Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Зошто ако некој го искаже своето мислење одма викате дека "хејта". Ако јас кажам дека не ја поддржувам Шијаковска и дека мене лично ми е смешен нејзиниот "бренд" не значи дека хејтам. Тоа е мое мислење и став. Си стојам на своето дека ќе ги поддржувам оние дизајнери од мк што си завршиле школа, што навистина се разбираат од мода и знаат како се шие. Не барам никоја од вас да се согласи од мене, само ви ги претставувам работите од друга перспектива. Утре ако продава ефтини маички што ќе ви се испокинат после третото перење, вратете се на овој коментар и прочитајте повторно зошто сметам дека не е паметна идеја да се купува од блогерки. Дали сметам дека не треба да се трудат? Апсолутно не, треба да си прават како што мислат, се додека има офци има кој да ги стриже.
     
    На eliesaab и edna_malecka им се допаѓа ова.
  2. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125

    Мислиш дека дизајнерите сами шијат? Зошто кога странски блогерки ке произведат колекција и тоа само ке го стават нивното име на брендот и ништо друго подршка сите давате а ако е некој од кај нас веднаш коментари да си се држи до професијата бла бла. Ова е бизнис и не мора да си дизајнер за да имаш своја колекција или бренд доволно е да имаш визија. Маици што се кинат на второ перење можеш да купиш во било која продавница ако е дизајнер не значи многу многу и квалитет.
    Јас искрено баш пријатно се изненадив и се надевам дека ке видам повеќе блогерки со нивен бренд и успешни. Дајте подршка на нечиј труд не ве кошта ништо.
     
    На Irreplaceablee, Stressed Out, Guns N` Roses и 25 други им се допаѓа ова.
  3. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Немаме ништо против да кажеш дека не ти се допаѓа. Имаме против навреди и омаловажувања.
    Нема што да те интересира какви се маичките ако ти не ги купиш. Не е твое гајле и да се скинат после едно носење.
    Бонус - не се осеќаме као "оВци".
     
    На Stressed Out, Tea678, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Во врска со брендот на Шијакоска, јас можам да кажам само големо браво и за досегашниот успех, за посветеноста и за храброста.
    Шијакоска сама и посветено изгради бренд од самата себе. Брендот не го "отвора" сега, таа е веќе бренд, сега објавува само линија од својот бренд. И за да изградиш бренд не треба да имаш диплома, затоа што брендови има во секоја сфера од општеството, од медицина, преку енергетика, до мода, и во било која сфера што може да се замисли. Во случајов таа е сопственик на бренд со нова колекција, за која што МОЖЕБИ би ангажирала некој кој има диплома за да ги дизајнира производите (а и не мора, доколу може сама и тој дел да го преземе). Има разлика меѓу сопственост на бренд и дизајнирање, иако често се комплементарни и одат заедно.
    Доколку се сомневате на кого ќе продава, па погледнете, уште ни едно парче не е објавено, а веќе брендот има скоро 7к следачи кои се реални. Девојката има доверба од својата публика и легитимно е да ја искористи таа доверба и да ги прилагоди производите кон нив со тоа што ќе бидат по достапна цена. Колку за споредба, брендот на Елена Ристеска за козметиката на цела популарност има 2к следачи.
    Кој како сака нека рече и нека толкува, но девојката е максимално посветена и цела популарност е заслужена.
    Тоа е мое мислење.
    @gabrielle_d.s ( инаку и јас сум меѓу повозрасните -31г .)
     
    На Coachella, rainbow_bb, Blackandwhite123 и 19 други им се допаѓа ова.
  5. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    19.683
    Пол:
    Женски
    А Бершка, Страдивариус, Зара и остали да не имаат некој врвен квалитет што толку се продавани насекаде? Секој мора да почне од некаде, никогаш не се знае.
     
    На Irreplaceablee, koritsaki, CindyAnn и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    1.212
    М
    Мислам моја фитнес мама е најстара 40 да не има
     
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека избразано кажано и е мислењето на членката на форумов во врска со Шијакоска. Еве јас не ја пратам, ама одамна слушам за неа, во се нешто ја споменуваат и до сега има милион соработки. Колку и да ви изгледа инстаграм само така и за тоа треба посветеност, да си фокусиран и активен цело време за да собереш многу реални следачи и луѓе кои ќе те следат само за тебе самиот. И сега кога девојката е толку популарна нормално е и да започне со некоја друга работа. Така да браво за неа
     
    На h.ope, CindyAnn и Tea678 им се допаѓа ова.
  8. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    И јас не сум некој фан на Шијакоска ама девојката стварно е посветена и заслужи, ја сакав Ангела ама некако ми е монотона секогаш е иста фризура,шминка како досадна стана,а Шијакоска почна да се развива иако некои комбинации ми се катастрофа ете на други му се допаѓаат и е популарна колку и да негираме. Можам да му посакам само среќа, се гледа се тоа ја исполнува
     
  9. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Во ниеден момент не ја навредив Шијаковска, ако прочиташ неколку мислења уназад ќе видиш дека и посакав се најдобро со брендот. Кога сме кај навреди имаше членки што постојано пишуваа погрдни зборови конкретно за неа и јас прва кажав дека треба да се прекине со тој тип на навреди. Дали тоа значи дека го сменив мислењето? Не. Уште сметам дека не е релевантна во тој свет и дека "брендот" и е бламажа поради фактот дека постојат многу поквалификувани мк дизајнери.
     
  10. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.912
    Кога ќе сфатите дека колку си квалификуван нема врска со бизнис. Може да бидеш колку сакаш квалификуван и знаење да имаш па да немаш желба и храброст да направиш свој бренд, и нормално некој што има храброст ќе го искористи тој твој талент. Браво за Александра и и посакувам многу среќа.
    Ако ги погледнеш основачите на најголеми компании ќе видиш дека немале никаква врска со областа, само храброст. И сигурно она нема да дизајнира и шие. Ќе си плати луѓе за тоа. Она е само основач на бренд дај разграничи ги работите.
    Погледни ја Emma Chamberlain, девојката да не има познавање од кафе?? Па има нејзина компанија за производство на кафе, има нејзини алишта. И да и ја да ја имав нејзината популарност и јас ќе го искористев тоа за да добијам поголем профит. Во ова не игра никаква улога знаењето од областа туку желбата за успех.
     
    Последна измена: 29 јули 2020
    На Stressed Out, h.ope, CindyAnn и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Според тебе и твојата логика никој не треба да се запишува на факултет. Ајде така да си ги користиме талентите без никакво знаење.
     
  12. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.912
    Затоа факултетското образование не те спрема за тој свет. Туку за работник. И да, сум против факултетско образование освен некои професии. Еве ти пример сестра ми учи медицина но истовремено ја бива и за овие работи уште од мала си креира шие. И мора диплома да има за да дизајнира облека? Тетка ми исто дизајнираше и шиеше облека па немаше таков факултет... за мене нема никакво значење факултетот ако личноста има љубов и дарба за тоа што го работи. Никој не го користи со сила нивното знање, никој не ги тера да работат. Едноставно они си прифатиле, на некој му е подобро да си зима плата и мирна глава да има.
     
    На Irreplaceablee, Guns N` Roses, S.W.A.G и 5 други им се допаѓа ова.
  13. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Бидејќи ти велиш дека хејтаме кога некој ќе искаже мислење, јас ти кажав што ни смета, а тоа се навреди. Не се пронаоѓај во нештото, ако не си.
     
  14. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Го разбирам твоето мислење, но не се согласувам. Сметам дека билокоја особа што сака да почне со некаква, билокаква работа треба прво да инвестира во себе и во своето знаење. Инаку, све е тоа направено само за профит не од љубов. Шијаковска да сакаше навистина да извади квалитетни парчиња ќе се едуцираше прво за тоа, ќе го споделуваше целиот процес за креирање стилска облека од квалитетни материјали. Ако навистина имала љубов ќе и беше кеиф да го сподели тоа како што ги споделува досадните внуци. Зарем не го разбравте тоа до сега? Толку е провидно дека брендот и е за профит а не од љубов.
     
  15. Callie

    Callie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Сеа испаѓа да отвориш бизнис за да заработиш е лошо, мораш заради љубов (facepalm)
     
    На Irreplaceablee, Guns N` Roses, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Све е пропало ако не е од љубов :rofl:
     
  17. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Аман бе, стрпете се :)
    Ќе се отвори бизнисот и сите ќе бидеме сведоци како ќе оди и колку ќе трае
     
    На eliesaab и Ladybug2436 им се допаѓа ова.
  18. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    1.919
    Не знам искрено, прва прилика ќе прашам баш
     
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    И да и е само за профит, што е спорно тука?
    Сите работата што ја работиме за љубов ја работиме? Кој луксуз е тоа во државава, жити се.
    И јас сум за образование, сум инвестирала цел живот во тоа, нејќам неспособни будали да глумат способни, иако факултетите и знаењето изгубија на сила.
    Но, девојкава и да е неспособна копче да зашие, ја има секоја друга прилика за создавање на ваков бизнис. Публика, колку и да е млада истата, еден куп локални бутици и продавнички кои тргнаа уште од некни со улизување, можеби спонзори некакви, итн. Пазарот е таков, таа си игра на тоа што го има, и јас да можам, и јас би играла. Не е работата да знаеш детално што правиш, со пари ќе си најдеш некој што знае што прави.

    Јас лично не би купила од нејзе, тоа е затоа што не ме интересира она што нуди во креации, не ја ни следам на инстаграм. Потегов што го направила ми се допаѓа.
     
    На Annora, Besmrten, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    А зашто нашиве блогерки не објавуваат по инста за корона вирусов. Да се внимава да се носат маски?
    Или слепа сум?
     
    На Sahlene и fateful им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.