Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sunset Flower

    Sunset Flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    155
    За кој пишувате миа?
     
  2. honey.heart

    honey.heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    62
    За моја фитнес мама, си го фотошопирала задникот
     
  3. Sunset Flower

    Sunset Flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    155
    Omg omg.omg КАКОВ АМАТЕРСКИ ФОТОШОП ЛЕЛЕ МА, НЕ МОЖАМ ДА ПОВЕРУВАМ, изгледа не ми излагаше сликчево прееска па ова е блам на годината....
     
  4. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Дечки што мислите за @whisper.ves? Се познавам со неа, travel и lifestyle блогер. Навистина се труди да креира корисна и убава содржина, но пред се е душа личност.
    Многу ми се допаѓа фидот затоа што се труди да биде во склад со бои и да е среден. Погледнете, баш ме интересира мислење, затоа што порано и јас се трудев и мојот фид да ми биде по боја, ама реално многу е тешко да се запази континуитет.
     
    На h.ope и Believe.in им се допаѓа ова.
  5. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Најстрашно е што ваква слика со фотошоп доаѓа од личност што сака да им ја крене самодовербата на жените, а со ова се постигнува обратното.
     
    На Astrum.Obtutus, Sunset Flower и Believe.in им се допаѓа ова.
  6. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    667
    Пол:
    Женски
    Навистина и е преубав фидот
    Јас ја следам извесно време, исто ми се допаѓа кога зборува на сториес, пред некој ден одговараше на прашања, сосема природно и баш делува пријатно и неизсилено како многу други. Можеби треба да е поактивна со сториес
     
    На h.ope, Gabrielle... и redhead им се допаѓа ова.
  7. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Ништо ново не е да си фотошопираш тело. Има апликации на телефон да си инсталираш и да си се "деформираш" со 2 потези. Одаааамна има девојки кои ги следам, дури и девојки што ги познавам кои се преопседнати со тоа како изгледаат на слики и дури и усни си тегнат во тоа апликациите. Најсмешно е во живо што ги знаеш, а на инста искачаат како секс бомби. Плус со деформитети на околните предмети од сликата како врата, ѕид, плочки итн. Да земете да анализирате сликите кај 90% од тие што ги пратите без разлика дали де блогери или не, ќе приметите дека има недостатоци на сликите :)

    А за мојафитнес мама искрено мислам дека не треба да си го дозволи тоа, со оглед на типот на профил што го води.
     
    На ohlalalala и Sunset Flower им се допаѓа ова.
  8. Sunset Flower

    Sunset Flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    155
    Го направи најголемиот фаил, одамна ја изгуби искрата таа и со тие расправии се, година на соц мрежи и излезе лицето
    BTW кај Ксенија видовте ли како нагло и паѓаат фоловерсите? И дека нема ни по 900 лајкс??
     
    На Lile_Maja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. honey.heart

    honey.heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    62
    Какви расправии?
     
    На fateful му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lile_Maja

    Lile_Maja Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Јас лично следам многу од нив!

    Кика Аверио ми е мизерија, почна супер, сега ми се понаша како главна, чекај сестро застани, до вчера беше никој и ништо.

    Ксенија исто, некако многу вообразена.
    Реално Ангела ми е ок, Шијаковска многу ја исплукавте, ама мене ми е он, иако знае да има испад. Чат пат.
    Драгана фитлајф ми е сосема супер.
    Иако овир што се облакаат и пресоблакаат не ми се забавни за гледање. Филм си праваат, а не ми се интересни реално.

    Не ги спомнавте фуд блогерите, а реално има многу што го заслужуваат нашето внимание. Ама они немаат слики со голотија и гивавеј со носени купачи, па глеам не ви се у муабет, а толку многу е трудат. Го заслужуваат целото внимание: Меџик Бин, Мартина, Готвиме по мој вкус, Вкусни приказни....
    Од мајките има многу за поздрав, настрана од оние како по книга, земете ги за пример, Инстамун (ретко кој ја знае, тивок и преубав профил), Развој низ игра, Активности за деца, Моја инста мама, Ека, Мис мама.... има многу, не е само Моја фитнес мама од мајките. Ама зависи по што ги препознавате и барате.

    Се зачудив зошто трошите време на гореспоменати профили како Шијакоска и Ксенија, кои патем ве нервираат, наместо да си запратите некој од долеспоменатите кој ќе ви го разубават денот....
    Е не се голи, знам, и не се трачарат меѓу себе, исто така знам....
    Постои FOLLOW И UNFOLLOW КОПЧЕ, КОРИСТЕТЕ ГИ!
     
    На ohlalalala, Emilija97mk, S.W.A.G и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Lile_Maja

    Lile_Maja Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на ова, јас па баш мислам дека е една од ретките мајки кој времето си го поминува во забава со ќерката, наместо детево да и дреме на мобилен или компјутер. Си нашле начин да си се забавуваат и го споделиле тоа. Им ги обожавам сликите со имитации на познати, доста оргинално.
    Значи махери сме да исплукаме се што е вредно.
    Ако така гледаш СИТЕ ги малтретираат своите деца за слатки слики. Ја сликам и јас ќерка ми 100 пати на ден ...И ти ќе го правиш истото кога ќе имаш дете, признала или не....
     
    На joy1, Skorpija25, BabyT* и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Sunset Flower

    Sunset Flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    155
    Па се расправаа неш за мајка и со смеењето, па нелој и пишувал како е мизерна па го означила итн многу голема фама дигна

    Јас ги следам мис мама ама поодвратно нешто и преувиличување никаде го нема, како се таа знае ,како е најпаметна...а за фуд блогерите баш заприметив фотографија се сликале за седи дома нешо со карантинов и внимание ми одвлече меџик бин, добар профил навистина. И една мартина ја отворив кугинк некако беше али не ми се допадна профилот , се некоја копиа од натали, дејв и други лигавење и денеска заприметив на стори мн души јја објавија како крадела идеи и тако даље
     
    Последна измена од модератор: 19 април 2020
  13. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Не сум голем љубител на готвењето сакам само некои брзи, лесни и здрави рецепти. Кои се такви профили? Ја следам драгана фитлајф има интересни работи.
     
  14. Lile_Maja

    Lile_Maja Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Ама не ги следи тогаш тие што не ти се допаѓаат. Многу едноставно. И мене не ми се допаѓа Кика и ја одследив. Патем, ако се претставуваат како незнаат и како ништо не можат, зошто некој би ги следел? Нели поентата ќе биде изгубена? Јас немам проблем со сезнајки, имам проблем со ветер во магла профили и не ги следам. Обични просечни профили без приказна.... крш!

    Од фуд блогерите, проверете ги Дејвс кичен, Готвиме со Теа, Филип Поповски мислам беше, Софкака, Фит & Тејсти.... ги има многу
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.321
    Пред скоро година и јас дознав имало живот надвор од фемина, го открив инстаграм:D.
    Голем дел од овие за мода кои ги кажувате искрено не ми се познати и не следат ниту еден. Ја сакам модата, не дека не, ама секој е со различна причина таму и се инспирира на различен начин.
    Можам само да речам дека доколку тогаш кога ги разлистував профилите на инста видев дел од тие комбинации тука, на фемина, ќе имаше страшни критики. Во меѓу време сигурно има одлични нови девојки и стиловите на многу се променети, ќе треба да разгледам...колку да сум во тек. А еден куп воопшто не ни знам.

    Ги спомнавте за ентериер.
    ЕленаАлак има некоја позитивна енергија, хармонија и совршен баланс во секоја слика. Убавината и е во едноставноста и уникатноста. Не е нападна, не се форсира, не имитира...Плус и со супер диу проекти.
    КрстевскаИва ми е исто, позитивна, со некој разигран дух и шаренило кое ми годи кога и да и видам слика. Плус и со одлични рецепти.
    Мацедонианхоум иако имаше мала пауза ,или намален ритам со активност, ми е секогаш пријатна, реална, со добри содржини и слики.
    Има еден профил, Гааггганг(сигурно измешав некое г или а) така нешто беше. Цел феед делува компактно, добро вклопено, пријатно за око.

    За нега број еден ми е Магнолиа. Сите совети кои ги споделила ми се покажале одлични а и пријатна и пријателски расположена на секое прашање

    За шминки одсекогаш ја следам Марина. Пример ми е за личност која паралелно со љубовта кон модата и шминката се усовршуваше и себе и техниките кои ги користи. Уживам во нејзините видеа.
    Гетонмајмироу ми е добра. Добри рецензии, видеа со шминка, слики од места кои ги посетиле...убав микс.

    За травел
    ЈА обожавам ВисперВес. Прекрасни слики, одлични препораки и типс, феедот и е совршен...и да, почесто да става стори оти е прекрасна.
    Габриеле ми е дневна доза позитивна енергија.

    Многу испуштив од гореспоменатите категории, искрено не ни следа голем број од разни категории, но овие навистина ми оставиле впечаток.


    Е сега мојата омилена категорија, мајките:D.
    ЈАс ќе се изоставам(и ќе ве замолам доколку паднам на дневен ред, децата или дискусиите околу истите да бидат изоставени).

    Како мајка на мали деца секогаш насоките од стручњаци ми се некоја водилка за се што правиме.
    Плачкаиграчка РазвојниИгри ми е број еден. Одлични едукативни постови и секогаш се труди од ништо нешто да направи, посебно со материјали од домот. Одлични насоки за сите оние кои сакаат да добијат совет од стручно лице.
    Развојнизигра е прекрасен профил и уживам во секое нивно стори и пост.
    Има уште неколку вакви профили, каде стручни лица обработуваат разни теми од развојот на децата, но овие два, мене лично ,најголем впечаток ми оставиле.

    Има мајки што сликаат деца на кревет и некоја поставена сцена, мајки кои постираат само играта на децата и нивни изработки, некои постираат децата дотерани.
    Други опфаќаат и малку од секојдневниот живот, разни сториња како се облекле, нашминкале, што зготвиле.
    Други имаат и видеа околу разни теми, се дискутира околу истите, се изнесуваат ставови.

    Не дека тие што постираат слики од дотерано дете дома не играат детски игри, или пак овие вториве по цел ден само тоа прават...едноставно профилот зел таква насока, можеби и се чуствуваат најудобно со споделување само на таа сфера, остатокот го задржуваат за себе.

    Би рекла убав микс, од се по нешто и за секого има кај мајките. Тешко да издвојам неколку.
    Мамамиа.лајф уживав во секоја слика од охрид а и сега назад во аљаска.
    НиколинаЛефков ми се допаѓа, убав микс од се, одличен феед и слики.
    СандраМалет е мелем за око профилот. Толку ненападна, пријатна, скромна... одлични слики.

    Литлгреенексплорер е еден од профилите кои ми се идоли. За прекрасните авантури надвор, во природа.

    Следам голем број од профилите кои се со детски активности. Ќе бидам пристрасна доолку издвојам некој...
    Без имиња само ќе речам прв критериум би било видот на активност, да има убав вовед и текст што е потребно/од што се состои/како се изведува/како е прифатена. Кај бебињата е потешко, но кај малите и поголемите дечиња учеството на децата во изработката, да не е пост само за убава слика. Обожавам и видеа со текот на изработката...
    Општо, не сакам кога се крадат слики, некој постирал нешто и после некое време ќе налеташ на истата слика низ нет.
    И така.
    Макар виртуелно, запознав голем број прекрасни личности, со кои се активираме, инспирираме и советуваме.:l:
     
    На h.ope, mariz, buba4e89 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    667
    Пол:
    Женски
    Повеќето ги следам и јас и се согласувам со напишаното, некои морам да ги проверам.
    Како е поточно тој профилот за ентериери напишан гааннг...?
     
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.321
    ggagaang
     
    На Believe.in му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Macito007

    Macito007 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    2.492
    Пол:
    Женски

    Што сѐ нема да направат за да се направат интересни и некој пријател плус на инстаграм.. Иако повеќе од пола на некои им се купени.
    Зар треба да правиш вакви испади со книги дека не си читала? Да правиш фотошоп за задник "поубав"..??
    :doh:
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Те цитирам не ко одговор на ова што си го напишала, туку само да ти кажам дека си ми најомилена од омилените на Инста.
    Прекрасен профил, се' осмислено. :l:
     
    На Skorpija25, MandyLane, sever123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. fateful

    fateful Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Ја следите ли ivonajo?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.