Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Screenshot_20200520-211307.png Screenshot_20200520-211246.png
     
    На Mariangel, L.i.n.a.a и Frestonia им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Ако има тенко влакно и ако ја шиша пак ќе има тенка коса. Такво и е влакното,но со добро хранење на неа ќе постигне некој мал резултат.
     
    На Frestonia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    Се зависи од фирмата, еве лично мое искуство што работев во една фирма они не сакаа да соработуваат со инфлуенсери од таа причина што они имаа ист број на фаловерс али вистински градена со години и за нив беше џабе фрлени пари кога на постовите имаш веќе поголем рич.

    Мене не ми се допаѓа пристапот на дуки дасо, соработуваат само со неколку исти блогерки постојано. Дури веќе и нападни ми се станати....
     
    Последна измена од модератор: 21 мај 2020
    На *Amethyst*, buba4e89, СуперДевојка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
  5. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.082
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки !
    Неколку години го имам фемина профилот и случајно налетав на темата па прочитав што пишувате .
    Мој е инста профилот beautyblog.mkd не доаѓам да се промовирам или слично , тој профил не го држам за заработка туку тоа е нешто кое уживам да го правам , таму споделувам искрени препораки и критики за производи и мојата цел е да помогнам на што е можно повеќе девојки при избор на купување на производи ( никого не убедувам да проба нешто ниту гарантирам 100% , секоја од нас е различна и незначи дека ако мене ми се допадало мора да одговара и на друга)
    Пред да го отворам тој профил овде пишував , секоја недела купувам по нешто па сметам дека е корисно да споделувам и таму.
    Многу е тешко во нашата држава да се постигне нешто .
    @Minci13 во право си ги избираат само тие со голем број следбеници никогаш ми го немат споделено моето стори или слично , но тоа е тоа кај нас, додека девојките како нас во Србија и Бугарија имаат огромна поддршка од страна на нив.
    И уште нешто најубави профили ми се @Beauty1etc ,@Minci13 , beautyblogbyazize но има и многу други , сите се трудат на свој начин и го ценам тоа .
    Додека од блогерките омилени ми се Анѓела и Јанева , секако ги поддржувам и следам Ксенија , Александра и Ана . Секоја од нив е посебна на свој начин , го ценам сечиј труд , знам колку е тешко да се направат слики па да се обработат , да смислат локација на сликање итн. Секој од нас има различен вкус и не е решение доколку се собереме овде и употребуваме грди зборови, мешаме нивна приватност(која од каде е и колку пари има ) итн. сепак тие се девојки од нашата држава и заслужуваат поддршка со оглед на тоа дека во Македонија тоа е многу тешко да се работи од многу гледни точки.
     
    На Skorpija25, poppie, ohlalalala и 4 други им се допаѓа ова.
  6. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Супер ти е профилот. Уште да кажиш како ги средуваш ноктите, многу изгледаат здрави и негувани :)
     
    На poppie и beautys20 им се допаѓа ова.
  7. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    11.578
    Дечки...стварно гледано од страна, темава изгледа ко средношколки собрани на купче да ги хејтаат кул девојките. :)

    Јас сум доста постара од повеќето во темава, па на подруг начин ги доживувам блогерките.
    Еве тоа што Шијаковска и го напишала на девојчето е сосема легитимно.
    Најсурово-реална е.
    А тие што коментирате за потекло, родители, дечковци, сте тотално луѓе со предрасуди и стереотипи и џабе ви е и образование и достапност до интернет и се.
    Покажувате вие каква култура имате.

    Јас кога читам пост овде во смисла на ,,зборува на дијалект" или ,,нејзините се многу сиромашни" нема да ми ја промените сликата за девојката, ама веднаш во себе си помислувам за вас, колку сте заостанати штом одвојувате време да коментирате за тие работи...

    Коментирајте тоа што го рекламираат, а не беграунд.

    И еве јас за Шијаковска ќе кажам, ја заследив преку еден giveaway и ми стана интересна. Поинаква е од останатите затоа што не се срами од ништо, не се обидува да претстави дека живее совршемн instagram-life.
    И таа е човек како сите нас.
    Мене дури омилени ми се видеата со нејзините родители и внучињата, многу фини и добри луѓе изгледаат.
     
    На Bella •••, Ana.99, enia22 и 35 други им се допаѓа ова.
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Чекајте малце другари како тоа правите интервјуа во име на форумот ? :^):^):^) Со која дозвола ? Сајтот и форумот си имаат свои сопственици и истите си поставуваат содржини што сметаат дека треба да ги има. Форумот служи за дискусија , и која од овие блогерки има или сака сама да си изнесе мислење е во ред , а не некој да ги вика и да се докажува и исправа работи во нивно име. На крајот од денот сите си имаме свое мислење и искажете си го но без навреди , понижување и препукувања. Држете се до дискусијата на темата ве молам , нема потреба да се копаат приватни детали и да се вадат тука
     
    На enia22, Mariangel, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Многу ми е трагично што од една страна се коментира колку фејк се прикажува животот на инстаграм, а од друга страна, кога некој ќе се покаже онаков каков што е, за тоа е критикуван, омаловсшуван и исмејуван.

    Исто така, што ми значи мене ако на пр. Ангела носи LV и Gucci, кога јас и онака не ги купувам тие брендови. Ако сакам да гледам комбинации со high end brands, на инстаграм ќе најдам илјадици такви блогерки. Сакам да видам шминка и облека која е достапна кај нас, идеи како да се облечам од Зара, Страдивариус во комбинација со Дуки Дасо, Posh shoes, Ambar, Sabe и не знам таму кои наши бутици и online продавници.
     
    На Stressed Out, Skorpija25, Mariangel и 18 други им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Не сум коментирала досега во темата, следам само неколку од нашите модни блогерки (Шијакоска, Јанева, Маринела, девојчето со витканата коса од Штип) и тие ми се ок за наши услови.

    Ќе ја коментирам Шијакоска, пошто последно за неа се збори.
    Шијакоска ми е ок, има убави слики и според мене има потенцијал и за повеќе. Има способност од обични парчиња да направи добра слика и тоа е за секој поздрав, уствари сметам дека тоа е и поентата на блогерството. Од ништо да напраиш нешто. Не во буквална смисла на збор, секако. Лицето и е убаво и фотогенично, позите воглавном и се ок, местата на кои се слика исто се ок.
    Е сега што не ми се свиѓа. Не ми се свиѓа што постира по десет слики од иста облека и иста позадина. И тоа една по друга у ист ден. Мислам дека треба да избере една најдобра слика од фотосесијата и таа да ја постира, или едната нека биде од цел аутфит, друга од детали, чевли итн. Така ќе постигне поголем ефект, според мене. Вака делува досадно.

    Друго, последното стори за тие што ја заследувале па отследувале за награди, мислам дека и беше сосема непотребно. Не доликува на блогерка која што ја следат 30К. Абе и да ти смета, и да не им даваш награди на нареден giveaway, не давај ок е, ама мн е ниско јавно да праиш стори за тоа. Па уште и со заканувачки тон. Може некој заследил да учествува во награднта игра, па не си ми се допаднала и те отследил. И тоа е нормално. Не треба да се тепаат за фоловери. Едноставно, праи го тоа што сакаш, постирај, на многу луѓе ќе им се допаднеш и ќе се пронајдат, на многу не. Ама држи до некое ниво. Вака делува дека се сликаат само за фоловери и за спонзорства.

    Исто и ,,интервјуто,, што го дала за фемина ми е мех. Делува ко стари баби на чешма што се караат. Некогаш е подобро на негативни критики да премолчиш, поголем човек ќе испаднеш. Вака се спушташ на исто ниво, иако далеку покултурно е срочено во ,,интервјуто,,. Сепак не доликува на модна блогерка.
     
    На Dpokahontas, Mariangel, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Треба да изгледаат туторијали за блогерство, дефинитивно. Има мал милион туторијали од кои може многу да се научи, ако веќе некој сака професионално да се бави со тоа.
    Не може еден моден блогер да си дозволи да постира по 30 сториња на ден. Стори за се што ќе ми текне. Контраефект има. И многу е битно да имаат замисла во кој правец сакаат да се движат. Да изберат дали сакаат инстаграм профилот да им личи на приватен или професионален. 30 сториња дневно, 30 исти слики од различен агол една по друга, не даваат изглед на профи профил.
     
    На Mariangel, *Amethyst*, koritsaki и 7 други им се допаѓа ова.
  12. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.082
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам , користам секоја вечер пантенол крема а еднаш во неделата ги мачкам со рицинусово масло . Избегнувам гел , ставам секогаш или гел лак кога ме фаќа мерак а така си користам лакови, Golden Rose од nude look колекцијата или Catrice :l:
     
    На Mariangel, poppie и BabyT* им се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Кога веќе на тој начин функционираат giveaways, не можеш да очекуваш истите што те заследиле после него да не те отследат. Ко да не знаеш дека те заследиле само за да учествуваат. Мислам дека брендовите треба да поработат на усовршување на овој начин на делење награди. А и општо инстаграм кога веќе прејде во толку бизнис платформа, треба да поработи на ова follow-unfollow.

    Со сложувам со кажаното на @cherry89, освен со тоа дека блогерството нема да трае засекогаш. Баш мислам дека и уште поголемо ќе е. Инфлуенсерите можат да продадат продукт побргу и од модел, актер, пејач, бидејќи на нив гледаме пореално за разлика од останатите јавни личности. На пример после видеото на Џефри каде што ги одобрува продуктите на Elf, нивните производи секаде биле распродадени во краток временски период.
     
    На Mariangel, ohlalalala, Blue.Sky и 3 други им се допаѓа ова.
  14. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    11.578
    Amen to this :rock:
    Истото го мислам.
    Со тоа што ставаат по 20, 30 сториња на ден, од иста фотосесија, само различни пози или агли, се мнооогу досадни.
    Стај една, две и толку.

    Контраефект си прават со толкав број сториња, стално ги ставам на mute да не гледам милијарда сториња од истата слика. |(

    И многу се досадни кога споделуваат сториња од деца што им ги споделиле нивните фотографии...
    Значи на претходните 20 сториња од нив + 20 вакви кај што ги тагнале или споделиле = 40 сториња дневно. Бог да чува.
    Ни од принцезата Дајана, ни од Наоми Кембел не би можела да гледам секојден толку слики, не па од обична македонска девојка.
     
    На 1209, buba4e89, Mariangel и 8 други им се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ја мислам дека нашите блогерки giveaways погрешно ги разбираат.
    Вистинските блогери со giveaways промовираат бренд и си наплаќаат за тоа. Поентата е следбениците што блогерот ги има на пример 30К да го видат брендот, да го заследат, да купат нешто итн. Блогерот наплаќа за тоа, дали пари или продукти небитно. Брендот се рекламира кај публиката на блогерот, и тоа е тоа. Професионалците така прават. Рекламираат за пари.

    Блогер што прави giveaways за само за да добие следачи, мора да биде свесен дека ако не повеќе, пола од тие ќе го отследат. И нема што да му биде криво или да реагира на начин на кој реагираше Шијакоска.
     
    На JuLleE, buba4e89, Mariangel и 10 други им се допаѓа ова.
  16. cherry89

    cherry89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Женски

    Џефри Стар? Јас него го памтам уште од моето тинејџерство како пејач, не како блогер или инфлуенсер :DНе знам што прави моментално, ама уште тогаш беше познат, па претпоставувам дека таа слава се префрлила на youtube па на инстаграм, па оттука претпоставувам дека затоа и се распродале производите, но далеку од тоа дека тој почнал или се прославил како блогер. Само кажувам дека одамна постои во јавноста, не сакам да ти го оспорувам коментарот или нешто слично, мило ми е што за другите работи исто размислуваме :D
    Не знам дали постојат некои истражувања за тоа што го наведе, баш ме интересира. Јас лично сметам дека ако некоја позната ѕвезда рекламира некој туѓ или уште подобро, свој бренд, а притоа има огромна публика, побрзо ќе продаде отколку некој инфлуенсер. Ама ете може грешам. Ова од лично искуство, зашто обожавам еден пејач и често сум купила нешто што го изрекламирал (среќа па и се погодило :D). Јас баш на блогери не верувам поради тоа што го споменав во претходните коментари.
    Во секој случај останува да видиме што ќе се случува, ќе покаже времето, а ние во моментов можеме само да си претпоставуваме :mm:
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  17. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    "Блогерките" немаат право да се лутат кога ги одследуваат после giveaway, затоа што за да учествуваш во истиот мораш да ги гледиш, ама МОРАШ. :mm:
     
    На Mariangel, *Amethyst*, GirlRose и 5 други им се допаѓа ова.
  18. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Колку многу хејт спрема Шијакоска, познавајќи го менталитетот на бт сигурна сум дека и се сограѓани. Мене ми е број 1, колку многу се труди, браво.
     
    На Skorpija25, Juicy, m.i.g и 3 други им се допаѓа ова.
  19. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Сум против секаков хејт и сум често пати гласна овде за тоа и влегувам и во војна со многу членки, но моментално ќе се согласам со последните мислења кои не се хејт. Тоа се критики за одредени невкусни ситуации во кои Александра Шијакоска јавно се впушти ете сега од пред некој ден два. Јас колку што примеќам има доволно луѓе што овде ја ценат Шијакоска. Плус неможе на секој да му е бр 1 и по вкус. Јас лично тоа со сторињата и отследувањата не го оправдувам и незнам како успеа да се дрзне да го направи ова, плус се работи за обичен giveaway. Реално беше претеризам тоа, а згора на се после тоа откако доби милион критики имаше објавено сториња како ништо не допира до нејзе и како таа си имала фанови кои си ги сакала све друго било небитно освен нив.. Ќе морам да кажам дека ова е малце Harsh и изгледа као Mocking. Ете јас како нејзин некој фан бидејки како што и ти кажа навистина се труди и затоа и јас ја почитувам. Но тој понашај значи дека не прифаќа критика и тогаш кога не е во право како во овој случај. Ете незнам, тоа е мое мислење, ако сум грешка слободно да ме корегира некој.
     
    На h.ope и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  20. Beauty1etc

    Beauty1etc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    @DojaCat THANKS A LOOOT ❤️❤️❤️❤️Ми значи многу
     
    На DojaCat му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.