си ти подобра што се зачлени тука да вреѓаш?
     
    На *Amethyst*, Traveler91, buba4e89 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    За какво видео станува збор, може линк некој да прати?
     
  9. Pirot

    Pirot Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Прочититав неколку статуси и гледам у главно се хејтат јавните личности, ова им фали, она им фали. Па до кога вака бе?
    Наместо да зборуваме убаво да се појави пријатна атмосфера, па од овде ќе погледнат некои други па некои трети. Да направиме да се осети потребата да се направи некоја емисија на ТВ, каде што тие ќе се појавуваат.Во другите држави јавните ликови им пружаат пријатни, харизматични, амбиентални емисии на публиката.А ние ќе гледаме-Јанко јади бурек.
    Многу е лесно некого да понижиме некого, дали можеме нешто добро да направеме.
    Срамота.
     
    На anelchylola му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.222
    Пол:
    Женски
    Не гледав видео, сфатив што се зборело од тука.
    Не разбирам едно... како може да навредува се живо, секоја можна професија и други луѓе со најпогрдни зборови, ама кога друг ќе каже мислење тогаш одма не е океј?

    Во однос на споредбата со Јавна соба и тужбите е во најмала рака дегутантно, преку тоа ја релативизира тежината на скандалот Јавна соба.

    Онлајн форум е место за пишување лични мислења.
    Има правила на однесување, има модератори и администратори, и доколку тие правила се почитуваат и модераторот проценил дека некое мислење е океј, нема дискусија понатаму. Право на мислење имаат сите, и тука и на фејсбук и на твитер и на јутуб, секаде. И на инстаграм лајв.

    "An Internet forum, or message board, is an online discussion site where people can hold conversations in the form of posted messages."

    Ако сум грешка еве има правници тука, нека ме поправат.
     
    На sierra, *Amethyst*, Traveler91 и 37 други им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ајде бе јунак почни од себе, послушај си го советот. Пофали нешто/некого, опрај ја темава. Напрај добро дело и ќе го следиме твојот пример.
    Колку озбилно го сфаќате форумов, чудо едно.
     
    На Traveler91, oblace1, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Факт е дека некогаш се претерува и на форумов,посебно во МЈФ темата,ептен се лупаат глупости. Многу лошо од страна на Миа што го измеша Андрија вчера,ептен изглуми жртва а е далеку од тоа.
    Се сложувам со тоа дека не треба да коментираме каква мајка е заради тоа што се сликала гола или дали е геј,стрејт или би,нејзина работа.
    А ви текнува тек како го нападна порталот Убавина и здравје за изборот на инфлуенсер и се навреди во каква клапа ја ставиле и се откажа од истиот па многу кутри после неа го правеа истото само за да се истакнат,колку други деградира тогаш,тиха језа беше тоа и плачеше како од порталот ја блокирале :)
    Стварно ја сметав за поискрена и реална ама е многу далеку од тоа.
     
    На sierra, *Amethyst*, Traveler91 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    4.565
    Пол:
    Машки
  14. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    4.688
    А смеам да кажам за некој дека смрди на грав или успано, драпа тестиси, е паразит, нема три грама мозок и не смее да носи танга? За другарка прашувам
     
    На *Amethyst*, Traveler91, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    4.565
    Пол:
    Машки
    Сите околу нејзе го делат твоето мислење, освен Антониа, која не знае што си прави од себеси.
    Да се надеваме дека ќе ги прочита на форумов лошите критики и ќе го смени имиџот и однесувањето.
     
    На *Amethyst* и Traveler91 им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Дали Миа се мислеше дали Станојкова ќе се обеси откако јавно ја прозиваше за задник на базен?
    Не а?
    Иако нејзините голи гради не беа ништо помалку експлицитни од задник во бикини на базен.
    Двојни аршини?
    П.С Зоки да тужи некого? Откако само во скоро време жените ги нарекува курви и ги понижува најниско?
    Хм...
     
    На *Amethyst*, Traveler91, ocicka2014 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Ти ако не се замараш што мајка бараш тука Миа да ја браниш? Што ти е гајле кој што пишува и збори? Нели туѓо гајле не береш?
     
    На *Amethyst*, Traveler91, ocicka2014 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Споредбата на форумов со јавна соба не само што е дегутантно и крајно не фер спрема жртвите од јавна соба, туку по нејзините муабети е и основ за ТУЖБААА. Фемина, не сум адвокат, али про боно совет, тужбааа. Како она пред 40 к следбеници го поистоветува форумот со јавна соба? Нели е тоа клевета? Јавна соба е кривично дело, каде меѓу другото има и детска порнографија за што е предвидена казна затвор од минимум 5 години затвор! Ај нека докаже сеа она која содржина овде е инкриминирана како кривично дело за кое е предвидена казна затвор(не мора 5 год), каде овде има порнографија и педофилија, јавно нека се извини што го оцрни форумов и у јавност го претстави како втора јавна соба или ТУЖБААА! Или што ова не е клеветење на туѓ бизнис? Контрадикторна е сама на себе.
     
    Последна измена: 9 февруари 2021
    На TheGoldenPeach, sparklie, sierra и 66 други им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.232
    Допаѓања:
    170.236
    Оваа Ана Стојанова што ја спомнувате ни ја знам ни познавам само да и кажам ако чита ја има во Јавна соба со слики и видео
    Нека се позамара со тоа не со Фемина форум
     
    На Southface, *Amethyst*, Traveler91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.660
    Пол:
    Женски
    Споредбата на Јавна соба со форумов е бесмислена. Значи форумов кој има мал милион позитивни работи во еден куп теми е спореден со група којашто шири порнографија. Макар и да беше кажано темата Инста-блогерки е иста со Јавна соба, повторно е бесмислено. Убаво пиша членката горе невкусно е во однос на жртвите од Јавна соба. Ширење порнографија е кривично дело, а ако ширење трач муабети беше кривично дело, по затвори ќе живеевме.
    Друга работа каде беа сите јавни фаци, блогерки и што не (со исклучоци) да се кренат против јавна соба толку жустро како што се кренаа против форумов. Видеа и сториња споделуваа тогаш? Бараа одговорност и тужби? Беше некој од нив на протестот, на пример? Или сега кога се засегнати од трач муабети е галамата.
     
    На sierra, VDT2906, buba4e89 и 27 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.