Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски

    Секоја чест на овој пост!
    Јас пак ќе кажам дека кај нас не се спремни да платат секогаш за спонзорство.
    Се изнајснив поназад, ќе се изјаснам пак.
    Фармацевт сум по вокација, со докторат во тек тука во Франција. Во меѓувреме поминувам мал милион обуки за дерматологија и козметологија и соработувам на проекти со Биодерма на пример (Франција), CeraVe и др.
    Не знам што има во дрогерии и затоа пишувам на ваше барање постови (како тој за лосионот на ХадаЛабо).

    Кој ги чита моите постови до крај, ќе види дека ниеден не е реклама како што изгледа затоа што во секој еден пост објаснувам состојки и како тие делуваат на кожа.

    Нигде немам напишано “ова е супер да го пробате”, туку оставам простор вие да одлучите што сакате според составот или пак да сумирате која супстанција ќе ви одговара.

    Ве замолувам искрено ЧИТАЈТЕ ГИ моите постови целосно. Како што кажав и во најголемата (за очи) реклама има што да научите, ако сакате, со цел полесно да се снајдете на рафтовите.
     
    На Annath, L.i.n.a.a, x.Daisy.x и 10 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    И мене ме заследи.Интересна е.
     
    На Minci13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    17.174
    Јас мислам дека би било добро да видеме некои постови за производи со пониска цена со добар состав, со оглед на тоа што поради ситуацијата не секој може да си дозволи мицеларна вода од 1000 денари пример.
    Доколку постојат такви производи, еден пост би ни бил многу корисен на сите верувам.
     
    На MeckaCia, redhead, СуперДевојка и 4 други им се допаѓа ова.
  4. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Можеш ли повеќе да се заангажираш и да одговараш на пораки?
    Те следам, супер си ама биди поактивна во однос на интеракција со следбениците.
    Ова сфати го како препорака не како критика , немам ништо против тебе но би сакале да прочитаме нешто повеќе за тебе конкретно за некој производ, препорака или совет.

    Поздрав и секое добро.
     
    На MeckaCia, СуперДевојка, Emilija97mk и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Никој не копира никого. Skincare е главната тема на овие профили, па ќе пишуваат нормално за тоа. Нема сигурно да измислува топла вода. Милион профили има такви.
    Инаку мене на таа тема највеќе ми се свиѓаат:
    @Beauty1etc како што кажав и претходно, број 1 ми е:l:
    @beautyblog.mkd
    @bunnybeautyinc
    @mincyys @Minci13
    @serumsociety
    Сите се предобри и прекорисни профили, а сите девојки префини и down to earth
    И се согласувам со тоа што кажа една членка погоре, многу повеќе ми се допаѓаат овие “помали” профили т.е со помалку следачи, многу поискрени и пофер девојки :)
     
    На CindyAnn, Lepaaa, Minci13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Мене ме интересира мислење за производите од дм, бидејќи навистина има мноогу голема разлика во цената да не речам без пари се. :)
     
    На pamelche, Emilija97mk и Lepaaa им се допаѓа ова.
  7. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски

    Сакам и јас, многу сакам верувај ми ама сама сум по цели денови со дете од 3 години единствено слободно време ми е ова сега. И плус конверзацијата кај мене трае по 15/20 минути во просек.

    Ќе си дојдам наскоро, ќе имам поголема помош од бабите околу син ми и ќе се доведам во ред, ветувам и ти благодарам. :l:
     
    На Ева33, CindyAnn, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Beauty1etc

    Beauty1etc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за ова. Никој не копира никого. Skincare е главната тема на овие профили, па ќе пишуваат нормално за тоа. Нема сигурно да измислува топла вода. Милион профили има такви.
    Инаку мене на таа тема највеќе ми се свиѓаат:
    @Beauty1etc како што кажав и претходно, број 1 ми е:l:
    @beautyblog.mkd
    @bunnybeautyinc
    @mincyys @Minci13
    @serumsociety
    Сите се предобри и прекорисни профили, а сите девојки префини и down to earth
    И се согласувам со тоа што кажа една членка погоре, многу повеќе ми се допаѓаат овие “помали” профили т.е со помалку следачи, многу поискрени и пофер девојки :)[/QUOTE]
    Фала ти ❤️Се согласувам сите се некаква варијација на иста тема но далеку од исти, најголема разлика е сечив квалитет и пристап до публиката. Никого не би споредувала повеќе би се фокусирала како “следач” да извлечам што повеќе корисни информации од сите девојќи кој секојдневно внесуваат труд и енергија да пласираат контент.
     
    На Ketchup, Minci13, Emilija97mk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти опишам колку сум среќна,ти благодарам!:l:

    Многу ми значи.:l::$

    Благодарам на искрениот коментар.Со години претерував и купував од најскапи до најефтини производи и го отворив профилот со цел да дадам некаква насока и само лични искуства па можеби и на некој да помогнам.Не се базирам на ничие искуство и рецензија,исклучиво на свои.Свесна сум колку скин кер и бјути профили има,наше право е кој сакаме да следиме:l:
    @mincyys е мој профил,ви благодарам за секое заследување и убав збор:sun::inlove:
     
    Последна измена: 26 мај 2020
    На Beauty1etc, СуперДевојка и buba4e89 им се допаѓа ова.
  10. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    @Minci13
    Те заследив, имаш потенцијал, баш убаво фино скромно профилче.
    Полека, има време ќе стигнеш и ти до поголема бројка и супер што имаш добра комуникација со фоловерите , како што спомнаа некои членки.
    Ќе видам и јас може ќе ти пишам нешто, за некој производ, да споделиш искуство.:)

    Гледам дека повеќето производи ти се од дм, таму све им е топ, а ефтинко баш, достапно за секој, а што е на најважното квалитетно.

    Ти посакувам се најдобро, поздрав.❤️
     
    На Minci13 и Beauty1etc им се допаѓа ова.
  11. Minci13

    Minci13 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу:l::$
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.313
    @Lepaaa јас пример би сакала да прочитам и нешто повеќе за нега за тело, не само за лице.Гелови за туширање и млека за тела со убав состав.Исто така би сакала и мислење за марката yves rocher. Имаат многу производи со убава цена.И би сакала да знам што мислиш за производите на нивеа. За нега на телото јас само нив ги користам.Исто имам и креми за лице купувано 2во1 кремата што е и прајмер.Многу ми е убава.Ниту ме исфрла,а си ја чувствувам кожата хидрирана.А немам баш позитивни работи читано за нивниот состав.
     
    На ohlalalala, Avery, CindyAnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.446
    Пол:
    Женски
    Од блогери на инстаграм следам само некои од кои можам да научам нешто и има корист.И браво за тие кои одвојуваат време да пренесат точни информации за тоа за кое пишуваат, да остварат добра интеракција со следачите, да бидат уникатни со тоа кое го презентираат....
    Ама на овие што цел профил им во стилот розевко и прекрасно, пеперутки и балончиња, и ништо друго освен нив и нивните маски и коктелчиња, стварно не им ја сфаќам поената.
    Па нешто демек traveling, fashion, positive vibes и тоа е тоа.Освен визуелно што изгледаат убаво тотално непотребни ми се, ни за следење а камо ли за да ги дискутирам некаде и нивната "содржина".
     
    На *Amethyst*, Beauty1etc, ohlalalala и 3 други им се допаѓа ова.
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Јас сега укопчав дека @Lepaaa е Магнолиа :D
    Мене секогаш ми враќала и на коментари и на пораки исто и на @savana кога и да сме прашале секогаш ни враќала. И фала ти многу, благодарение на тебе стекнав правилна рутина за нега на лице. Пред тоа врска си немав што и како се користи :$
     
    На danichap, TutiFuti и Lepaaa им се допаѓа ова.
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски

    Лелееее :inlove: да ми кажеш нареден пат која си :l:
    ...од старите добри времиња на форумот ги најдов скоро сите. :f:
     
    На 1209, Adi888 и anastasijaki им се допаѓа ова.
  16. Carpe_Diem

    Carpe_Diem Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! Ја следам темава можеби еден месец веќе, па одлучив да се приклучам и да го напишам моето мислење. Warning: ќе биде долг пост, бидејќи сакам да ги стокмам сите мисли наеднаш.

    Македонските инста-блогерки ги следам уште пред една-две години кога активно го пренесоа блогерство на Инстаграм. На почеток ми беше чудно и невообичаено да гледам дека некој од Македонија го работи ова, но потоа ми стана многу мило и интересно што има вакви профили и кај нас.

    Постојано бев импресионирана од секоја нивна слика, средувањето на нивните сторис, креативноста која ја пренесуваат преку сликите итн. Никогаш не приметив некоја маана кај нив која би ми сметала, се додека не почнав да ја читам темава. Бев изненадена кога видов дека во темава 90% од постовите се со негативна конотација, каде се истакнуваат сите маани на блогерките, па дури се користат и многу ниски навреди. Јас да бев во нивна кожа и да го прочитав сето ова навистина би ми паднало тешко.

    Е сега, да напишам и кои ги следам и мислење за нив.

    Александра Шијакоска - девојката е прекреативна, има добар вкус и се гледа дека навистина се труди (можеби и најмногу од сите). Самиот факт дека се откажала од многу работи, како на пример нејзината соба што ја претворила во плакар, посветила доста време, пари и труд за блогерството, покажува дека многу ја сака модата и тоа што го работи и заслужува респект за тоа. Точно е дека некогаш претерува со сторис од нејзините внуци, но не викам дека ми пречи еден блогер да го покажува и приватниот живот. Се додека е во умерена доза. Тоа што зборува на дијалект е сосема ок, но би преферирала да не прави граматички и печатни грешки.

    Ксенија Деспотоска - се гледа и кај неа дека се труди и се додека приметувам труд и посветеност јас ќе и ја почитувам работата. Тие неколку видеа на YouTube и се ок, ама ништо посебно, можеби треба да поработи на тоа, но гледам дека оддамна престана со снимање, така што нема многу да коментирам за тоа. Е сега, кога добива некој нов производ или парче облека и прави рецензија на стори - дали имате слушнато некоја друга придавка освен 'преубаво' и 'прекрасно'? Јас не. Сметам дека тоа треба да го смени, но се на се, ок е, но не wow.

    Ангела Ѓоргиева - преубава, елегантна, средена, дама... Кај неа најсикрено немам најдено ниту една маана. Супер стил има, убави и естетски и се фотографиите, секогаш средена шминка и фризура, 10/10. Исто така и YouTube видеата и се многу интересни, обожавам да ги гледам, бидејќи знае убаво да зборува и има супер editing skills.

    Ана Ристова - супер и е профилот и на неа. Има голема предност што живее во Охрид, па секогаш има прекрасни локации за сликање. Малце ми сметаа портокаловите ефекти што ги става на сликите, бидејќи беа too much, но ок, нејзин избор си е тоа. Девојката според мене има добар вкус, бидејќи се гледа колку убаво и е средено дома и знае да избере модерни парчиња облека и да направи добри комбинации. А и нејзината колекција е супер!

    Маџестик АТ - и ги обожавам сторис од причина што секогаш и се толку убаво средени, користи ист стил и бои и навистина е убаво за око. Стилот и е невообичаен, но интересен. И многу ми се допадна видеото што го организираше со pass the brush.

    Јанева - исто премногу ми се допаѓаат нејзините сторис, естетски, убави... а и многу убави травел слики има. И девојката е многу многу фина. Неколку пати сум и пишала за совети за патувања и секогаш направила муабет со мене и ми помогнала. И постовите на нејзиниот блог се супер. Единствено нешто на што треба да поработи и зборување пред камера на видеата за орифлејм и слично. Малце е здрвена и изгледа неприродно. Но, се на се, само пофални зборови за неа.

    Останатите што ги имате спомнато овде, како на пример Елена Грнчарова не ги ни следам, бидејќи воопшто не ме привлекле и не ги сметам баш за блогерки - туку приватни профили со голем број на следачи.

    Skin care профилите како kattzia и magnolia.glamour ги следам, но некако никогаш не сум била многу посветена на мојата skin care рутина па да ги анализирам или сега да давам некое мислење дали некој производ што го препорачале ми помогнал. Само сакам да кажам едно големо браво за @Beauty1etc - посреден и поестетски фид немам видено! Исто така од тука го дознав и профилот beautyblog.mk и само пофални зборови можам да кажам, затоа и ја заследив.

    Уште некои работи што ми лежат на душа: коментарите од типот 'ниту една комбинација од Шијакоска не би ја носела' ми немаат смисла, бидејќи тоа што блогерките го носат е блогерска мода, а не секојдневна. Тие само ни даваат идеи и ние преку нив можеме да најдеме некое парче што ни се допаѓа или па да модифицираме некоја комбинација и да ја прилагодиме по наш вкус. Не значи дека ако тие прават блогерски комбинации дека треба и ние - нивните следачи.

    Потоа, фидот кој повеќето го изменија за време на карантин - мене ми беше многу јак. А тука се што прочитав е дека се досадни, изводат, се глупираат. Ок луѓе, да не ставаа никакви постови пак ќе се буневте. Да излегоа надвор да се сликаат ќе се буневте дека не се изолираат. Гарантирам дека тие фидови што ги направија со бел чаршаф и една боја да беа на профилот кај некоја светски позната блогерка немаше да ги критикувате толку.

    И за крај, интервјуата што ги читав овде со блогерките - исти се како да даваат интервју за ТВ, некој портал или слично. Спремни одоговри што сите ги блогерки ги даваат, до негде и неискрени, а и полни со информации што ги знаеме веќе. Идејата да дојдат на форумов и да ги прашуваме и тие да одговараат е интересна, но сосема нереална. Ниту еден блогер не би одговорил на прашања од типот дали следачите им се купени. Се што би откриле тие во врска со нивната работа мислам дека веќе е кажано на сите интервјуа што веќе ги направиле.

    Извинете за огроооомниот пост, но, желба да се искажам, што да правам... хаха.

    Поздрав и имајте убав ден!
     
    На L.i.n.a.a, Izaabella, Juicy и 11 други им се допаѓа ова.
  17. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Сега ги гледав профилите на Кржеска Стефанија и Никица Ацева.

    Еве да смениме малце и други девојки да им дадеме значење и да прокоментираме. :)

    Стефанија преубава девојка само мислам дека таа е сигурно нова во делот на инфлуенсер / блогерка, но преубава девојка и доколку почне да се труди и да работи на ниво на Ксенија, Александра, Ангела, би била топ! Убава е, фотогенична, добро тело, итн. И видов дека сликала пред некој период за Тета Виолета но мислам дека подобри фотки од неа никој нема во Македонија направено за тој циркуз.

    Додека кај Никица Ацева која ја дознав од овде од претходните страни, исто девојка која многу се труди и има навистина добри фотки, како и сите други има и по некој промашај но се на се исто добра девојка која би ја сместила во модни блогерки. За Македонија баш е ок.

    Што мислите за нив? :)

    Би сакала да дознаам некои други блогерки или инфлуенсерки од Македонија па макар и да се мали профили. Некои мали профили се стварно предобри а не се експонираат многу. Доколку некој знае некои други девојки би сакала да напише и да ја освежиме темата со нови девојки. :)
     
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Carpe_Diem

    Carpe_Diem Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Кај мене најголем фактор дали некого ќе заследам или не е фидот. Не знам зошто, но ако видам убаво среден фид по боја одма идам на Follow.

    Затоа и сега веднаш ја заследив Никица. Убави слики има, модерни комбинации, а гледам и дека има соработки со брендови. Има дефинитивно потенцијал.

    Стефанија, да, преубава е. Има интересни слики, ама фидот повеќе ми се допаѓа како и бил порано. Некако не ми иде блогерка да става селфи со филтер на лицето на фид, ама пак ќе кажам, тоа е само по некој мој вкус. Ќе ја заследам од љубопитност, сакам да видам какви ќе и бидат сторис и понатамошните постови, бидејќи се гледа дека кога патува прави многу убави слики.
     
    На h.ope, dariaslife и pamelche им се допаѓа ова.
  19. Beauty1etc

    Beauty1etc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    ❤️
     
    На Carpe_Diem му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Се согласувам во целост за се што напиша. :)
     
    На Carpe_Diem му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.