Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Ма си свиркам :party:
     
    На Traveler91, oblace1, Butterfly1107 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.417
    Допаѓања:
    38.377
    Пол:
    Женски
    Најди странски форум за јутјубери пример и читај. Какви коментари и критики има, ништо не е ова. Па гледам се закренаа форуми да тужат.. :D
     
    На *Amethyst*, Traveler91, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Ја да бев јавна личност, после се, богами ќе се замислев дали да ја подржам
     
    На *Amethyst*, Traveler91, Frestonia и 5 други им се допаѓа ова.
  4. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Значи пак го изврте муабетот за да излезе жртва.
    Ја фати страв дека може да и го затворат профилот па почна да се заканува.
    Како прво никој овде не повика на нејзин рипот, туку тоа беше случај со профилот на Ангела кој и го осудивме. А гледам и многу голем број го пријавиле па воопшто не и е чепнат, уште стои.
    Сигурна сум дека и го имаат пријавено личности кои воопшто не се членови на форумот.
    И како тоа махерски го протна затварањето на профилите на Доктор Горан и бомбакис во целата хајка демек истите што неа ја пријавиле и нив ги пријавиле.
    Кога др Горан најверојатно поради вакцините му го имаат затворено профилот, за Бомбакис се зезнал и отворил линк од лажен профил. Небитно човек си ги врати следачите дури и во поголем број.
    Еве да и кажам и на Кире Лазаров му го имаат хакнато профилот ама нема го да кука и да спамира.
    Никогаш не сум некогаш навредила, едноставно не е мое ниво ниту речник, како што на пример она употребува.

    И јас сум згрозена од некои коментари, навреди низ темите,за што очигледно модераторите не си ја вршат својата работа или пак ги нема доволно на број. Еднаш дури и осудив.
    Ако сака и на фб нека глуми полиција каде има поголем булиг, да ти е страв да почнеш да читаш коментари.
    Само ќе кажам Лила излезе госпоѓа од сите.
     
    На koritsaki, fashion1111, *Amethyst* и 9 други им се допаѓа ова.
  5. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Многу му се дава внимание. Јас, а и многу други тука, посебно за сите инфлуенсерки јас дознав од форумот, шо читнав низ темава.
    И реално не гледам зошто би ги следела и се чудам кога ќе видам следачи нз колку, wtf шо гледаат луѓето шо ги следат.
    Дури стануваа славни на фемина тука, кога ги фалевте океј беше, кога никој не ги знаеше, а ќе слушнеше за нив. А како не можат да се носат со негативни коментари? Па не можи секој да ги сака, тоа не е нормално.
    А споредбата за јавна соба ме остави без коментар, мислам озбилно?

    Рајат сум била шо не сум следела вакви работи :D
     
    На *Amethyst*, Butterfly1107, Anie93 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.578
    Пол:
    Женски
    True that!

    Интересно е како вовлече други личности и целосно ја изврте приказната :)
    Да се пушташе тужба за било што, што ќе беше со нашево и така “мизерно” правосудство.
    Туку им се чудам на адвокативе и советиве... :)

    Намерна е и споредбата со Јавна соба...класичен спин.
     
    На Traveler91, Butterfly1107, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    А некој од главните да ни каже што ќе се дешава? Цреша-Јагода, Реин, Лела?
    Почнаа паники да ме фаќаат.
     
  8. bebspi84

    bebspi84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ех, „штета“ што Миа не е доволно влијателна колку Ина Многуфина.
    На Кајгана форумон ја искинаа од ругање Ина, виде-не виде напраи некоја комбинација таму со админот, го изрекламира неговото хоби на Фејсбук, и од „нигде никаде“ темата со ругање на Ина Многуфина ја снема од форумот.
    Ама Миа не е толку влијателна :(
     
    На White king, *Amethyst*, Traveler91 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Миа со NASA има контакти (Мартичка), повлијателна е ;)
     
    На Traveler91, oblace1, Butterfly1107 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Абе шо ќе се дешава? Ќе се порадува Миа уште денеска на 2000 нови followers, ќе поужива во дводневната слава и ќе си продолжи со шминкање за на инста. Ние тука ќе си продолжиме со коментирање и никому ништо.
    Кога ќе и падне славата пак ќе направи некој скандал, ќе ја криви устата на live и ќе ги ококорува очите во камера. А да, и ќе лупа на маса како балкански маж Тужба!
    'Сестра и' Тамара не и се замара иако прочита смешен коментар за неа колку да ја спомне, а другиве мора да и дадат поддршка за да ги шерне кај неа на профил. Wanna be famous и ќе направи се што треба, нема што да изгуби освен инста профилот, а тоа и е работата или професијата што би рекла таа.
     
    На Skorpija25, Harper, RAK91 и 16 други им се допаѓа ова.
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.332
    Пол:
    Женски
    Дека има навреди упатени лично кон Миа, има. Дека се шпекулира за нејзиниот приватен живот, и тоа е точно. Дека се замеша детето и се коментираше каква мајка е, и тоа е точно и јас лично тоа го осудувам, навистина не е фер да се меша нејзиното родителство и е низок удар. Дека поединци тука навистина претераа, и тоа со пријавувањето беше непотребно да се повикува и други да го прават.

    Меѓутоа и атаков кон форумов не беше океј исто така. Форумов не го прават само неколку поединци кои претераа на темава, ниту пак форумов е составен од само овие две спорни теми. Коментари за инфлуенсери кружат насекаде по интернетов, од твитер, од фејсбук каде што не е ни анонимно или од инстаграм, башка што вакви слични теми има и по другите наши форуми. На крајот од денот сите јавни личности се соочуваат со секакви гадотии и секакви коментари, факт е дека е тоа така за жал. Разликата е што ние сме мала државичка и до секој може да стигнат истите. Единствено што можеби ќе се направи во иднина е да се зголеми модераторство на спорниве теми и некои нешта да не се толерираат.

    Има една интернет страничка/форум која што постои со години и се вика gurugossip. Се коментираат секакви познати личности, од инфлуенсери, јутубери, познати пејачки, глумци, небитно. И многу од нив имаа закани за тужби, страната сеуште стои. Така што претпоставувам дека правно не може да се направи многу за јавни коментари на анонимен форум.

    А да и да дополнам, бидејќи тоа што најмногу ме изиритира е споредувањето на форумов со јавна соба, и изедначување со тие жртви. Апсолутно непромислен и беше тој коментар.
     
    На Besmrten, Cherry333, *Amethyst* и 20 други им се допаѓа ова.
  12. antonelala

    antonelala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    4.688
    И јас како што пишав се согласувам со тоа што пишуваш за нашите коментари, ама дотичната што се вознемири е исто толку вулгарна кога зборува за луѓето :)
    Значи не може да збоеиш за некоја дека е дебела ако тежиш 200 кила (пример е немој сеа да ме тужи некој хахахаха)
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.075
    Допаѓања:
    12.589
    Пол:
    Женски
    Ај вака. Ситуацијава беше во фокус на Ангела. Муабетот во првиот лајф на Миа беше тоа што меѓу редови ја кажа вистината за "брендов". Вчера, исто нешто кажа во стилот дека не е битно на Ангела кои и' ги прави, дали мајка и' ги лие итн. (во тој контекст).

    Ангела место да ја споделува Миа, да беше покомпетентна ќе излезеше со видео каде ја кажува целата вистина. Зошто? Оти ако излезеше Ангела со свој КОРЕГИРАН став и признаеше (нели ако е лага брендов, а очигледно е бидејќи наидов и на исто лого ама нема потреба да споделувам). Во тој нејзин корегиран став во најмала рака ќе се држеше до тоа дека ќе се потруди да креира нешто СВОЕ. Да, следачите ќе беа разочарани (можеби и ќе изгубеше дел), но по неколку месеци ќе си докажеше на дело и не само што ќе ги повратеше следачите, туку и ќе нè стекнеше нас новите. Така се прави тоа, треба автентичност и свое јас за исправка на грешките. По што ќе ја паметеа (ако направеше таков чекор)? По храбра инфлуенсерка.

    Едит: најголема конкуренција е меѓу нив, која побрзо ќе извади нова колекција. Место да плукаат по форумов, нека си ги преиспитаат нивните меѓусебни односи. Бидејќи, и не е баш така сјајно како што се "поддржуваат".
     
    Последна измена: 9 февруари 2021
    На tinka-mace, sierra, Besmrten и 11 други им се допаѓа ова.
  14. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Е ова е буквално drama queen. :makeup:
    Ако не сакаш да читаш коментари за себе, нема да стануваш јавна личност, едноставно е. Да бидеш инфлуенсерка и да очекуваш да имаш само позитивни коментари ми е надвор од цел памет.
    Тоа мислење и очекување може да го има само 13 годишно девојче.

    Да, имало и ќе има луѓе кои едноставно така се изразуваат и навредуваат.
    Ама дека тоа се навреди за тужби и клевети, како да не. Тоа се обични трачарски муабети кои се очекувани во вакви теми.
    Валда поентата на темава не е само да пишуваме колку е некоја најубава и најпрекрасна на свет? :wasntme:
    Па побогу, кога ќе се закачеле членки меѓусебно по темите паднале и поголеми навреди, и? Сигурно нема да паѓаме во депресии. Рекол-рекол. Навредил-навредил. Тужи баба па брзо кај наставничката? Детски.

    Реалноста е дека никоја од нив не вреди да биде ни спомната, ама ај, таква им е "работата" (мачна :wasntme: ). Дали се свесни дека ако никој не ги зборува ќе пропаднат? :wasntme:

    Закани, тужби, па па пааа... И тука имаме членки од угледни фамилии кои само зборот тужба им е во уста, не го извадија, ама гледам уште не ни се стигнати тужбите...? :?:
    Сигурно Бијонсе седи на интернет и ги тужи по ред сите што и рекле дека има потемна нијанса на пудра или нејзината нова песна не им се свиѓа.
    Интересно е кога критикуваме или навредуваме друг, тогаш не боли. По туѓ грб и 100 стапа не болат.

    Би ја цитирала членката со мислење од Македонски јавни фаци. Се надевам не ти е проблем Абел? Точно ги опиша тие ангелски невини души кои мислат се најдобро за сите и никогаш и никого не оговарале. :inlove:
    И овие демначиве што се читаат и се информирани за сите и познати и непознати фаци, а доаѓаат еднаш во 6 месеци да кажат само колку ние сме немале свој живот и сме се мешале во туѓиот. :wasntme: Нема човек кој нема свој живот, тоа е факт. Туку секој некогаш оговарал некого, и тоа исто така е факт.
    Пресмешни ми се некои членки кои почнаа да се газат себеси и да и се извинуваат на дотичната. :o Ало, дечки, имате ли малку самопочит кон себе, да му се извинувам на некој бидејќи сум ја кажала вистината а притоа не сум го навредила? Па мало сутра, нека тужи до следниот век. Си се пронашле, вистината ги боли па сега ајде ќе се закануваме и ќе си правиме драми за да порасне бројката на следачи. Слатко. :sun:
    Свесни се дека да не им е Инстаграм профилот ќе бидат никој и ништо, па се вознемириле. :lol:
     
    На Skorpija25, Veta, Chickadeer и 24 други им се допаѓа ова.
  15. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто, ама не верувам на јавни личности кои преку инста и кликови/гледаност заработуваат. Можеби така почнале, но сите знаеме дека парата го менува текот на настаните или профилите ги прилагодуваат според тоа како може да заработат. Затоа и мислам дека женава си прави публицитет со ова. Пред да ја објави последната слика како да ја наречам "со градите и тетоважите" исто имаше лајв со бурни реакции и нареден ден ја закачи сликата. Коенциденција?! Јас не верувам. Секогаш прават драми пред да пласираат производ.
    Во однос на тоа што зборува, за мене кога ќе слушнам дека некој нема влакна на јазик некако ми се едначи со безобразлук или многу е тенка линијата од бистар човек што има што да каже и човек без да размисли што нема проблем да каже нешто.
    Женава е профил што се убива од ругање и не само јавно, односно и кога е во друштво толку е полна со некој гнев што секогаш е како темпитана бомба спремна да те нападне. А ако некој рече дека е лезбејка се лути! Па нели е смешно? Смешно за профил ко нејзиниот опенмајндед.
    Зошто го спомнува малиот и толку драми? Па она сама го расте со девојка и по дома, пред оваа имаше друга, детево се гледа. И да не ме разберете погрешно, не ми смета, но дали на тоа дете утре некој ќе треба да му изнакаже за мајка му или и самото гледа? И зошто го става по видеа викенди со девојка и, па зимовање со уште еден пар лезбејки каде што лупаа стори пијани надувани и се е тоа ок и ја сум дувала и пиела. Ама чекај, тоа е истото дете што викаше ќе се обесело ако прочита коментари на фемина? А ако и ги види сторињата коа бил мал кај го мкнела?
    Имам уште да коментирам, но само ќе кажам дека борба против булинг не треба да изгледа вака! И ако сакаше да постигне нешто, требаше да ја посоветуваат за поинаков начин. На пример, контра од навистина лошите коментари на фемина, со убав збор убав глас без тоа вртење на очи за мене број еден некултура и непочит кон сите што се нафатиле да те гледаат. Ја гледаат толку луѓе, она врти со муцката и очите дува од нос се дере тужба....многу лош избор да дојде до поента. Нула бодови од мене и само ми го потврди мислењето дека е нереална а безобразна и сака да прави драма.
     
    На sierra, IvanaMinaj, Besmrten и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Да пукнеш, кај ти текна ова. Да видиме дали ќе каже околу правните работи на темава :rofl::rofl::rofl:
     
    На oblace1, edna_malecka и tinka-mace им се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ааа не, она прво си ослабна кога беше 150кг,па почна да збори.
     
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Ја нема нешто, сигурно ни ги спрема тужбите, тебе, мене и на цела гарнитура тогаш што бевме. 8-| :lol:
    giphy-10.gif
    Недостига. :l:
     
    На Veta, martty06, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Каде? Кој? Кога? Инфо повеќе?
    Пуканки да направам да се збереме пак неќе да е лошо.. :nod:]:)
     
    На Butterfly1107 и Jana06 им се допаѓа ова.
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Хахаха се шалам бе малечко, за тој другиот форум што ја вреѓале. Од кај знаеш, може и за тој ќе направи live, а може и ќе го чува како џокер.
     
    На antonelala и edna_malecka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.