Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    1.919
    Whisper.ves сум да.
    Па и тоа е конструктивна критика, не треба да се ограничуваме на Македонија со 2 милиони народ толкав може и да биде капацитетот.
    Најчеста грешка што јас, а верувам и повеќето ја прават е што за соработка се ограничуваат на локално ниво.
    Сепак има друг вид на ограничувања за соработки со странство, процедури кои не зависат од нас.
    Најлесно функционира опцијата да ти испратат подарок, а кој може да живее од подароци.
    Добро е што веќе почнува да се гледа како професија, сепак зависи колку човек ќе се посвети на тоа, како и во секоја хонорарна работа.
     
    На Beauty1etc, danichap, Believe.in и 2 други им се допаѓа ова.
  2. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам. И тоа ми беше поентата. Се ограничувате на локално ниво. Неможам да ви кажам ајде бидете светски инфлуенсери и блогерки. Знам дека не е лесно. Но секако има процес и секако е возможно. Капацитетот во Македонија не треба да ви е битен и за нашите локални брендови. Пак имајте ги настрана, но треба да имате вие капацитет да се пробиете надвор од овде и да со цел тој труд и желба што ја имате да успеете како што ви доликува. Затоа не ми е ок кога се жалат дека во Македонија толку се може бидејки Македонија имала толку капацитет и не била развиена за модни блогерки и инфлуенсерки а не се свесни дека тие самите немат капацитет за надвор од Македонија кај што се парите од оваа работа и успехот и се друго

    Едит : На некој начин ми е жал што сте ограничени само за Македонија а со истиот труд и желба во странство ќе ве ценат, плаќат, почитуват повеќе.
     
    На Beauty1etc, Frestonia, AleksandarMaxи92 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.313
    Јас пак со спротивно мислење од Дариа.Еве некои не се заглавени со мк брендови туку одбираат да работат со нив.Не на сите им е единствена работа инстаграмот.Може прва љубов им е нешто друго па ете хонорарно си заработуваат и од инстаграм.Не им треба некој анонимец тука да им каже станете светски инфлуенсери.
    Исто со извинувањето сметам дека сите можат да згрешат и дека да се извиниш е човечки.И тоа не го прави инфлуенсерот помал во моите очи напротив. Извинувања сум гледала од многу поуспешни од македноските инфлуенсери и не го гледам тоа како правдање едноставно како искажување на другата страна .

    thequeen b има добар профил, поинаков стил,добри комбинации,одлични фотографии.
    beauty 1etc многу ми се допаѓа профилот(y)

    @Lepaaa Би сакала да видам на твојот профил правилно нанесување на серумите влажна или сува кожа и твое мислење за следниве брендови vichy,este lauder,clinique,hada labo tokkyo[/USER]
     
    Последна измена: 14 мај 2020
    На Juicy, sierra, Blackandwhite123 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Инаку пофалба за Ксенија, ми се допаѓаат минатите неколку слики :) белки ќе се врати на старото темпо, минатиов период беше катастрофа
     
  5. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    И јас имам спротивно мислење од Дарија, да бидеме реални Македонија е мал пазар. Зошто нашите блогерки да рекламираат странски производи кога прво и основно повеќето нема да ги купат?
    Пример, јас работам во шпедитерска фирма и можам со сигурност да кажам дека повеќето светски брендови воопшто не ја гледаат Македонија како таргет група па затоа не се присутни на овој пазар и не ни сакаат да се рекламираат тука.
    Доколку не ми верувате, проверете и сами. Повеќето познати онлајн брендови воопшто немаат шипинг до Македонија. На рака се бројат само тие што имаат.
    Нашиве блогерки претпоставувам дека 90% од лугето што ги следат се од МК, па сосема е нормално да рекламираат МК производи. Ако не ви се свиѓа тоа, тогаш следете си ги тие странските никој не ви брани. Ама мислам дека е смешно кога ги споредуваме со интернационалните блогерки што имаат многу повеќе можности од нашите.
     
    На Dance88, Hellobeautiful, Svetoslava и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Коментарите на сите блогерки што пишаа на темава, беа поттикнати од тоа што веќе беа претходно споменати. Ако некој им направи промоција, тоа сме ние тука.
    А не гледам ништо лошо во тоа што направиле акаунт за да си ја одбранат својата страна, кога веќе тука е дискусијата за нив.
     
    На Stressed Out, Juicy, sierra и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Јас лично сметам дека нема ништо лошо во тоа што се регистрираа и пишуваат.

    Целосно се согласувам, всушност и треба да ја слушнеме и нивната страна.
    Ако прозборат за истово што се дискутира тука на стори одма ќе искоментирате еве не читаат. Не мислите дека е подобро тука да кажат што имаат?
    Од друга страна и да е само промоција мене не ми пречи, иокана за добар дел од темава научив.
     
    На Stressed Out, Mariangel, Blue.Sky и 3 други им се допаѓа ова.
  8. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. За жал ме имате разбрано грешка повекето од вас. Тоа за странскиот пазар го имав пишано за тие што се жалеа дека во Македонија не им е ок. Сакав да им напоменам дека доколку овде им е тешко и нашиот пазар им е неразвиен, тогаш нека се пробат на странскиот пазар. Не ги пуштив право таму. Плус ми е мислењето баш поврзано со тоа дека навистина овде пазарот е едносмерен и премногу бара за премалце понудено. А со сета таа работа што ја вршат нашите блогерки и инфлуенсери ако би биле во странство и ако би земале хонорари од странски брендови овде би заработувале многу повеќе. Тоа мислам и без да го кажам јас е јасно како ден. Ми е жал што морат да работат со цел труд а се сепак некако заглавени овде. Се ми беше со добра намера кажано, и се извинувам доколку сето тоа не звучеше така. А за тоа дека неколку блогерки се приклучија на темата не го сметам тоа за само промоција, баш обратно, ми е жал што поради анонимус луѓе се овде. И како што кажав, мојот гардеробер е скоро цел со наши брендови и немам ништо против промовирање на наш маркет, тоа и го кажав. Но исто така кажав дека нема да е лошо некогаш да видиме нешто поразлично без разлика дали ние тоа може да го купиме, не значи ако јас ги следам другите блогерки низ целиот свет дека им го купувам тоа што го рекламират. Едноставно ми се допаѓа што рекламират и сепак со нешто попознато и поразлично се добива шанса за поголема креативност и поинтересен и поубав фид и ваљда поголеми шанси да работиш со подобри брендови. Но тоа си е нивно, со што сакат нека сликат, што е до мене ете само мислење и идеји можам да дадам. Затоа е темата. Никој овде не е експерт и да беше толку лесно како што ние мислиме требаше од овде да има 20 светски блогерки од темава.
     
    На Ladybug2436, Believe.in, h.ope и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.532
    Пол:
    Женски
    Не ја подценувај моќта на форумов ;)
     
    На ohlalalala, Beauty1etc, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Јас следам многу блогерки, голем дел ги разбрав од тука, претходно повеќе бев по мајките и сега тие ми се побројни. Не ги проучувам до толку колку следбеници, лајкови имаат итн, ама имам заприметено дека некои работи кои тука се пишуваат си ги поправаат значи дека читаат :) Јас не сакам да напаѓам некој ако ме нервира и е доседаден го одследувам и толку.
     
    На Mariangel, Frestonia и h.ope им се допаѓа ова.
  11. majestic.at

    majestic.at Нов член

    Се зачлени на:
    13 мај 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    8
    Не дојдов да си направам промоција на место каде што ме коментирате, вајда ме комнтирате дека ме знаете. Не знам зошто одма се фаќате за најлошите работи. Дојдов рандом, не ни знаев дека волку многу се коментира за нас на форумов (многу од вас гледам дека мислат дека читаме секој ден)... Ако некој не прекинал да работи блогерство (според мене) научил што е критика, што е хејт итн. Ако не научил едноставно ќе прекине да го прави тоа затоа што тој притисок е стварно голем. Вие пишувате тука анонимно и баш ви е гајле. Ние сме ЕДНА ПЕРСОНА, а вие сте МНОГУ. Не се жалам (ДА НАГЛАСАМ), само ви објаснувам (и да обожавам да се објаснувам, не го гледам тоа како лоша особина).

    И да, сите прифаќаме конструктивна критика. Ако мислите дека се немаме навикнато после толку години на вашите мислења - тогаш се лажете. Исто така, фала на сите луѓе за поддршката - многу ни значи!

    Блогерка е според мене девојка која треба да комуницира со луѓето. Мене дури ми е и мило што се збори на темава... пред 6-7 години со @thegjurovska објаснувавме што е блогер, луѓето мислеа дека сме манекенки. Ова е голем успех до каде сме стигнале. Ако некој блогер не ви вратил на порака значи немал време или ја пропуштил пораката. Нема лутење!

    Не сфаќам зошто мислите дека се жалиме дека не може да се успее тука, тоа објаснувајте го на брендовите. Не викам дека ние сме најсјајни, но сепак ПАЗАРОТ е удолница. Работам во маркетинг агенција, работам со брендови, блогери - знам! Мојот став е дека ќе се трудам да успеам тука највеќе колку што можам - избор е во прашање. Плус не го гледам ова како работа која ќе ја работам цел живот, затоа си терам со друго - исто така личен избор.

    Во едно ќе се согласам, а тоа е дека треба да бираш ШТО промовираш... но малце и бидете реални и размислувајте што е најбарано на наш пазар? Zara, Bershka фазон, или Chanel?

    Тука сум за секое прашање, темата е инста блогерки, не гледам ништо лошо во тоа да си направиме муабет.

    Убава вечер. ❤️
     
    На Mariangel, Svetoslava, SelenaGomez и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Od profili koi gi otkriv pred nekoe vreme go izdvojuvam devojcevo.
    Ne ni znaev deka e od Makedonija,dodeka ne vidov nekoi storinja.Ne sminka nikoj,samo si ima instagram za svoi makeup kreacii!
    Kreativna i unikatna,sekoja cest!:inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  13. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Лепотица. Screenshot_20200515-024344.png Screenshot_20200515-024339.png Screenshot_20200515-024333.png
     
    На Mariangel, Skorpija25, Blue.Sky и 8 други им се допаѓа ова.
  14. BellaCaca

    BellaCaca Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2019
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    104
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    А за @snestorovskaa што ќе кажете?
    Мене многу ми се допаѓа нејзината содржина, споделува преубави рецепти за здрави оброци. Интересна е.
    Убави слики има,фидот и е среден, за мерак.
    А и доста често комуницира со следбениците, преку аск одговора на прашања.
    Се гледа дека се труди околу профилoт има и свој блог за храна и рецепти.
     
    На 1209, net-tet, Mariangel и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Beauty1etc

    Beauty1etc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Многу различни мислења што и на крај на денот е поената на форум :) Мислам дека сите што ја имате разработено/почнато темата треба да бидете горди што се поткренала дискусија па и успеала да допре и до тие за кој што пишувате.. се ставам и себе тука пошто сум нова. Без разлика дали имате став дека е самопромоција правдање или што и да е мисалм дека е супер, сериозно :) Како што кажав негде погоре мене драго би ми било шо појше од другата страна да прочитаат макар и коментарите да не се за нив бидејќи влијае на запознавање на публиката и можеби кај некој и ќе им помогне како да станат боље. Ако тема со ваков број на членови може да повлече да се уклучат и само 5 /6 “ инфлуенсери” е успех за мене бидејќи дискусија секогаш може да резултира со некакво надградување. Многу лесно тука се гледа дека сепак гласот на следачите е битен .Нормално вкус е многу лична работа и не можеме баш да го коментираме, сите го имаме и кај сите е различен и секако не подржувам вреѓање или омаловажување поготово од девојќи кон девојќи (тука ни фали и малце екстра безусловна подршка на сите ) меѓутоа критика е некогаш боље и од само пофалби..... За делот за пазарот во МК, ДА! си има негативности ( пишував погоре за брендовите) сите знаеме кај живееме но не го гледам баш како дел за жалење прво пошто во место кај шо нема ај да речеме култура и навика за ваков тип на професија ги имаме сите можности да го креираме, можеби малце потешко но може... Меѓутоа првично зависи многу од истите тие што се определиле ова да го праат. Едноставно не може да прифатиме да промовираме крема BIOTEN ( ова го давам како еден општ пример ) после 1 месец тоа да падне у вода да почнеме со следното нешто испратено и да очекуваме дека градиме кретибилитет кај следачите ама сепак на секое трето да повтараме дека битно е што се промовира :) ова може да е ташна, житарици , тоалетна хартја ват евер.... сепак треба да стоиме позади нашите одлуки, ако сме згрешиле а сите грешат има начин како да се реши. Постои пазар тоа се следачите ради нив постојат “инфлуенсери” и ради нив се настанати и после доаѓаат брендовите кои да нема “инфлуенсери” нема да го имаат истиот капацитет за промоција на пазарот... ова би требало да е така. Следачите се тие што треба да имаат свој критериум што следат според интереси и она што естетски им се допаѓа а “инфлуенсерите” се тие што треба да имаат критериум што се совпаѓа со имиџот кој сакаат да го градат и што е реално квалитет.
     
    На buba4e89, ohlalalala, Lepaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Сања Стојановска ми има врв и прејаки слики и многу ми е убава.. малце повеќе да ја имаше дефинитивно ќе беше врв тука...
    Не знам зошто нема толкав recognition како другиве а заслужува мнооогу повеќе од некои според мене, секако сите се трудат но таа ми има повеќе потенцијал од некој др, но дали самата не се замара толку за ова и не се труди многу.. или пак др е.. не знам
     
    На Juicy и Sunset Flower им се допаѓа ова.
  18. coolgirl123

    coolgirl123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Anamarijaardzanova ? И она е травел блогерка . Знае некој за неа ?
     
  19. Sunset Flower

    Sunset Flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    155
    Топ ми е девојчето се знае да објасне но и пред тоа имам пишанот не можам да си дозволам се она што купува има доста ствари даљее од нормала со високо цени секој со свој буџет нели? Таа и Драгана фит лајф (драгана повеќе) ми се број 1 за здрава храна
    Ја следам за храна крстевска ја имам пред тоа пишано и се ми се свиѓат што објавува но некако како и сите кај нас почна да ми станује со различна содржина , хом декор, па храна па травел
    Ваљда до земјава ни е , сите блогерки со се и сешто се занимаваат и се може да најдете на профил
    Као ксенија коа почна само рецепти да качит
    Не знам зашо експертизам кај нас е свекој све знает

    Ja зборев за неа пред месеци дека има најубави слики во цела мк


    Дали го гледавте на Спенџарска новото видео мислење?
     
    Последна измена од модератор: 26 мај 2020
    На coolgirl123 и ohlalalala им се допаѓа ова.
  20. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    На Sunset Flower му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.