Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    723
    И мене ми е супер кјут и многу природна.

    Околу враќањето на пораки, сум имала искуства и каде ми вратиле и каде не ми вратиле. Сметам дека доколку е концизно прашање и конкретно за продукт што го имаат или рекламираат дека фер е да вратат (сепак се одлучиле ова да им е работа). И имав два пати на катззиа пишано првиот пат ми врати, како што кажа една членка знае да е незгодна, вториот пат не..небутно, не си го ставам многу при срце. Од друга страна пак сум имала супер искуство кога сум пишала на Јанева, Теона и Ангела сите три ми вратиле во рок од ден до два макс и многу убаво ми објаснаа она што ги прашував...Факт е дека ако сакаат може да враќаат или не, но сепак мислам дека треба да враќаат најмногу колку што можат затоа што сепак се одлучиле за оваа работа а и доста од нив заработуваат од ова.
     
    На Astrum.Obtutus, buba4e89, Ladybug2436 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.213
    Дали ги следите, виспер вес, сандра кирков и гавриеле с? Блогери ли се што се? Некако недефинирани ми се, од нив би ја издвоил Виспер ми е мн кул
     
    На h.ope и Believe.in им се допаѓа ова.
  3. tetovcankata91

    tetovcankata91 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Mene mi se isto malce nedefinirani no Sandra I Whisper mi se sekako ubavi za gledanje bez ogled na toa kakov tip na influenseri ili blogerki se
     
    На h.ope, Believe.in и Frestonia им се допаѓа ова.
  4. AleksandarMaxи92

    AleksandarMaxи92 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    Незнам за вас но мене Теона настрана што ми е симпатична и мила некако, сеуште не ја гледам како блогерка особено не модна. А верувам дека има потенцијал голем за да биде тоа. Има убави сликчиња но некако ми е уште и бејбифејс мислам дека е и најмлада од сите блогерки во државата така да има време и за неа и секако ми е една од тие што ги следам и гледам потенцијал во нив
     
    На ohlalalala и Frestonia им се допаѓа ова.
  5. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    Дали знаете како се одвива еден гивавеј со некоја блогерка? Дали треба да и платиш за да го објави?
     
    На Believe.in му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SandraG91

    SandraG91 Нов член

    Се зачлени на:
    9 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Од тоа што знам мислам дека се договараат блогерката и тие што и дават нешто за гивавеј. Има повеќе опции но мислам дека најчеста опција е платен гивавеј зависно од тоа што треба да стои на пост или видео и зависно од колку следачи и колку лајкови/ком има таа блогерка. Зборувам за подобрите блогерки во Македонија ( Ангела, Александра, Ксенија итн ). Тие наплаќаат за гивавеј или исто така им е платен во месечните кампањи со тие фирми и бутици со кои што соработуваат. А секако ги има и тие инфлуенсери и блогерки кои не имат платен giveaway и за возврат земат некој процент или некој продукт и сл. Го базирам ова за неколку од најдобрите наши што знам како работат и доколку би правеле giveaway би било најчесто платено.
     
  7. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.213
    Да Теона е баш слатка, но за мода нот нот! За добра книга препоракани за типс за патувања да. Козметика, шминки, мода не и не воопшто не и одговараат, нека си се насочи кон другите

    Не им наплаќаат, овие блогеркиве поише корист имаат тие, зашо им ги преземаат следбениците на брендовите. На другарка тетка и изработува кукли од вуница и правеше гив авеј со некој од нив и никоја не и побара пари, туку и за нив производи
     
    Последна измена од модератор: 11 мај 2020
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Beauty1etc

    Beauty1etc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски

    @Izaabella @ohlalalala @dariaslife @raww здраво женски! Не можам да ви опишам колку значат позитивни и пофални зборови, и колку дава желба за надградување во истото за мене а верувам и се надевам дека за сите што се одлучиле да прават нешто вакво или слично. Како што напишав негде претходно се слагам со многу од колективните мислења на некој теми тука и сметам дека колку и да позитивни критики даваат елан секој од нас што на некој начин се касифицира како инфлуенсер ( јас лично Не, повеќе се гледам како контент креатор за одредена тема :)) ова треба да го гледа како лектира на што сака/цени публиката која што сме решиле да ја таргетираме бидејќи на страна нашата посветеност и љубов никој нишо не може да постигне без публиката ама апсолутно ништо. Така да и негативна критика гледам како супер шанса да се надградуваме и би ми било драго што појше да прочитаат :). Во делот за не враќање на пораки како што кажав и на првото и сеуште сметам дека секогаш постојат две страни на приказната и мал милон фактори кој можат во двете страни да предизвикаат некаква реакција...Во однос на контентот кој се пласира исто така голем дел од вината ја префрлам и на брендовите (секогаш има исклучоци ) Зборам и од лично искуство многу брендови сметаат дека ако испратат продукт треба да добијат по дифолт позитивна реклама и тоа под нивни услови ( бараат одреден број постови сториња и секако само најпозитивни ставови за продуктите ) и тука се креира систем кој според мене е многу погрешен бидејќи се губи секаков критериум . Се тргам себе на страна бидејќи ова го правам комплет од желба и без финански надоместок и плус имам можност да го правам, но не треба да заборавиме дека некој од набројаните ( и ова не го мислам за лошо) решиле дека ова го прават како фул тајм џоб и се стремат кон финансиски бенефит од целото. Тука ”големите” брендови ( а за пазар како Мк е многу смешно да кажеш големите ) имаат моќ над девојќи или било кој што се занимава со ова бидеќи условно кажано ги купуваат со испратени чевли или крема или шо и да е, а на нив им изгледа како супер шанса за некаков бенефит или иден потенцијал а за жал не е никао оправдливо за времето вложено на било кој. Себе вреднување (имање критериум и познавање на темата што ја пласирате) и економска едукација е нешто што секој треба да поработи според мене а се одлучил ова да го прави и само така ќе имаме квалитет наспроти квантитет а секако и малце self awareness ( бидејќи три коментари од другарките дека си топ не те праи манекенка и 2 рецепти од пинтрест не те праат мишелин стар готвач ) . Тука можам цели есеи да искуцам шо се не чини ама ајде :) Тоа е за инфлуенсерите а ние како публика се ставам и себеси бидејќи и јас следам треба да имаме филтрација што следиме што не и критериум што е за “верување” а што е само ефтина реклама за онлајн бутик :) кога ќе отворам инстаграм сакам да имам профили кој ме инспирираат а не шо ме замараат или нешо не ми чини . За секој има публика и секој секој со своето. На крај на денот it’s just makeup, skincare, fashion или шо и да е, и треба да е излез од секојдневието забавно и лесно и не треба да го сваќаме како пре сериозна животно дефинирачка тема :) Ако стигнавте до крај супер се надевам не отупев премногу Фала уште еднаш на позитивните коментари
     
    На CameliaMiller, Dust, Skorpija25 и 25 други им се допаѓа ова.
  9. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Скроз се сложувам со тебе.
    Продолжи така, биди си природна и своја, само напред,ја имаш сета поддршка од сите нас!:hug:
     
    На Beauty1etc му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Јас ги следам и трите мислам дека се травел и лајфстајл, ама со ситуацијава нема патувања, знам откажаа некои патувања периодов.
    И трите ми се многу позитивни. Сандра и Виспер се поактивни.
    Виспер е многу природна и опуштена пред камера, и секогаш интересна со постовите. Од неа научив за места и во Македонија што не знаев дека постојат и сакам да ги посетам.
    Габриеле е член на форумов, би сакала некогаш да ја слушнам и видам на стори, некако немам целосна претстава за неа, површно повеќе преку фид само. Така да се надевам ќе прочита.
    Сандра најдолго ја следам, таа ми е една од првите блогерки што се издвои на почетокот.
    Мене лично ми се допаѓаат такви профили, секогаш убави фотографии и позитивно расположение.

    Другарка ми контактираше со некои за соработка. Некои побараа пари 30-50 еур за гивеавејот, некои компензација т.е. еден производ за нив еден за добитникот. Значи зависи како ќе се договорат.
     
    Последна измена од модератор: 11 мај 2020
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Beauty1etc

    Beauty1etc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    ❤️

    ❤️
     
    Последна измена од модератор: 11 мај 2020
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај травел јас ги следам и ги читам само блоговите на Јанева и Теона. Преубаво ги објаснуваат патувањата и даваат многу добри совети. Исто така ми се допаѓаат и сликите на Сандра и ја заследив бидејќи ми се појави спонзориран пост од неа, но не ми е меѓу омилените. Другите некако не ми се допаѓаат воопшто. Посебно Виспер, не можам да ја слушам кога зборува на стори па ја отследив.
     
  13. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.213
    Teона е омилена за книги и патувања

    Искрено мене дизајнот на сестра и не ми се допадназ имаше доста подобри

    Виспер ми е слатка топла се поврзува одма со публиката и делува доста искрено и сигурно жената е во 40сетите и се одлучила на ова и баш ми се допаѓа
    А за габриеле не ме привлекува ништо на нејзин профил, слики спонзорирани досадни и тоа... не знам која и е поракава. И сандра ми е досадна некако веќе ја отследив пред некое време
     
    Последна измена од модератор: 11 мај 2020
    На h.ope и Believe.in им се допаѓа ова.
  14. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, ви благодарам на сите за коментарите и за позитивните и 'не толку позитивните' критики ‍:D
    Тие што ми го имаат разгледано профилот можеби забележале дека релативно кратко време сум активна (скоро една година, што го сметам за малку во споредба со другите прочуени профили), и се уште го градам профилот и се надоградувам лично. Во принцип, замислата ми е да е травел профил со совети, анегдоти, факти и сл. од местата што ги посетувам, и помалку неизбежниот lifestyle. Скоро сите слики на профилот од странство се од претходната година. Сите ние имавме многу други замисли за оваа година, но тоа е што е. Се надевам дека откако ќе се среди ситуацијава годинава ќе имам прилика да прошетам некаде (што секако и пред се го правам за мене лично, па зошто да не споделам и некоја убава фотографија или совет од таму каде што сум пошла.)
    Во врска со видеа со зборување, да, и други често ме мотивираат да снимам некое видео. Треба да го направам и тоа, навистина сметам дека така може подобро да се запознае личноста, но од друга страна пак, не сакам бесцелни и празни муабети, само колку да ме има. Така да, кога ќе имам нешто важно да кажам, ќе снимам и видео. Дотогаш отворете на @gabrielle_d.s и ве молам дајте ми и други конструктивни критики. Особено тие што сакаат патувачки фотографии. Јас верувам дека на голем дел од инста популацијата не им е интересна таа тема, и тоа е легитимно, како мене што многу малку ме провлекиваат makeup профили, но кога ќе погледнам некој среден и уреден мејкап профил, не можам да речам дека е лош, само затоа што јас со една палета сенки терам цел живот .:D
     
    На Blackandwhite123, redhead, h.ope и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Прво, браво за храброста што одговори.
    Второ, се согласувам дека најмалку застапени и најтешки за одржување се травел блоговите/профилите.
    За толку кратко време одлично напредуваш.
    Ти посакувам многу успех
     
    На h.ope и Gabrielle... им се допаѓа ова.
  16. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу , најмногу. Немам од што да се срамам или да кријам, па затоа секоја критика ми е само добредојдена и ја сфаќам доборнамерно. Нормално е да не можат сите симпатии да се освојат :D

    Инаку, покрај @whisper.ves и @sandra_kirkov кои се во травел категорија и кои ми се многу драги 'колешки' што ги запознав на почеток на мојата 'инста кариера :D' и кои несебично ми помагале особено во изминативе месеци, сакам да ја споменам и @serafinapekkalla , која малкумина ја знаат дека е македонка, а е мнооогу позитивно специфичен лик, и патувањата и се извонредни.:inlove:
     
    На h.ope, danichap и Believe.in им се допаѓа ова.
  17. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Дали го следите @evgenijhoup ?
    Писател и травел блогер, незнам дали е претходно сте го коментирале
    Има интересни фотки
     
    На ohlalalala, tetovcankata91 и h.ope им се допаѓа ова.
  18. AleksandarMaxи92

    AleksandarMaxи92 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    Сега го дознав од тебе и го погледнав профилот и стварно премногу ми се допадна! Пред се бидејки човекот си има пронајдено што и како сака да слика и работи и пред се сѐ има пронајдено себеси како Инстаграм блогер и сл, и цел feed му е прекрасен.
     
    На Believe.in и h.ope им се допаѓа ова.
  19. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Сум те следела сега проверив ама не знам зошто никогаш не ми излегуваат слики од тебе. Баш си супер :)
     
    На Gabrielle... и h.ope им се допаѓа ова.
  20. Sunset Flower

    Sunset Flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    155
    Мене ми се допаѓаш имам пишано порано
     
    Последна измена од модератор: 26 мај 2020
    На Gabrielle..., Lepaaa и Believe.in им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.