Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Snestorovskaa
    Radisha's Kitchen Diaries
    Anamarijas_kitchen
     
    На dariaslife, sorbet, Believe.in и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sunset Flower

    Sunset Flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    155
    Да се донаврзам снесторовска има доста здрави рецепти и ја следам откако започна и доста е пријатна , но некако производите што ги користи ми се прескапиз ќе купиш 1 2 3 ама повеќе неможиш да дозволиш, барем за мене кажувам, и некои доста комплицирани му се, иако повеќе рецепти имам направено.
    Крстевскаива дава доста здрави рецепти имам направено некои и се економични доста, иако има доста калорични идеи.
    Ана марија не ја знам
    Радиша некој ја спомна пред некој ден многу тесто има на профилот не сакам јас месени ствари, буреци пити,љубители сме дома на месо.
    И драгана ми е број 1!!!!
    Имаше уште еден ќе побарам ќе ви пратам
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    667
    Пол:
    Женски
    Јанева порано повеќе ми се допаѓаше. Не знам што смени, дали начинот на сликање, или едитот, можеби зошто порано беше повеќе травел а сега е повеќе фешн. Плус треба да се опушти пред камера кога зборува.
    Теона неможам да ја дефинирам дали е фешн, травел или што. Исто и таа повеќе ми се допаѓаше пред 1 год него сега.
    Ангела ми е можеби најубава меѓу блогерките, и знае да се слика, баш си е за фешн. Само содржина треба да збогати.
     
    На ohlalalala, AleksandarMaxи92 и Ladybug2436 им се допаѓа ова.
  4. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Шијакоска ми е супер најубави слики има според мене, мислам дека не е битно што живеела во некое село или што немала читано книги, никогаш не е касно да почнеш со читање. Е сега со сторињата навистина знае да биде досадничка :)
     
    На dariaslife, soffce, Juicy и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    И јас не можам да ја дефинирам Теона ама има супер блогови, често знам во слободно време да и го отворам и да прочитам по нешто.
    Јанева не ја следев порано, ја заследив пред неколку месеци ама според мене има супер слики и става доста интересни сториња.
    Единствена критика за Анѓела е тоа што во последно време ми е малце како флегматична, цело време постира слични постови. Како што кажа - мислам дека треба да се подобри од тој аспект.
     
    На Believe.in му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Хм, модни блогерки..

    Ја следев Шијакоска, ми се допаѓаше нејзината скромност на почетокот. Без искривени слики за себе, своето потекло и почетоците. Се гледаше нејзиниот прогрес.
    Ја отследив кога почна да не внимава што ќе постне, уствари од кога почна карантинот. Свесна сум дека нема многу што да се прави кога си затворен дома, се немаат содржини, креативноста е лимитирана, НО..
    Сум против постирање на било какви содржини. За мене е подобро една квалитетна слика од време на време, отколку секој ден десетина слики без никаква поента.
    Знам дека е ‘инфлуенсер’, дека тоа и е работа, ама постирање на секакви глупоштини, лудории по дома со бесните деца, не ми е пријатно константно да го гледам. Повеќе ми е за да се прати како private содржина на некој близок, не за споделување со не знам ни сама колку илјада followers.

    Ангела ми е само средена девојка.
    Ја имам видено многу пати низ град, нема ништо што би те натерало да задржиш поглед. Самата нејзина појава е бледа и незабележителна. Не ја оспорувам нејзината работа, доволно е тоа што ете, ја препознаваме. Но тоа е нивото на кое според мене, ќе остане.
    Ми го нема ‘она’ нешто што е потребно за да ја слушнам нејзината препорака. Не би купила никогаш производ кој го препорачува.

    За Ана и компанија не сакам да коментирам воопшто. Не ми ваља ништо од тоа што го прават, промовираат и застапуваат.

    Елена Грнчаровска ми е одлична, само што мислам дека и фали мала доза на креативност кога се фотографиите во прашање. На добар пат е да стане најдобра и многу ми е мило што конечно имаме некој вака дамски репрезентативен од нашава земја.

    Skin care како едно од моите поомилени полиња, дефинитивно Магнолиа. Детално опишани содржини, искрени препораки. Дури и јас како лаик, можам со малку прочитани постови да се снајдам со своите тон купени производи.
    Катз ја отследив одамна. Односот спрема тие кои ја прават тоа што е (ние сите, како нејзини следачи) е мизерен и не ми се допаѓа, нити па сметам дека и доликува на една образована млада девојка.

    Следам многу Српски блогерки, најмногу поради производите кои ги рекламираат зошто се лесно достапни за набавка. Кога веќе ние немаме асални блогерици.. Второ, не мислам дека имаат поразвиен сенс за мода од нашиот, но мислам дека имаат поразвиени креативни вештини што е поважно кога е блогерството во прашање. Како го пласираш и презентираш производот.

    Нашиве жени, мајки, кралици како мојафитмес мама не ми се допаѓаат воопшто. Има многу причини зошто.
     
    На Ladybug98, AngIv, BoaVista и 8 други им се допаѓа ова.
  7. AleksandarMaxи92

    AleksandarMaxи92 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам од прва до последна буква. Обожавам вакви рефетачиња од луѓе кои очигледно следат мода и општо мода во Македонија и бар знаат како треба и што треба и кои се наши најдобри модни блогерки и што им фали а што не. Секоја чест на времето што си го одвоила за сето ова :)))
     
    На Believe.in и Izaabella им се допаѓа ова.
  8. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    723
    Се согласувам дека Теона има супер блог, особено постовите за патувања и од нејзиното секојдневие, и стварно е за поздрав поради тоа што континуирано постира содржини на него, многу од овде споменатите блогерки започнаа свои блогови но после одреден период прекинуваат со пишување.
     
    На Blue.Sky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feminka88

    Feminka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2019
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски

    Баш со бесните деца... исто те исто, Пина, Јосиф..
     
    На Izaabella, Ladybug2436 и AleksandarMaxи92 им се допаѓа ова.
  10. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Денес имав малку послободно време па решив да ја разгледам Елена Грнчарова, гледам неколку пати ја спомнувате тука и искрено малку сум разочарана од тоа што го видов.
    Прво, девојката според мене не е ништо посебно, сликите воопшто не и се креативни а да не почнам да зборам за позадините на сликите... Имаше една слика каде што е сликана во темница со блиц, таква иста слика има мојата 12 годишна братучетка на нејзиниот приватен профил со 200 фоловери... Ако веќе сака да конкурира со Анѓела на пример треба МНОООГУ да се подобри.
    Второ, приметив дека немам скоро ниеден "mutual followers" со неа и кога отворив лајкови на нејзините слики све ми беше јасно. Сите фоловери и лајкови и се купени. Тука според мене цела "креативност" и паѓа во вода. Пробува да биде нешто што не е, барем во моите очи.
    Трето, никогаш не би купила ниеден од производите што ги тагира по слики. А кога сме кај брендови, малку и сомнително ми е што нема соработка со ниеден македонски бренд.
     
    На AngIv, ohlalalala, Quincy и 7 други им се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сподели некои омилени :)
     
  12. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    @iamfashionbabe - мој број еден. Ми се допаѓа стилот, ми зрачи со позитивност и секој производ кој го рекламира е детално објаснет. Последно рекламираше smart watches на huawei, направи таква презентација што отворив картица да си викам сметка за да видам дали реално можам да го порачам. Најблиска ми е до стилот, минималистички, а сепак ин и тренди, светли, неутрални бои, нежни чипки. Секси и женствено, провокативно можеби делумно, но ништо вулгарно и ефтино.

    @lepasvakidan - Го следам и нејзиниот блог, големиот број на skincare продукти кои сум ги купила биле по нејзина препорака.
    За човек како мене кој до пред година дена не можел да замисли ни крема после бањање да стави, ова е голем напредок. Ги следам нејзините совети и најискрено кажувам дека лицето никогаш не ми било почисто и со поздрав сјај.
    Има видеа и за нега на коса, нокти и заби.

    Од сите ги издвоив овие две пред се’ затоа што се природни до максимум. Не сакам да следам девојки кои дури и на оние утрински видеа претставуваат некоја лажна совршеност, оставајќи те со милион прашалници у глава зашо изгледаш ко шо изгледаш коа ќе станеш од спиење.
    Се фура природен изглед и се потенцира дека всушност поентата е да се засакаме какви што сме.
    Почитувам искреност и реална слика.
     
    На dariaslife и Annoma им се допаѓа ова.
  13. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    @AleksandarMaxи92 како голем почитувач на ликот и делото на Грнчарова, дали може да ми споделиш било каков материјален доказ дека она е бренд амбасадор на Revolve, освен што ги тагира на слики каде што ја носи нивната облека? Ако ја тагирам Зара на слика со дуксеров што го носам по дома моментално, значи бренд амбасадор сум им?
    Плус, можда не соработува со Дуки Дасо, ама еве почна Тета Виолета да рекламира, што е далеку полошо.
    А, сликиве реално и се очајни, 99% сликани пред комода, во кујна и пред гаража. Wow каков професионализам. Плус по 1 слика месечно става.
    Еве ја гледам и не можам се уште да сфатам што толку ја испофали по темава, па уште топ инфлуенсерка била...
     
    На AngIv, Gosh, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  14. AleksandarMaxи92

    AleksandarMaxи92 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    Тоа е само мое мислење, не мора тебе да ти се допадне и да ја почитуваш исто колку и јас. Едноставно нејзините дела и слики се нешто што мене ми се допаѓа. Тоа е тоа. Она е може најлоша блогерка но мене ми е ок. Што е тука проблемот? Почитувам ваше мислење иако мислам дека малце ја нападнавте повеќе од тоа што треба само поради тоа што јас многу сум ја фалела.. боже сачувај.. ако не ви е вас ок нема проблем идеме даље фалете тоа што вас ви е ок како што јас го фалам тоа што мене ми се допаѓа. Поздрав
     
  15. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Прв пат ја отворив откако ја прочитав на темата и неколку пати проверив дали се работи за истата личност. Не ми се соодвествуваше описот тука со сликите кои ги видов.
    Јас не ја напаѓам, само си коментирам на дадената тема, како и сите што си коментираат, меѓу кои и ти. Дали ти всушност ги напаѓаш блогерките за кои отворено кажуваш дека не ти се допаѓаат? А затоа што ти ја следиш одамна те прашав за неа, ама не ми одговори...
     
    На AngIv, Gosh, S.W.A.G и 4 други им се допаѓа ова.
  16. AleksandarMaxи92

    AleksandarMaxи92 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    Елена имаше Инста стори со мејл за покана на бренд амбасадор за Револв пред неколку месеца. Толку знам за тоа. И се што слика е од куќата на Револв и нивните дизајнери. Се океј, твое мислење. Јас додуша самата имам многу глупости пишувано во оваа тема за кои многу се каам. Така да почитувам туѓо негативно мислење на тоа што мене ми се допаѓа. Се си е во ред :)Мене ми е интересна Елена, може има ограничен стил и простор за сликање но има и премногу врвни блогерки кои скоро сите фотки им се пред огледала во иста соба и слично. Мене лично тоа не ми е проблем каде таа слика дали низ куќа дали низ Париз или Лисабон. Мене ми е интересно тоа што носат и рекламират. Топ инфлуенсерка ми е мене лично за Македонија. Не ја направив на ниво на Зорана. Ете различни мислења и вкус имаме јас и ти а и многу други овде така да уште еднаш ќе кажам во ред си е се :) а и во право си за некои ситниработи што ги пиша. Темата е ваква така да кој што сака може да пишува
     
  17. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    И јас Грнчарова ја дознав од тука, и искрено не можев на прв поглед да поверувам како стигнала до толкав бр на следбеници и соработки. Може стиловите на Шијакоска и Ангела мене лично не ми се свиѓаат, но искрено нивните фотографии се класи погоре над оние од Елена, дури не се ни споредуваат. Посебно оние што се сликани од професионални фотографи, од композиција до светло, до ефект, изгледаат светски. Повеќе внимание би ми задржале тие, него Елена.
     
    На AngIv, Gosh, Glowy и 9 други им се допаѓа ова.
  18. AleksandarMaxи92

    AleksandarMaxи92 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    Дечки вака ќе ви кажам. Мене лично ме интересира која каков бренд или дизајнер има за промовирање па со што сака нека е сликано и каде било. Да, Шијакоска и Ангела па и Ксенија дури имат подобри про фотки но едноставно тоа јас лично не го гледам како важно и не ми значи. Еве девојката со сликање пред гаража или кујна и комода како што вие кажувате и гледате, успеала за некој гиганти да слика. Нејзин стил некој. Па неможе на сите истите да ни се допаѓаат фала богу хахаха. Мене ми е и симпатична и сум и пишала повеќе пати и многу фина и тоа ми значи повеке од се. Тоа е тоа, различни вкусови имаме и мислења. И во право сте за про фотките па дури и местата. Она ми е поразлична бидејки слика 90% за некои брендови надвор од Македонија и затоа ми е интересна за следење. Има многу инфлуенсери и блогерки поуспешни 10 пати повеќе од неа и од сите други Македонки а се сликат исто со телефон или на никаквопосебни места и позадини. Ангела и Елена ми се два стила што ги следам кои се различни за во Македонија и надвор. Има премногу во Македонија кои сликат стварно професионално и прекрасни фотки имат нема збор за тоа, го почитувам, но пак ќе кажам лично за мене не ми е битно со што е сликано се додека има некое интересно брендче невообичаено за нашата држава и слично. Сум си комбинирала нештои тоа е тоа. Ве гушкам сите и чил оут хаха :)
     
    На dariaslife, BlackCat и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  19. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Јас од тука ја разбрав Грнчарова и изгледа многу очекував, па затоа и многу се разочарав. Ама со фустан за на црвен тепих сликана во кујна покрај шпоре, мислам навистина не оди.
     
    На Ladybug2436 и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  20. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Девојкава е предобра.
    Да ти е милина да ја глеаш, тип топ е, стил 10ka.
    Баш изглеа современо и светски. 8)
    Колку години има девојчево? Се глеа дека е многу млада.
     

    Прикачени фајлови:

    На S.W.A.G, L.i.n.a.a, Mariangel и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.