Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека ниедна од тие што пишале смета дека мислењето на некој бјути блогер во било кој случај би можел да биде на исто рамниште со совет од дерматолог. Но, штом поставиле прашање, сметам дека е убаво да има некаков повратен одговор. На крај краева, кога сите тие соработки и реклами преку кои ги остваруваат приходите на инстаграм зависат и те како од бројот на следачи и интеракции на профилот, би требало да се трудат да имаат комуникација со следачите.
    Не дека едната страна не претеруваат можеби со типот на прашања, ама ако јас лично побарам било каков општ совет од блогерка што ја следам и ги ценам нејзините мислења би сакала да добијам одговор.
     
    На Waverly Raven, Skorpija25, ohlalalala и 4 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Па ако се занимава и сака да помогне,ако го работат зашто сакаат и им е хоби и да вреди 500 денари ќе платам,не е проблем за пари туку пристапот.

    Пристапот да е човечен, испаѓа дека побитна е популарноста за да привлече спонзори отколку да помогне на луѓе.
     
    На ohlalalala, CindyAnn и Astrum.Obtutus им се допаѓа ова.
  3. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    11.578
    Па еве да речеме и Тамара Калинич е инфлуенсерка. И таа рекламира шминка, мода, козметика.
    Ако и пишеш нејзе ќе очекуваш да ти врати совет или препорака?
    Зошто имате двојни страндарди?
     
    На Gosh, eva993, Mariangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Не ја следам, ама и го отворив профилот сега и никако не можам да ја сместам во иста категорија со останатите. Исто и Кјара, и сличните на нив... да не ги мешаме работите.
    Така што, не, не би и пишала затоа што самиот нејзин блог/профил е ориентиран во скроз друга насока, а постовите и се поврзани со висока мода, шминка, etc.
    Додека, кај профили чија намена е всушност препораки за нега на кожа, шминка и било какви козметички продукти и се линк помеѓу самата козметичка линија и потрошувачот сметам дека нема ништо срамно да се постави прашање.
     
    На buba4e89 и ohlalalala им се допаѓа ова.
  5. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Се виде колку се професионални и отворени за дискусија.|(
    Да ја прашаш најкултурно за совет и без причина ни да ти врати нит ништо блок ти ака.|(
    Епа браво шо да кажам.
    Не заслужува да има толкав број следачи ни едната ни другата со таков однос кон истите.

    Поконкретно за Катзиа пишувам, за Магнолија не знам и неам пишано и не ни планирам никогаш.
    Премногу арогантни, дигнати и летнати во облаци.:|
    Кога може некој што има дупло повеќе следачи да одговори во најбрз можен рок и самиот да се зачудиш, овие двеве госпожи не можат, све немаат време и си имаат други обврски, демек никој друг нема...

    Ама кога се работи за следачи и лајкови први се тогаш.
    Значи мајката му е да им лајкнуваш редовито и да им коментираш со емотикони и пофални зборови е тогаш може ќе се заинтересираат и ќе те рецнат, дотогаш ништо, пишувај ти упорно за џабе ако си немаш попаметна работа...Бруки...|(

    Не биле должни, па зашо тогаш се нафаќаат уопште да водат јавни профили со голем број следбеници??? :|
    Нели се фалат дека даваат корисни совети за нега на лице, шминка,препарати кои што ги рекламираат.Сигурно се сфесни дека луѓето од нив очекуваат да ги удостојат со еден ебан одговор.
    #прашањаштомемачат
    Блокнува без причина ама затоa ете ја коа и пишав поплаки и критика одма ми врти дрско и спремна да се расправа за џабе... Свашта|(
     
    Последна измена: 10 мај 2020
    На Waverly Raven, Juicy, Astrum.Obtutus и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Свратив само за да пишам дека инстаграмот на beauty1etc ми е рај за очи! Не сум видела некој што толку се замара со бои на сликите и складност на самите постови. Пред некој ден темелно и го разгледав профилот и премногу ми се допадна!
    Имаше споделено совети во врска со онлајн нарачките, како и кога да ги порачуваме сите оние производи кои ни се на wish листа или веќе ни се омилени. Има рецензија за се’ што користела, не е тоа само збир на скапи и тешко достапни продукти, напротив.

    Браво девојко, само така да продолжиш! Веќе си ми омилен бјути блогер од кај нас. Секоја чест, продолжи со креативноста :f:
     
    На Gosh, coolgirl123, Hellobeautiful и 11 други им се допаѓа ова.
  7. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Навистина е предобра до сега најдобрата кај нас дефинитивно.
    Браво!
     
  8. SandraG91

    SandraG91 Нов член

    Се зачлени на:
    9 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Не сакав со моето мислење да увредам ниту една од двете ( Магнолија и Катзиа ).
    Само ми е нејасно зошто едната ме блокира а зошто другата не ми враќа бидејки мислам дека нивната работа на Инстаграм е пред се да имат следачи, да имат поддршка и со тоа да успеат во тој свет на дигитален маркетинг преку апликации како Инстаграм, ФБ, Твитер и тн. А за да имат следачи треба да си секогаш спремна за одговор и да имаш време бар за тие што пишуваме и прашуваме за тоа што тие самите го рекламират. Не секогаш е објаснето се во текстовите. Неможе во еден текст да има цело образложение за сите типови на кожа и се друго. Затоа некогаш има некоја еве како мене само онака убаво ќе праша дали знае нешто повеќе за некоја крема и за некој тип на лице, и ре други работи, јас сигурно нема да ја задавам ако не знае или ако не сака да ми каже. Само сакав да кажам дека многу од вас зборувате како не и било работа нејзе да враќа на сите и да ја прашуваме за се и сешто, но мислам дека е спротивно. Работа и е да враќа особено на луѓето кои ја следиме и поддржуваме. Така успеваат тие Инстаграм бјути блогерки или како сакате наречејте ги. Така уствари успеваат сите. Најбитна е комуникацијата со следачите. Има една бјути блогерка вака како Магнолија и има околу 500.000 следачи и е верификувана од Инстаграм и се познава дека и се вистински следачите, па чоече има по 1000 коментари и на сите до еден враќа и јавно објаснува на некој на кој му треба помош а пример пишал во коментар а не во порака па и обратно. Еднаш и пуштив мала порака и ми врати “Thank You” со срценце. И сега она има време да врати на толку следачи и врвни слики и соработки а нашите во Македонија немат време со 10/13 илјади следачи? Јас лично ја следам 2 години Магнолија и само можам да ја пофалам за сето тоа што го прави на Инстаграм без разлика дали е од некоја соработка или лично од нејзе, но ако зборуваме за дрскоста да не враќа на пораки не сте во право дури да е некој што ја прашува за нешто што го има напишано на пост, може само 10 сек да одвои и да пише да и го прочитат тој и тој пост и да прати линк. За се сѐ има време и не можете да ми кажете дека секој неможе да најде 2 мин од денот и да врати на обична порака. Ете некој од вас зборувате како требала да наплаќа и како други наплаќале и сл, и тоа не е проблем. Нека си стави едно хајлајт стори со ценовник или некој пост и со цела душа би платила некогаш за некој совет или што и да е. Не ми пречи на кој начин ќе ја добијам, ми пречат луѓето како неа што се најлесни за да ги добиеш за комуникација а се прават хард ту ѓет. Нема изговор, може само да научат од грешките
     
    На Waverly Raven, Anna77, Astrum.Obtutus и 7 други им се допаѓа ова.
  9. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Абе батали ги, не се замарај.
    Не се единствените има многу подобри од нив што не ги форсираат толку.
     
    На Emilija97mk и SandraG91 им се допаѓа ова.
  10. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Ќе ви препорачам девојка која е според мене многу подобра од нив две а може и во Македонија а не се форсира и профилот и е баш рај за очи како што веќе напомена некоја од девојките овде. Дајте и шанса на Beauty1etc она е најфиното суштество на планетата и пред да ја дознаам Магнолија ми беше број 1 а сега тоа се смени не поради тоа што Магнолија не враќала и тие таму хаоси.. Оваа девојка од Beauty1etc е пред нив и тоа многу! Со слики, со текстови, со понашај, со СЕ!
     
    На Anna77, Juicy, CindyAnn и 3 други им се допаѓа ова.
  11. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Бидете сигурни дека на верифициран профил ви враќа сопственикот на профилот :D си има некој threshold кој кога ќе го надминеш инфлуенсерството ти преминува од хоби во работа и извор на посериозни приходи па сите најмуваат помошници чија работа е токму тоа, комуникација со следбеници.
    Никој не е должен да одговара, ама имајќи во предвид дека сите постираат before and after слики, како тоа да им е специјалност на профилот, нормално е да се јави незадоволство кај тие што не добиле одговор. Далеку од тоа дека таа постапка ќе ме натера да ги отследам, ама можам да ја сфатам и критиката и незадоволството на одредени членови.
     
    На Avery, Anna77, Astrum.Obtutus и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Па нормално дека си имаат појаките профили некој кој им помага и менаџира со профилот,по цели тимови се тоа.
    Шо да ја отследам коа блокира безвезе??
    Магнолија нема да ја отследам,корисни и се објавите и можеш нешто да поднаучиш колку што ќе дозволи нели на нејзиниот профил.
    Мада стојам на тоа дека би требало да одговора во дм, сепак она добива од тоа, ете утре ќе помогне на некој и ќе биде препорачана на друг.
    Ама како и да е она си знае најубаво.
    Како одлучила така, тука само може да си дискутираме.
     
    На Astrum.Obtutus му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SandraG91

    SandraG91 Нов член

    Се зачлени на:
    9 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Дури и да враќа некој што е ПР / Помошник на профилот сепак се потрудиле на некој начин да воспостават комуникација со следачите за еве луѓе како мене и многу други да сме задоволни и да ни остават добар и позитивен впечаток за таа личност која за луѓе како нас плаќа можда некој да враќа од нејзиниот профил за да може да комуницира на било кој начин со сите луѓе кои веќе ја почитуват и ѝ веруват и сакат совети и сл од неа. За се има начин, само треба да се сака!
     
    На Astrum.Obtutus и ohlalalala им се допаѓа ова.
  14. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Женски
    Еве мое мислење за двете. Им имам пишано и на двете и ми имаат вратено. Можам да кажам дека се познава дека и двете се стручни во своите области. Kattzia дава многу реални совети и препораки за производи од било кој производител и очигледно не е спонзорирана од никого. Не ми се допаѓаше кога објавуваше само скапи продукти пошо не можиме сите да си ги дозволиме, сега ми се допаѓаат сите нејзини постови. Сепак знае да биде незгодна при разговор.
    Mangolia очигледно дава препораки само за производи од Белина и Оливал, одалеку се гледа дека е спонзорирана т.е зема некаков процент од тоа. Пошо не постои бренд чиишто сите продукти му се идеални. Од друга страна таа ги објаснува работите подетално и е многу попристапна и културна.
    Тоа се моите мислења за нив. А како најдобра ми е Биодевојка барем во таа област. Госпоѓата е приземна, пристапна и секогаш расположена за реално мислење. Ја поздравувам!
     
    На russian.mama, Regina.Phalange, Anna77 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    Сега го видов профилот на Beauty1etc, се гледа дека девојчето се труди, темата и се друго и е супер. Од мак блогерки најдобра содржина ми има Ангела. :)
     
    На Anna77, sierra, Emilija97mk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    26.965
    @S.W.A.G Same. Биодевојка е супер. Знам дека и на фемина има акаунт.
    Имаш поздрав и од мене. Само продолжи така!
     
    На Astrum.Obtutus, Blue.Sky и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  17. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    Мене во последно време почна Манов да ме нервира, некако многу фејк ми изгледа не знам оти...
     
  18. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Кој е тој?:?:
     
  19. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    IMG_20200510_234816.jpg
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    На The Saturdays, Mariangel и raww им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.