Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    1.213
    Зошто ме напаѓаш културно и убаво прашав? Нема навреда ниту нешто слично..како запамти дека е трењерка стил коа јас не реков така? Само кога е Грнчар. Во прашање ти скокаш имај убав ден
     
  2. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Ти праша убаво и културно но безброј пати ја врегаше и како што знам зборуваше дека лаже дека работи со тие светски брендови. Така не беше? Како тоа сега била славна, врвна, незнам ти што, работела со нив итн. Ти не беше истата личност која ширеше лаги за Магнолија, Александра, Ксенија, Ангела, и за самата Грнчарова? Беше. Последно кажа дека таа сама си купувала и дека лажела се што промовирала. Знаеш каква тежина има тој муабет да го зборуваш на јавна тема? А за тоа “трењерка” не кажа само еднаш, преку 3 пати го кажа истото и за други неколку од девојките. Не те напагам, ти кажувам дека си напорна со неа. Ти самата и даваш значење со тоа што ја споменуваш а ја вреѓаш цело време. Како не ви е досадно и глупаво да зборувате за едни исти особи кои очигледно не ви се допаѓаат и да се “навраќате” на нив? Не ми е јасно тоа. Не е само за Грнчарова, за 4 различни девојки сум ти пишала овде јавно и сум ти се спротивставила дека си напорна и дека лажеш и сум ти пријавила 5/6 мислења за истите тие девојки и сум доставила и доказ дека лажеш за сите нив. Ќе скокам секогаш за девојки за кои си спремна цело време да ги споменуваш за да ги критикуваат со истите твои мислења. Опсесивна си. Чао пријатно, убав ден и до тебе
     
  3. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Ја следам одамна и мене премногу ми се допаѓа и многу е фина.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Мене ми е пријателка, и ќе се согласам дека е премногу фина, исто и преубава. И си работи онака и за забава, и за трошење време, но некако ми е надарена за многу повеќе и се надевам ќе се убеди некогаш да проба нешто повеќе и некој поголем чекор. Доколку не читаш, те поздравувам хаха! :P:l:
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Дефинитивно и онака е веќе делумно во тие води. :)

    Сакав да и пишам еднаш, ама се премислив, има неколку пати објавувано дека шие облека, па добра идеја би било да сподели некој мини туторијал :)
     
    На dariaslife му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Мене премногу ми се допаѓа профилот на една мајка блогерка која си ја слика керќичката цело време на профилот на SparklyDaughter. И професионални слики, и интересен контекст има, што знам стварно некако ми е убаво профилчето. Исто така често пати си барам по некоја идеја од профилот на MartinasCooking
     
  7. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓаат профилите на serum society i bunnybeutyinc. Како за почетници се супер. Ми се допаѓаат и призводите на кои им прават рецензија.
    Бани имаш прекрасен глас девојко и прави почесто такви рецензии како пред некој ден.
     
    На Hellobeautiful и Emilija97mk им се допаѓа ова.
  8. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Истово сакав да го пишам:sun: се заљубив во гласот:D:D
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Ангела ми е супер, навистина убава девојка, пријатна за гледање и слушање, ама :) Ама премногу се труди да се покаже во совршено светло. Треба малку да се опушти. На пр. доаѓа од третман за лице и снима резултати со филтер. Или не е ништо страшно доколку ете покаже стапалата како и се лупат од маската или пак каков ефект на крајот се постигнува.
    Премно фина, премногу воздржана... досадно е тоа по малце во континуитет ако се прикажува.
     
    На pinkberry, manja666, ohlalalala и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    1.213
    И на мене ми се допаѓа спаркли и сите тие имитации уникатна ми е доста.
    А мартинакукинг ме имаше заследено пред некое време и доста ми коментираше, и искрено сега отварам ме отследила, многу мразам таков тип кои масовно заследуваат, па отследуваат. Ни шијакоска ни ангела ни ксенија не правеле така.
    И исто така мислам е доста неубаво стриктно за мартина да прави профил со рецепти каде зад него седи мајка и. Ако правиме сите така... секој треба да си има своја заслуга. За рецепти помојвкус бр 1.
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    8.579
    Ја заследив beauty1etc што ја спомнувавте тука, фидот и е одличен, фотографија екстра, ама дечки... Не можам да го читам описот под сликите.
    Толку лошо срочено и граматички и интерпункциски, како да го пишувал некој кому македонскиот не му е прв јазик.
    Премногу трудење буквално да се преведат фрази од англиско говорно подрачје.
    "Денеска ги споделувам моите омилени од дрогеријата."
    Кој зборува вака?
    Треба да се преориентираат сите на природното, спонтаното, никој не сака совршеност на долг рок. Дали се работи за ревју под слика или за нивниот пресовршен дом, шминка што и да е.
    Луѓето првенствено следат луѓе со кои можат да се поистоветат.
     
    На candy.cane, *Amethyst*, Ladybug98 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Оваа Марта цела исфотошопирана, не е толку слаба.Се глеа баш убаво на другите слики. Screenshot_20200602-200034.png
     
    На Frestonia и Emilija97mk им се допаѓа ова.
  13. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Дали странски брендови им плаќаат за реклама на нашите блогерки? И дали некој знае како оди цел тој процес? Пред некое време кај неколку наши приметив "paid partnership" па ме интересира како оди таа работа
     
  14. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    1.213
    Не, им даваат број на купон јусер нејм доколку сакаат тие што ќе видат да купат покрај нив со "попуст" и така странскиот бренд гледа и нареден пат коа ќе нарачаат имаат доста попусти над 40 посто
    A тоа што пишуваат пејд партнершип е од имиџ од поубаво да биде. Информацијава е од прва рака
    Сара роксан имаше пишувано за ова и јавно иако ми е блиска
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    EnnaTasevska сериозно, ама најсериозно, некој ја става во модни блогерки? Или сама се декларира како модна блогерка? Без навреда, девојката нема ама баш ништо блогерско на профилот. Сите слики и се под просек, без стил, без поента. А и описите под сликите и се ,,убила ме туџа срамота,, Состав од трето одделение.
     
    На pinkberry, S.W.A.G, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  16. ohlalalala

    ohlalalala Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.292
    Сама си се декларира како блогерка очигледно.
    Ете ги рекламира тета Виолета.

    Очајна е.

    Секоја втора почна да станува блогерка.
     
    На Gosh и Emilija97mk им се допаѓа ова.
  17. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Јас сега повторно го гледав профилот на Ена.
    Мислам дека секој има право на било кој начин да се вклучи во тоа за кое што има желба.
    Неможат сите да работат на профи ниво како Александра, Ксенија, Ангела, и др.
    Мислам дека немат сите време, услови, и креативност за да можат да се блогеришта на ниво. Многу членки од форумот би кажале сега штом немат време и креативност поарно ич да не работат.
    Нема да се согласам бидејки никому не штетат. Многу е едноставно. Си имат некој филм и нека си го моткат. Ќе има секогаш и луѓе кои ќе ги следат и дури и ќе им се допаѓа нивната работа. Немора да ги следиме сите и немора да ги закопуваме по форуми.
    И давам еден голем плус за тоа што се труди на Ена. И да не се разбереме грешка, јас исто така мислам дека Ена е надвор од пропорции и очигледно е дека сосема различно го живее тој модно блогерски инфлуенсерски свет. Се познава дека нема некој одреден вкус и стил. Би започнала со тоа што приметив дека скоро секоја слика и е со слаб квалитет. Доста слики видов и лош Фотошоп а самиот Фотошоп ги упропастува пикселите на сликите.
    Е сега кога сме кај тоа. Незнам зошто би морало да се изгледа како нешто што не си и со тоа да се потценуваш самата себе. Би ги издвоила Александра и Ксенија. Нив две од почеток не се замарат за дијалектите или за тоа како изгледат. Бидејки најубаво нешто што може да го поседувате како јавна личност или модна блогерка или општо како обичен човек е тоа што ќе се сакате самите себе такви какви што сте. Погоре друга членка напиша дека Ангела ( која ја обожавам ) некако премногу се труди да покаже некој совршен живот и свет. Со тоа ќе се согласам бидејки боље би ми било да знам какви се нашите блогерки и во вистинско светло некогаш и кога се малце по опуштени. Треба секоја слика и видео да е совршено тоа да. Сепак тие се блогерки. Но јас 4 години ја следам Ангела и никогаш не сум ја приметила да е опуштена и да зборува онака од срце за нешто што не е поврзано со нејзината работа на Инстаграм или Јутјуб. Она некако секогаш се стега и се труди само да изгледа секој момент како совршенство. Тоа е ок, но секогаш треба и малце промена. Не во смисла ако има совршен живот да почне на сила да се прави и да изгледа како не е ништо совршено само за нас да ни се допадне тоа. Зборувам во смисла на став. Секогаш се стега во смисла да мора да изгледа 120% фино и совршено во секој аспект од тоа што го постира или прикажува бидејки е онлајн и публиката мора да ја гледа само во тоа професионално фино и совршено светло. Може грешам, може девојката е ваква и кога не е пред камера, но тоа сум го приметила само и мислев дека само јас го имам приметено тоа. Пак ќе кажам тоа не е лошо, сепак таа има публика која ја следи и гледа. Но некогаш надвор од работата за Инстаграм би сакала да сними или слика нешто каде ќе биде малце поразлична, малце по опуштена и да смени смер. Нешто као влогчиња.
    Некогаш ме иритирало тоа кај Александра и Ксенија но со текот на времето почнав да го ценам тоа кај нив. Едноставно тие не се срамат да се опуштат и да не изгледа како секое видео или стори да мора да се зборува само во стил како да е колаборација и да се остави впечаток на некој си дволичен маркетинг.
    На дијалект треба малце да се поработи бидејки сметам дека секогаш ќе има луѓе на кои што тоа ќе им пречи иако мене лично не ме интересира тоа бидејки нивниот дијалект нема ни најмала поврзаност со тоа што тие го работат и со мода и стил. Сум гледала модни блогерки од Африка и ништо не ги разбирам кога зборуват но ги гледам поради нивната работа бидејки тоа е побитно од дијалектите. Тоа е само мое мислење, секој различно гледа на тоа и почитувам секакво различно размислување.
    Мислам дека многу очекувате од блогерките во нашата држава и многу сте строги и јас лично пред некој период не бев свесна дека заборавам дека тие девојки работат во Македонија каде што се ограничени и со брендови и со компании. За жал мислам дека нашата државата малце може да овозможи за една кариера на модна блогерка на која и се потребни скоро секоја недела различни алишта и пред се добро дизајнирани и модерна облека. Го има тоа овде но не како во другите држави кои се поразвиени и секои две недели имаат нова колекција која е во тренд со најновата светска мода.
    Така да супер ни се девојките и се надевам дека некогаш ќе имаат и среќа да се пробијат некаде надвор. Имаме стварно креативни девојки и полни со желба.
    Сори за рефератчето, ме знаете повекето од овде дека си обожавам да си пишувам есеи хаха. Убав ден бичес.
     
    На Frestonia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Првпат коментирам на темава и ке дадам мислење од мој аспект. Ангела во поглед да професионалност, според начинот на кој зборува ми е најсоодветна. Кога веќе го класифицира профилот како место од кое зема пари јас мислам дека го има цело право да ја држи приватноста за себе и нема потреба од олабавување. Кај Александра Ш е обратно. Но еве од мој аспект што заклучив. За време на корона и додека траеше полицискиот час сакав да порачам неколку парчиња облека онлајн да се подновам. И отворив на сите блогерки, и мене лично најголема работа ми заврши профилот на Александра Ш. Имаше сто профили кои беа тагирани онлајн бутици а на друите многу малце и ми делуваа како профили на луге кои само посветиле повеќе внимание на тоа да натурат убави слики без соработки. Сепак самиот профил кога го правиш според мене треба да биде корисен за публиката. За тоа едно големо браво за Александра од мене, само што сметам дека подобро е да направи два профила и да разграничи објави за работа со оние од приватниот живот. Повторно ке се навратам на Ангела.Девојката е прекрасна на изглед ама веке кога имаш проблем со акни снимај ги видеата без филтер,ставањето исечоци на кои се покажуваат акните не е доволно. Кога веќе промовираш броба против акни и продукти имај храбрости и покажи го лицето без ефект,ќе ја зголеми популарноста и самодовербата кај многу ако продуктите и третманите се ефикасни.
     
    На Hellobeautiful, Emilija97mk и dariaslife им се допаѓа ова.
  19. dariaslife

    dariaslife Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам. За жал заборавив во целиот реферат да напоменам баш за тие филтери што ги користи Ангела и бидејки ми е премногу фокусирана на совршенство дури кога се работи и за акни. Сакав да напоменам дека до толку сака да е се совршено до степен каде што неможе да си дозволи да ја видат со некогаш малце проблематична кожа / лице. Да, овде треба и храброст за овој чекор, но исто треба да излезе и од тој некој перфектен фазон. Како што кажа и ти самата ќе ја зголеми популарноста и самодевербата кај многу други, сепак нив ги следат девојчиња кои имаат вакви проблеми. Фала ти многу што ете си приметила и место мене ти го надоврза ова. Исто и за Александра се согласувам. Мене ми е топ.
     
    На dankee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    1.213
    ?
     

    Прикачени фајлови:

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.