Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    13.529
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира кога имаат гивавеј и бараат да се сподели на стори. Е сега некои дека мора некои дека е опционо.
    Некако ми е ту мач на стори гњавење.
    Има опција да се одбере добитник од стори што објавил или?
     
    На redhead му/ѝ се допаѓа ова.
  2. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Женски
    Вчера ја видов у живо Ана Ристова. Симпатична е ама не очекував дека е толку ниска. Значи лажат сликите.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Толку завист и злоба кон некој што се труди нешто да направи, како во оваа тема тука никаде не сум видела.
    Па што ако отворила колекција а не е дизајнер? Колку луѓе познавате што работата не им е поврзана со нивната диплома? Колку што знам има многу модни светски блогерки што имаат нивни колекции!
    Не сум обожавател на Шијакоска и општо на блогерките за мода ама СЕКОЈА ЧЕСТ за тоа што сработила и стигнала до тука од нула. Зарем важно е дали некој финансиски стои зад неа или сама постигнала? Да почнеш свој (било каков) бизнис во вакво време-невреме, во држава со 90% народ полн со негативитет, кој не знае да цени и плука по секој вложен труд е ХРАБРОСТ!
     
    На Irreplaceablee, Stressed Out, Noemi и 28 други им се допаѓа ова.
  4. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Сликите секогаш лажат, дури некогаш и ти кога се сликаш си викаш абе јас сум ова или не. А плус тие ги прават, фотошопираат, некои дури во реалност не се ни прилично како на сликите. Не само за блогерки, туку и за било кој/а...
     
    На ohlalalala, poppie и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  5. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Еве и јас сум човек со диплома, и искрено мене ми сметало кога некој што нема познавање од ништо, да биде бутнат во администрација и да ужива. Кај Александра во тоа е разликата, девојчето можеби нема диплома но се труди премногу , не е седи и да чека пари однебо да и паднат.. Јас и посакувам сонот да си го оствари и се надевам ќе има убави и итересни парчиња. Ова е исто како да кажеме зошто некој отвара бутик кога носи турска роба.. Секој има право да проба да си го оствари сонот, а верувам дека ако понуди нешто квалитетно сите тие што коментираат негативно први ќе купат некое парче.
     
    На Принцезичка1, CindyAnn, Gabrielle... и 3 други им се допаѓа ова.
  6. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Женски
    Баш така. Сепак треба да си искусен за да правиш такви трикови со фотографиите, да знаеш под кој агол изгледаат нозите подолги и ред други работи. Сепак секоја чест. А инаку ептен убава жена, има мила фаца.
     
  7. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    И јас и посакувам се најдобро, но мене тоа што нема никакво школо а пробува сега со бренд да попува што е мода премногу ме иритира. Затоа јас лично не ја поддржувам. Имаме во мк премногу добри дизајнери со преголемо искуство што банално ми е парчињата на шијаковска да ги купувам.
     
  8. redhead

    redhead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    398
    Според мене за оваа работа можеби повеќе треба да имаш талент одколку диплома, како за сликар, музичар... Нормално ако имаш диплома тоа е огромна предност.
     
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.916
    Допаѓања:
    6.731
    Пол:
    Женски
    Мултиталенти сме затоа што сме сиромашна земја, па гледаме од каде што можеме да заработиме. Сите блогерки имаат напоменато дека не заработуваат доволно за да блогерството им е главна професија, голем дел од нив работат друго, ова им е само дополнителен приход.
    Шијакоска навистина ептен труд вложи и најмногу се издигна, главна професија и е блогерството за разлика од другите. Има одлични фотографии иако на некои не доаѓа до израз комбинацијата и моделие што ги рекламира.
    Само се надевам дека ќе има прифатливи цени, не набиени како Ана Ристова. Сепак публика и е помладата генерација, која се облекува со пари од родителите генерално.
     
  10. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Не и е главна професија ако очигледно пробува да прави пари од други работи. Немам ништо против Шијаковска, иако ја имам отследено одамна, само смешно ми е што пробуваат да се претстават како нешто што не се. Колку и да има талент, не може да е дизајнер кога сама не знае да шие, нема појма од материјали и што е најважно нема грам искуство во оваа професија. Како може да верувате доволно во ваква личност и уште да дадете пари? Да не зборам за фактот дека нема отворено фирма па не плаќа ДДВ, тоа значи дека на таа облека никој не прави надзор, нема никакви инспекции и што сака може да ви продава...
     
    На ohlalalala му/ѝ се допаѓа ова.
  11. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    За да креираш или да отвориш свој бренд не ти треба никакво школо, требаат само финансии. На кој му се допаѓаат производите ќе си купи. На кој не му се допаѓаат, нема.
    Скоро секоја од светски познатите блогерки има своја линија, козметичка или за облека. Така да, во случајов никој на никого не е бледа копија.
    Уствари и тоа е блогерството, да создадеш свој бренд, сигурно нема некоја блогерка да сака да се слика на 45+ години како на 20, 30...
     
    На Coachella, lovemme, CindyAnn и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Се имам изјаснето тука кои блогерки ги следам, кои не
    Ама баш ме интересира со што ќе се занимава Шијакоска
    Облека? Ако да, што на пример? Ќе има тема, стил или нишка до која ќе се држи или ќе продава се што ќе и дојде при рака?
     
  13. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Види сега, ако сака може да се занимава со креирање салфетки. Ќе се најде некој што ќе ги сака нејзините креации и ќе ги купи, а и да не се најде не е страшно.

    Треба малку осет да се има. Постојат членки кои постојано упатуваат навредливи зборови. Шијакоска била бледа копија, а таа со нејзиниот речник што е? Интелектуалка?
    Разбирам да ја критикувате нејзината работа ама константно да сакате да ја понижите?!
     
    На Coachella, Blackandwhite123, M.laDy и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.916
    Допаѓања:
    6.731
    Пол:
    Женски
    Сега веќе не и е, си ја користи популарноста за да си направи бизнис, зашто блогерството не е трајно. Како што Просветно дело ја искористи славата на 2 бона за да направат тетратки кои младата публика ќе ги купи како фанови, така и Шијакоска, ќе прави облека за тие што ја следат, си користи прилика.
    Се согласувам дека не може секој да е дизајнер. Кај нас голем дел од дизајнерите само цртежите и името/презимето си го користат, имаат тим позади себе кој се занимава со шиење и материјали (секако има чест на исклучоци). Во случајов Шијакоска е презимето познато, а тимот позади неа ќе се грижи за се останато.

    Малку амбиција и повеќе пари, толку е потребно, па преку ноќ ќе си имаш нова професија дизајнер или козметичка линија (не се однесува само на блогерките). Лила што има парфем и пилинг се разбира од козметика? Не, само името го користи.
     
    На M.laDy, mkdvesna, h.ope и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    А што е со ограничувањата? Баш е супер тоа што млади луѓе се трудат да успеат во повеќе области иако немаат знаење и искуство, ќе стекнат со тек на време. Сите сме почнале од некаде. Освежувачки е да се види некој кој навистина се труди да си го оствари сонот. Не сум обожавател на ниту една од нашите блогерки, но зошто толку негативност?

    Конкретно Шијакоска, зошто да не направи своја линија и бренд ако смета дека го може тоа? Има огромен број на девојки кои редовно ја следат и кои би ги купувале нејзините парчиња. А и јас би искрено, ако ми се допаѓаат. Колку пати само сте нарачале производи онлајн за кои немате поим кој и каде ги изработува? Сметам дека треба да им се даде шанса, не само неа, туку на сите останати кои навистина се трудат.
    За мене лично блогерството не претставува професија, би го нарекла хоби, но се додека им носи пари и ги исполнува тоа што го прават, зошто да не? Се што е плус, не е на одмет.
     
    На Ambitious, Stressed Out, Blue.Sky и 18 други им се допаѓа ова.
  16. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    1.919
    Не знам дали сум најстара ама имам 39 :wasntme: @whisper.ves
    Повеќето што ги знам се околу 23-33
     
    На Gabrielle..., WaitTillTheEnd, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Believe.in

    Believe.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ми се допаѓа што нашите блогери почнаа со свои брендови. Не се само Ана и Александра, Евгениј почна со облека за патување, Стефанија со облека, Ѓоко Сучкоски со шминка и козметика, сигурно има и други.
    Всушност кога некој ќе стане на некој начин популарен баш и треба да го искористи тоа да започне свој бизнис.
    Сигурно сами не шијат, не повеќето барем. Треба да им се даде шанса и времето ќе покаже дали и колку успеале во остварување на сонот, целта...
     
    На Gabrielle..., raww, Lovebug01 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    1.919
    Потполно се согласувам. Зад секој стои тим, така и треба да биде. Тоа е веќе чекор напред за блогерите.
    Им посакувам само успех на сите што почнале да си ги остваруваат целите.
     
    На Gabrielle... и Annora им се допаѓа ова.
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе не сум хејтер ама Ангела го претера со истата шминка на секое видео. Кафена сенка и nude кармин/сјај. Жими 3-4 видеа ако и се со поинаква шминка.
     
    На Elence93, eliesaab, Ladybug98 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Не ни звучиш како хејтер :D
    Исто и со локните и beach waves.
     
    На Elence93, eliesaab, Traveler91 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.