1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rirri

    Rirri Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    181
    Ne se raskinati :) Zaedno bea na rucek denes gi vidov
     
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.355
    Допаѓања:
    7.069
    Пол:
    Женски
    Драга моја колку само се согласувам со тебе. Огромно браво, ретки се луѓето како тебе да знаеш. Јас модни блогерки не следам, затоа што не ме интересира ниту мода, ниту пак за шминкање следам, со исклучок на една девојка од Италија која ми е пријателка и сакам да ја поддржам (не дека еден следбеник плус ќе и промени многу, ама сепак сакам да и дадам поддршка за она што го работи со оглед на тоа што се труди премногу и вложува). Сите оние кои имаат отворено блог, јутуб канал, инстаграм профил работат навистина многу напорно. Не е лесно да работиш друго и ова да го оддржуваш активно со секојдневно објавување на слики, рецензии или кој за што е...потребно е време, напор, план за тоа што ќе пишуваш и секако време за сликање итн.

    Многу е лесно да седиш дома и анонимно преку компјутер да ги напаѓаш луѓето кои ако нешто почнале да работат.значи дека веруваат во тоа што го работат. Јас ги поканувам сите кои постојано критикуваат други да отворат свој блог или инстаграм профил и сами да увидат колку подготовки и работа има. Најискрено никогаш во животов не сум си дозволила јавно некого да нападнам или омаловажам без разлика дали се сложувам со она што го пишува или не. Верувајте ми низ инстаграм гледам секакви постови од тоа дека етеричните масла во козметиката немаат никаква улога освен да дадат мирис на производот (што е апсолутно погрешно со оглед на тоа што молекулата на етеричното масло најбрзо успева да навлезе преку кожата во телото и да влезе во циркулација) па сѐ до постови каде се смета дека титаниум диксидот во еден производ ставен на крај на декларацијата 0,10% има заштитно дејство од сонцето (за да штити треба минимум 5 до 6 грама да се стави во зависност од формулата). Никогаш јавно не сум омаловажила некого за она што го напишал. Ако самиот тој верува во тоа во тој случај ок, среќен тој среќни сите.

    Најлошо нешто што може да му се случи некого е да го промени својот индентитет и став за да им се допаѓа на сите. Ако еден блогер или инстаграм инфлуенсер се менува секојпат кога ќе добие некоја критика (вака да се облечеш, чевлите од пазар, онака да се шминкаш) од луѓе кои единствено тоа прават во тој случај ја утнал професијата. Не може да се задоволат сите вкусови, а и никој нема право да кажува кој како треба да се однесува, облекува или говори. Затоа постојат разни блогери , а и разни копчиња на апликациите: доколку некој ти се допаѓа стискаш follow , доколку не тогаш, unfollow, а ако некој ти е премногу антипатичен и не може веќе да гледаш ништо што објавува постои и копче block. Нема потреба од погрдни зборови и навреди. И апсолутно се согласувам со @Lovebug01 зошто некој да не се обиде да напрви нешто повеќе. Навистина секоја чест за луѓето што од нула со сопствен труд прават нешто. Зошто некој светски познат блогер, модел или глумица да може да направат нешто со нивното име а некој од Макдонија не... Љубоморта е најлоша работа...
     
    Последна измена: 19 септември 2020
    На Havana!, Makedonka007, dayla и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    547
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам со тебе и @Lovebug01 :) Какви хејт и злобни коментари читам не ми се верува :)
    Македонче :)
     
    На Makedonka007, M.laDy, Lovebug01 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.951
    Biodevojka, те читам долго пред да се зачленам на форумов и отсекогаш сум ја поддржувала твојата работа, бидејќи сум голем љубител на природни препарати. Во телефон и лап-топ имам screenshots од твои мислења за шампони, маски, масла, гелови за туширање, козметика... И блогот до пред скоро време ти го отворав премногу често, па така и по ташни можеа да ми се најдат ливчиња со твои рецепти и препораки. Некои од нив уште ги имам во фиока.
    Јас за личности како тебе би ги платила и последните пари што ги имам, ама не можам да го кажам истото и за производи од непознато потекло - каков што е примерот кој се дискутираше погоре. Убаво имаш објаснето дека блогерство не е за секого и дека треба труд за да се успее. Сето тоа е во ред и секако дека треба трудот да биде награден, ама мора да слезиме малку на земјава и да бидеме реални што продаваме, каде живееме и дали можеме да го пласираме тој производ на македонскиов сиромашен пазар. Овде станува збор за девојчиња (фанови, обожавателки - како и да е) кои не ни работат, па треба од родители да земаат пари за купат некое си парталче со лого од некоја непозната личност. Кој родител со минимална плата од 15.000 денари би дал на свое дете 2.200 денари за тренерки со презиме од некој кој нити измислил за прв пат тренерки, нити е некој симбол за докажан квалитет?

    Прашање до Lovebug и до Emilija (не можам да ве тагнам, не знам зошто): зошто мислите дека некој љубомори и е злобен ако го кажува своето реално мислење? Мене ми е за поздрав секој труд, не сте свесни какви профили следам на Instagram, па и на Facebook за да им дадам 1 следач повеќе чисто како поддршка. Никој не и’ љубомори на Шијакоска за нејзината колекција, туку муабетот беше дека е непотребно скапа. Некогаш и од Nike кои се светски познати може да се разочараме од одреден производ, не па вака од некоја рандом личност.
    Дали сметате дека е во ред личност која е инфлуенсер да продава работи нарачани од на Ali Express и да им лепи само лого, па да ги продава за ненормални пари на нашиов пазар? Дали и тогаш ќе мислите дека им љубомори некој на тие инфлуенсери? Не зборувам за Шијакоска овде, туку само ве прашувам општо. Не дека немало вакви примери.
     
    На Harper, CoverGirl10, kim.k и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    8.774
    Пол:
    Женски
    Таков впечаток добив по коментарите тука. Прво, мојот коментар беше оставен уште кога колекцијата на Шијакоска беше најавена, а не и објавена. Се плука и се хејта на уште невидено. Општо мислам искрено дека сме таков народ, плукаме по сечија храброст и труд. Дел од коментарите оставени тука дури и невкусни беа.
    Дека многу се 2200 денари за обични тренерки, многу се навистина посебно за таква таргет-публика од тинејџерки кои не заработуваат. Со тоа се согласувам. Мене лично ништо од колекцијата не ми се допаѓа но тоа не е причина јас тука да дојдам на форумов и да бистрам 'хејтерски политики', како тоа го правела за популарност, па како логото не чинело, кој ја финансирал, па како таа не била дизајнер и не требало да создава колекција, и да се фаќам за други такви непотребни ситници. Поентата ми беше дека и симнувам капа на девојката што воопшто се осмелила да започне бизнис во една ваква криза.
     
    На Skorpija25 и redhead им се допаѓа ова.
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.355
    Допаѓања:
    7.069
    Пол:
    Женски
    Драга најнапред ти благодарам за убавите зборови, немаш појма колку ми значат :l:. Јас не се реферирав конкретно на овој случај не ја ни познавам девојкава (никогаш ја немам видено), а секако се согласувам со тебе нема секој пари за скапи работи. Јас тоа многу добро го знам кога ме контактираат девојчиња и ми велат имам само 200 ден за крем што ќе ми препорачаш??? Во ова време кога луѓе губат работа, фамилии едвај сврзуваат крај со крај секако прво мислиш на храна, а на крај на памет не ти се тренерки од 2200. Јас повеќе говорев за злобни изјави кои ги прочитав низ форумов од типот чевлите и се од пазарче, не знае да се нашминка, треба да се огледа на светски блогерки итн. Секако дека секој има право да си го каже своето мислење, само без навреди и омалуважувања спрема луѓе кои се трудат да направат нешто. Секој еден блогер според мене има своја публика, во зависност од она што го нуди. Ако сите се огледуваат на некого, кажуваат исти работи, се облекуваат на ист начин и рекламираат исти фирми, тогаш доволно да има еден инфлуенсер и толку. Некој може да си дозволи да рекламира парфеми од 500 евра а некој производ од некој локален бутик, меѓутоа не заради тоа е помалку вреден. А и во ова време многу е поважно да ги поддржиме помалите македонски бизниси или бутици кои едвај успеваат да извлечат пари за кирија и да инвестираме барем во македонската економија. Не е страшно да се каже дека нешто не ни се допаѓа или е скапо, секој има право на свое мислење, она што на многумина им недостига е усул во изразување. Во право си за она што некој што препродава како свои работи од Али експрес секако не би ми било мило,тоа би било еден вид на превара...Никој не би љубоморел секако. Тоа е исто како јас да купам готов крем и да си ставам етикета Биодевојка и да го продавам. Јас се реферирам само на злобни коментари. Поздрав до тебе. :hai:
     
    На dayla, Касија, Rirri и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.951
    @Lovebug01 Искрено мене ми е многу криво за многу луѓе во државава кои се трудат премногу (отвориле приватни бизниси за да ја помогнат економијава, квалитетни спортисти кои немаат ни С од спонзорства видено и сл.), а не се признаени од никого, ниту некој се замара да ја следи нивната работа и остварувања. Преголемо внимание им се придава на други неважни работи. Како што напишав и претходно, јас изнесов мислење за цената, а за вкусови не расправам, бидејќи тоа е дискутабилна тема.
    @Biodevojka Точно! Малите приватни бизниси го полнат буџетот на државава, па ние како граѓани треба да ги поддржиме. За омаловажувања од типот ‘носи чевли од пазарче’ и сл. не ми се ни коментира колку се снобски. Еве јас лично сум скоро цела година без работа поради короната и цело лето го поминав со истите панталони купени лани од Waikiki и 2 блузи од по 200 денари од Ambar. Нека земе слободно некој да ме коментира ако му е дојдено до тоа. Треба да внимаваме како се изразуваме и за тоа си комплетно во право. Некогаш знаат нечии изјави да изгледаат повредувачки и едноставно, mean.
     
    На 1209, fateful, raww и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.355
    Допаѓања:
    7.069
    Пол:
    Женски
    Драга се обидов да ти пишам приватна порака ама не успеав. Може ли да ме исконтактираш ти?
     
    На Кена Рис му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    20.891
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам што е толку тајна цената на водичот на Локвенец? Зошто не пише директно под слика или во био на профилот не знам, наместо да се допишуваме сеа во пораки?
     
    На dankee и Emilija97mk им се допаѓа ова.
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.535
    Допаѓања:
    3.062
    Затоа што е најверојатно поскапо од тренерките на Шијакоска. :D

    Ја следам некое време, мислам дека девојката малце тоа улогата на мотиватор ја има сфатено погрешно. Обично мотиватори се луѓе кое поминале низ некој проблем, кои имале некој вид на дефицит/недостаток во било која сфера и да збориме, па го надминале тој проблем, извлекле некоја поука, постигнале нешто вредно за инспирација. Овде станува збор за девојче кое чита книги за лајфстајл и тоа дали едвај повеќе од прстите кои ги имаме на рацете и решава дека нејзиното е вредно за покажување на светот и уште побитно, пари.

    Дури ќе и беше подобро да спреми некоја програма за вежбање, али и тоа е дискутабилно, затоа што некои од вежбите на видеата не ги изведува правилно.
    Ако сакаше да навлече клиенти за понатамошни проекти, ова реално можеше да го објави бесплатно, и онака не е ништо посебно.
     
    На Kahlua, Skorpija25, dankee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    20.891
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2020-09-22-05-40-33-1.png
    Гадна подуена жаба, really :worried:?
    Го сфаќам моментот дека сакала да биде смешна, ама хуморов фатил кривина малку. Според сликиве не ни изгледа дека има проблем со акни, барем моментално. Што правиме со тие што мака мачат со озбилен проблем со акни и тоа секој ден, со години?
     
    На raww, Shugarspice, sierra и 2 други им се допаѓа ова.
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.535
    Допаѓања:
    3.062
    Уште бар да беше смешно.
    Вака и разгледав профилот, споредбиве со машка кожа и женска ... не знам што и е поентата искрено. Пиши нешто ново што не го знаеме сите.
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Ве молам направете си услуга на себе и својата кожа и не следете квази скинкер профили.
     
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    20.891
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2020-09-26-20-30-09-1.png
    Screenshot_2020-09-26-20-30-16.png
    :worried::worried::worried:
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Мене лично многу ми се допаѓа, женствена тетоважа е, баш некако и одговара. А за line work скоро никогаш не се совршени цртите бидејќи е кожа. Баш пред некое време видов и кај Мичич, исто е секаде кога се работи со криви линии во овој случај како што и е месечината
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2063.jpg
      IMG_2063.jpg
      Големина на фајлот:
      331,9 KB
      Прегледи:
      113
    • IMG_2064.jpg
      IMG_2064.jpg
      Големина на фајлот:
      179,9 KB
      Прегледи:
      112
  16. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    20.891
    Пол:
    Женски
    Тетоважата како замисла е океј, мене искрено воопшто не ми се допаѓа како е изработена. Ако може месечина да се утне, не сакам ни да замислам нешто покомплицирано, а треба цел живот да го носиш.
     
  17. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Мене не ми личи на утната, од мое искуство како што кажав сите тетоважи со криви линии имаат недостатоци затоа што се работи на кожа а не на хартија. Воедно, како што гледам тетоважата не е многу голема (месечината изгледа како пола прст) а сликата е многу зумирана, верувам дека во реален живот цртите што тебе ти изгледаат на утнати воопшто не се приметуваат.
     
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    20.891
    Пол:
    Женски
    Може дека имам утната тетоважа на себе па имам големи очекувања. Како и да е, ствар на вкус е и ова. :)
     
    На Ladybug2436 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Така е, и јас имам тетоважа што моите до ден денес не сакаат ни да ја погледнат па цело време им викам дека се е до вкус :lol:
     
    На Fifi84 и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.652
    Пол:
    Женски
    Леле Маринела и сторињата со вежбање и играње (facepalm) Дај нека и каже некој да не се бламира, ич не делува природно. Па и фаците што ги прави :sweat:
    Ок е за слика, треба да се сконцентрира повеќе на сликање, помалку на снимање.
     
    На Arja, SofiMar_ и pamelche им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.