Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    1.919
    Фала ти, баш ми е мило :l:
     
    На Believe.in му/ѝ се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Јас те заследив тебе. Поточно прво отворив да видам како изгледа профилот. Скоро се е во нуд нијанси и ми се допаѓа. Скролам така и наидов на рецензија за фарсали серумот зелениот. Не си свесна колку многу се израдував затоа што долго време барав некој да напише за него нешто. Твојата рецензија ми помогна да го ставам во кошничка и да се почастам со нарачка. Приметив дека имаш мрсно лице и дека ги користиш Пикси. Може многу да се прочита, посебно ми се допадна делот на стори каде кажуваш дека можеш за својата кожа да кажуваш,за други не би сакала да погрешиш. Барем си искрена.
     
    На Izaabella, Beauty1etc и h.ope им се допаѓа ова.
  3. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    1.919
    Јас сакам кога има малку и од приватниот живот, нормално зависи и за каков профил станува збор.
    Ако е детски профил тие што го следат ќе очекуваат таква содржина.
    Јас лично најмногу реакции добивам кога ќеркичката е присутна во сторињата. Сепак внимавам да е тоа умерено.
    А меѓу другото најчесто патуваме заедно како семејство и нормално ќе има и заеднички објави.
     
    Последна измена од модератор: 26 мај 2020
    На ohlalalala, Gabrielle..., Believe.in и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.213
    И јас исто мењам фаворити
    Сега ми се Ангела убаво ми е да ја гледам и Ана ристова некако ме освеже со сликите овие неколку дена и заслужва похвални зборови
    Теона Манго ми е супер со препораки на книги и за травел број 1 секако
    Виспер како што кажав ми е ту кјут и слаткиш е
    За кујна и јас ја следам крстевскаива и девојчето ми е мн супер и за ентериер за се, доста добри слики и обожавам да ја гледам ко ке зборит
    Исто ја следам и Елена алак од хом декооур и ми се допага сто и ср сите слики наредени со стил
    Друга недела мењаме фаворити
     
    На Believe.in и h.ope им се допаѓа ова.
  5. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    FrosinaD мене ми се свиѓа.
    Овие Ксенија и Александра не ги можам, бледа копија.
     
    На fateful и Frestonia им се допаѓа ова.
  6. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.213
    Frosina D ми беше омилена таа почна со свој блог уште 2015 мислам и доста беше добра сеуште ја следам ама не знам зашо не се занимава, зашо ако почне пак број 1 ќе биде
     
  7. Beauty1etc

    Beauty1etc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Баш ти фала :) значи многу❤️ И во однос на она што јас го правам и во самиот опис стои дека сум ентузијаст за шминка и нега далеку од експерт со сертификати :) идеата е преку моето исуство да ви помогне во носење на одлука за торшење пари у секој случај со здравје да си го коростиш се надевам ќе се заљубиш исто ко јас во него :) чекам мислење :*
     
    На CindyAnn и buba4e89 им се допаѓа ова.
  8. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Па добро и една Кјара Ферањи што е светски позната 90% од сторињата и се со маж и синчето Лео.
    Ама таа има огромна публика, не е само блогерка и инфлуенсерка,туку и дизајнерка е,знаеме дека има премногу соработки со разни брендови,па веќе е и на некој начин селебрити.
    Нормално e да ги интересира луѓето нејзиниот приватен живот.

    Само,се согласувам дека понекогаш стварно претеруваат и нашиве, посебно Шијакоска со внуците.Немам против деца,слатки се ама нели промовира мода,треба да се задржи до темата.
     
    Последна измена: 13 мај 2020
    На sierra, h.ope, Beauty1etc и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Добро е што во темава се приклучија и некои блогерки, да го прочитаме и нивното мислење.
    Секоја чест за целиот ваш труд, за тоа дали некому се допаѓате или не, или пак дали некој ќе ве следи или не, е сепак индивидуално. Јас стојам на тоа дека во Македонија нема економски капацитет ваквиот тип на маркетинг, да може да се живее од блогерство и тоа да е единствен извор на заработувачка од која може да се живее. Затоа ќе речам во секаков поглед сме далеку од светот. А и реално и општо гледано, сметам не сме ни некој креативен народ.
     
    Последна измена од модератор: 26 мај 2020
    На Beauty1etc, CindyAnn, Blue.Sky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски


    Искрено јас не ни очекувам некоја заработка или некаков бенефит. Имам добиено мал милион понуди за пакет производи, ама дел сум одбила дека не ми се допаѓал состав или слично, а сите дека едноставно не е можно зошто не живеам во Македонија.

    И реално, живеам во држава каде што Биодерма мицеларна вода е 6€ на пример, па можам да кажам дека немам ни потреба со оглед на мојата примарна професија.

    Многу пати сум понудила наместо мене да ги подариме тие производи на некој кој навистина има потреба ама скоро никој не се сложил.

    ХХ бренд кој јас го форсирам и многу мислат дека е моја соработка е тоа зошто таа фирма беше единствената која се сложи да доделува со мене такви бесплатни пакет производи на девојки на кои навистина им треба ама не можат да си дозволат... и еве досега тоа никој не го знаеше, зошто сметам дека хуманата страна и подарокот се нешто за кое не треба реклама.

    Јас сум секогаш за она да се шири позитива и добро расположение, зошто сите ние “водиме некои битки” надвор од овој виртуелен свет - колку и да звучи клише.
     
    Последна измена од модератор: 26 мај 2020
    На Stressed Out, Blackandwhite123, h.ope и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    Супер ти се сите фотографии светски, осмислени со тонови на бои баш складни. :) Поздрав.
     
    На Beauty1etc му/ѝ се допаѓа ова.
  12. majestic.at

    majestic.at Нов член

    Се зачлени на:
    13 мај 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    8
    Здраво на сите!

    Јас сум Алекс или Маџестик - како сакате.

    Случајно налетав на темава. Да напоментам дека не ги прочитав сите коментари, но благодарам за сите позитивни и негативни критики - секоја критика е добредојдена! Прочитав неколку коментари на почетокот што е блогерка, а што не - па како стручњак на темава би рекла дека блогерството (поседување блог во мк изумре затоа што немаме култура за читање, затоа ретко кој има блог). Јас водев свој блог 2-3 години и навистина треба доста голем труд. Во превод: за да изгледа квалитетно ти треба цел тим позади тебе. Затоа блогерството (според мене) се префрли целосно на инстаграм, а во последниве две години има голем бран на инста инфлуенсери. Јас лично целава приказна ја поживувам на друг начин, после 6 години можам да кажам дека конечно заработувам, но пред се ова го доживувам како хоби. Мојата примарна професија е поврзана со маркетинг, па ова ми е како side job, иако долго време бев посветена само на инста блогинг.

    И ќе прокоментирам за уште една работа која ја прочитав, а тоа е која инфлуенсерка каква била. Никој не е совршен, тоа го кажав пред некој ден на story, а и секој човек има различен вкус. За некој јас сум антипатична и имам фејк фоловери, а некој сум океј со тоа што го презентирам. It’s okay!

    Најважно е да бидеме реални во тоа што го презентираме.

    Како и вие и ние правиме грешки, имаме лоши денови, немаме енергија итн.

    За крај би сакала да ве повикам да не осудувате - бидејќи јас ги знам СКОРО сите блогери или инфлуенсери (како сакате) и сите се океј ликови и сите се дружељубиви и посветени. Секој нѐ перцепира различно и тоа е океј.

    Убава вечер. ❤️
     
    На Sunset Flower и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  13. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Сите блогерки и инфлуенсерки се собрале тука,ако убаво.:)


    Јас не ја следам баш многу,не ми излагаат ни слики ни сториња и неам некое мислење за девојката.
    Од тоа шо иам ѕирнато сториња, да се понаша малку чудно и детинесто,у некој фазон е хаха

    Позз @majestic.at неам лоша намера.
    И колку години имаш ако не е тајна? :)
     
    Последна измена од модератор: 26 мај 2020
    На h.ope, buba4e89 и Frestonia им се допаѓа ова.
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Јас стварно немам таков впечаток за неа. Мене ми е многу down to earth кога збори на сториња, некои и се пресмешни и знам повеќе пати во денот да ги погледнам. Ми се допаѓа и стилот што го носи, фризурата врв, знае интересно да се нашминка.

    Кога сум веќе тука, периодов редовно ги следам maryse и majestic, другите сите ми здосадија.
     
    Последна измена од модератор: 26 мај 2020
    На SelenaGomez, Juicy и tetovcankata91 им се допаѓа ова.
  15. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Морам и ја да ја пофалам maryse, имам повеќе пати кажано Ангела ми е прва, и сега веднаш под неа ми е maryse :inlove: Многу убава девојка, многу фино и мило изгледа, ми се допаѓа и како збори и сите теми кои и ги опфаќа профилот:) од тука ја дознав, и стварно ретко некој на прв поглед и толку брзо да ми се засвиѓа:inlove: огромен потенцијал има во неа, баш ми е различна од другиве, истото па истото.. само да продолжи така и верувам многу ќе успее
     
    На tetovcankata91, ohlalalala и Frestonia им се допаѓа ова.
  16. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    И она нека се придружи у темава.
    Поинтересно е коа имаме директна комуникација со нив.
     
    На Beauty1etc му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Два дена се исклучив од темата и се случиле доста интересни работи хаха. Вака не била живната оваа тема од кога е креаирана.
    Пред се, баш ми е мило што на некој начин сме стигнале до ниво да се приклучат неколку девојки за кои овде се зборува. Не мислев никогаш дека нашите мислења и нашите критики какви год биле негативни или позитивни дека ќе чепнат до вас. Е сега, секоја од вас што дојде овде е наводно за “секоја критика ја прифаќаме”. Зошто? Зошто мислите дека треба да дојдете на темата и да се докажувате на рандом лица? Зошто си го газите вашиот сопствен труд со тоа што ќе дојдете овде на фемина и на 30 особи ќе им пишете реферат. Па луѓе и најлоши блогерки да сте, немате зошто да идете овде и да се правдате. Што ќе беше светот ако на сите ни се допаѓаше истото!? И Chiara Ferragni е божица во светот на модата има милион хејтери на кои им смета во се и сешто. Сум читала како зборуват големи јавни светски фаци дека нема појма од мода и дека е проста, и дека дошла до патот на успехот со одење со милион мажи и уште какви ли не глупости и тоа глупости кои ги пишувале од свое име и презиме некои јавни личности. А вие доаѓате овде и се понижувате на рандом лица а со извинение сте далеку сите до една од ниво на светски блогерки. Дури и за Македонски блогерки повекето од вас не си ја вршат работата убаво. И со тоа што ќе дојдете овде и ќе кажете ама во Македонија е така, ама јас сум таква, ама тие се такви.. со тоа само докажувате колку немате капацитет да просперирате на светско ниво и дека Македонија ви е нешто најдобро што може да ви се случи. Вие се додека се жалите од Македонија губите време да пробате да сте светски. Не ве вреѓам само сакам да ви укажам дека нема да му се допаѓате на секого и нема потреба да се трудите сите да ги придобиете. Со тоа што пишувате реферати и се правдате неколку од вас многу ве почитував, а сега ме разочаравте. Ми докажавте дека вие неможе да се носите со критики. И јас многу критики од овде мислам дека не се на место но не значи дека треба да допрат до вас. Па замислете на светските блогерки како им е. Но тие гарантирам дека к*р не ги боли за вакви сајтови и кој што кажал за нив освен порталите кои што ги величат. Жално е што сите сте свесни дека во Македонија не ви чини за модни блогерки и инфлуенсери а само се жалите а ништо не пробувате за да успеете надвор од Македонија или капацитет немате. Излезете од кругот да им се допаѓате на македонска публика со македонскиот маркет. Од овде нема успех за да сте модна блогерка и инфлуенсер и да имате живот од тоа. Може да правите по некој денар но не доволно за да живеете како што доликува на една успешна модна блогерка.
    Тие од Македонија што ве почитуват и сакат и што се разбират од успех ќе ве сакат повеќе доколку сте светски блогерки па дури и да сте просечен блогер со странски соработки. Македонските брендови никаде не бегат, тие се, истите се, тука се. Chiara Ferragni Дуки и Дасо да не рекламира? Значи немам ништо против нашиот маркет јас носам наши производи 90% од мојот гардеробер, но за модна блогерка 90% од вашиот гардеробер треба да е со светски брендови. Значи има и светски брендови кои се евтини но се во тренд. Не мора да имате Channel, Prada, Louis Vuitton, Hermès и сл. Никој не ви брани и наши брендови да си ставате но не и да чекате успех од наши брендови. Тоа нема да се случи. Ако беше така сите светски блогерки ќе носеа наши брендови.
    Значи се додека задоволувате македонска публика а свесни сте дека од Македонија нема многу помош во оваа категорија, вината е ваша. Немате што да доаѓате овде и оправдување да давате. Македонија не ви е крива, вие сте.
     
    На m.i.g, Frestonia, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  18. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    1.919
    Во право си за многу работи, само не знам зошто го гледаш како правдање ако сме влегле во темава. (Или некој друг како себепромоција)
    Според мене барем логично е како нов член да се претставам и да кажам некој збор. Секој различно се носи со критика точно. Ако е како што велиш тие што најмногу се негативно критикувани, дури и навредувани не ги гледам тука.
    Можеби и ние сакаме да прашаме мислење за одредена тема, можеби сметаме ќе биде поискрен одговор ако е од анонимни лица како што се 90% од членовите.
    Не го велам ова конкретно за тебе (всушност си многу реална колку што сум те читала) но има многу членови што од сѐ го вадат најнегативното.
     
    На Принцезичка1, Blue.Sky, redhead и 6 други им се допаѓа ова.
  19. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш од кога сум на темава само поддршка давам за сите вас. Додуша сега незнам која си ти. Но мислам дека беше Whisper. Мене ми е иритирачко тоа што повекето од тие што се приклучивте на темата се пожаливте за Македонија и дека нема многу услови овде итн. И во право сте! Но во исто време никој не ви брани да успеете надвор од Македонија. Тие што ве почитуваме секако ќе сме со вас. Но се повекето кои дојдовте на темата имате како изговор дека сте лимитирани. Неможе да сте лимитирани на толкава планета со толку многу маркети и како само нашиот да е единствен. Нашиот маркет се покорува за 1 година макс. После тоа треба да се покорува нешто поразлично и поинтересно. Тоа си е и ваше. Но веќе кога неколку од вас се пожалија за услови во Македонија нема како а да не дадам мое мислење.
    Не ми пречи што сте на темата, баш напротив. Но ми пречи што многу од вас како што кажав дојдоа овде на начин на жртва и со најдена кривица за тоа за што беа критикувани.
    Јас тебе те следам и скоро сите од нашите инфлуенсери и блогерки и секогаш сум кажала секоја чест за желбата и трудот. Но мислам дека малце на неправилен начин се приклучивте неколку од вас. Ќе ми биде чест да разменуваме мислења на темава и да ве имаме овде но за некои работи не сте во право. Јас продолжувам да ве следам и да сум ви поддршка но исто така стојам на мое мислење дека малце не сте во право.
     
    На Beauty1etc, GirlRose, raww и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Да, дечки, не знам зошто веднаш помислувате дека некој е за промоција или за правдање. Зарем нема и други теми каде што се постираа блог објави и каде што се бараат совети како да се подобри комбинацијата, блогот, стилот..или било што. Анонимните критики се секогаш пореални од тие што ќе ти ги даде некој познат. Ако на некоја анонимна членка не и се допаѓа нешто, нема сигурно да ми прави лице туку ќе ми каже како што мисли. И не е за самодоверба работата. Мое мислење е дека ако некој сака да гради искрен однос, треба да го чуе мислењето од другата страна особено ако се уште го гради профилот. Затоа и на стори често се поставуваат прашања: што 'публиката' би сакала да гледа, ама таму веројатно повеќето одговори би биле 'супер си, терај така' само заради допадливост. А овде никој нема потреба да го каже тоа ако не го мисли.
    Плус тоа, во секое време може да се провери кој колку бил активен и дали наменски е отворен профилот.
     
    На Blue.Sky, ohlalalala, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.