1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инста-блогерки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SofiMar_, 29 април 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DevilWearsPrada

    DevilWearsPrada Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    Мада некогаш не ми е јасно како некои членки од овој топик овде на темава не сфаќаат дека девојките се сепак Инста Блогерки овде во Македонија кај шо пазарот баш не ни е на ниво и тоа воопшто, ниту пак целиот тој инфлуенсерски маркетинг и буџет што го имат брендовите и компаниите овде. Како што гледам секоја дава максимално се од себе со тоа што може најдобро да се пронајде во државата дали тоа било бутик, златара, мејк ап, и др.
    Сепак ете неколку од девојките и со тоа ограничување пак знаат да направат некој светски контент од време на време и да изгледат навистина фино, харизматично, баш онака блогерски.
    Мене ми се ТОП со оглед на тоа дека сликат контент од наш домашен пазар и затоа мислам дека некогаш неколку членки од овде се престроги и несовесни за околностите кон оваа “професија” да кажеме за во нашата чудесна Македонија. Едноставно толку се може, а и тоа “толку” е баш солидно и добро! Секако пазарот ако ни беше на ниво на Америка или ете во најмала рака Србија, нашите девојки би биле многу поуспешни од овде моментално регионалните блогерки па и другиве низ поразвиените држави кај што имаат еден тон можности и избор за се. Така да, супер ни се девојките, би кажала само дека ме разочараа скоро сите со журкиве и не почитувањето на мерките, и тоа е единствено нешто што ме иритира моментално али ќе помине хаха.
    Поздрав девојки :inlove:
     
    На Lepaaa, crimson, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    6.405
    А девојки, што бидна со Дани, и беше другарка на Маџестик, на времето имаа и заеднички блог, со портокалова/црвена коса беше. Јас кога ги гледав и двете, оваа Дани ми имаше поинтересен стил, ептен специфичен, ама сега не можам да ја најдам, има ли нејзин блог?
     
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам на оваа девојка мислиш https://instagram.com/thegjurovska?igshid=1ahnglj978yy0
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    6.405
  5. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    66.155
    Пол:
    Женски
    Маринела со последните сториња како игра. :tmi:
     
    На simoncelicius и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.660
    Пол:
    Женски
    Луѓето овде се полни предрасуди и омраза по би нападнале блогерка дека е спонзоруша и мрзлива околку да се борат за правда во судство, факултети и слично, јас кога видам дека некој се труде да изрекламира нешто, влогува искрено ми е драго, видејки 21 век денес и гаќи се купуваат преку интернет не па друго.
     
  7. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    368
    Катзиа човече: “ќе се дружиме наскоро / јас ќе одберам кои сте најактивни за да може да се вклучите во чатот“

    до мене е или девојкава станува се по уважена? Као која е поентата да промовираш пред 20 илјади следбеници дека ќе правиш едукативен чат рум за да добиваш мал милион пораки од девојки што се заинтересирани, само за да ставиш наредно стори и да се понашаш као mean girls у стилот „you cant sit with us“. Која е поентата да го промовираш ова?

    И ете на сите ни стана јасно месециве дека девојки како Магнолија ветуваат скинкер трансформација со производи што по дифолт во моментот се платени да ги спонзорираат, ама деновиве се прашував: Дали Катзиа генијално не изманипулира за Пурито и таа е всушност личноста која го донесе овој бренд во мкд, а упорно се понаша како да е чиста случајност што од кога го има брендов реално не рекламира нешто друго? Се сеќавате ли само како експресно стави стори веднаш штом се појави Пурито во Мкд, за да не увери дека не се копија производите, односно дека им пиша на Пурито за да се „увери самата“ и нас останатите дека треба да ги нарачуваме од тука (иако се речиси 50% поскапи од Бјути беј? Пошто од моментот кога ги донесоа Пурито во мкд, ја нема со постови Како порано, се е за Пурито и како они се општествено одговорни и ги слушаат критиките на корисниците. А нели фан е на корејска козметика, па секогаш кога става прашања и одговори ја прашувам што мисли за брендовите во Олпео, пошо нели, прва продавница за корејска козметика во Мкд, со многу познати брендови, ама ја нема ниииишто да зуцне на темата! Нити одговара, ниту пофалува дека имаме избор сега (а нели, лесно и беше да пофали или критикува производи што (не) се добри за скинкер). Многу ми е чудно што ништо не коментира на оваа тема, дека има многу повеќе избор на корејска козметика во мкд, а она одамна ја користи.
     

    Прикачени фајлови:

    На Havana!, Anna-Banana, maaraa96 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Јас одамна кажувам дека не треба да и веруваме на Катзиа бидејки сите постови и се спонзорирани. Јас верувам дека Олпео и нема платено па затоа не го рекламира. Пурито го напна а не е ништо посебно, може да се најде квалитетна козметика по многу попристапна цена, ама нели ја платиле( или е нејзино) и тоа е тоа. Исто како со ДМ, ја платиле за реклама а сега нигде ја нема. Затоа јас одамна ја отследив и не и верувам на нејзините препораки.
    Многу повеќе верувам на профили како mincyys, beautyblog.mkd a повремено и janeva и teonamango имаат добри препораки. Кога зборуваме скинкер мене најважно ми е ако имам прашање да ми биде одговорено а тоа не сум го добила никогаш од Катиза и Магнолија. Затоа многу ги почитувам профилите што ги набројав погоре.
     
    На Emilija97mk, Skorpija25 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  9. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Катзиа и Магнолиа колку што знам не се „мирисаат”, па така никогаш нема да видиме исти брендови да рекламираат/форсираат.

    Во еден едниствен бренд се поклопуваат со препораки (Пурито) и тоа е така од причина што овој бренд го носат двајца различни увозници во МК - skinaholics и Bebe Home (сега по ново и coslovemetics). И баш така се поделени, Магнолиа ги форсира Пурито од skinaholics, а Катзиа - Пурито од Bebe Home. Дури и како натпревар го имаат сфатено, кој повеќе ќе исфорсира еден од двајцата увозници.
    А реално ако си навистина „неутрална” и „неплатена”, зошто на рецензија за Пурито не би ги спомнале и двете места на продажба (и skinaholics и Bebe Home)? :D

    А на твоето прашање зошто упорно не ти одговара на прашањата за Олпео, одговорот би требало да е од истата причина - дека Магнолиа ги рекламира. :)
     
    На Elence93, Shaya, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.602
    Допаѓања:
    8.339
    Пол:
    Женски
    Јас за неа приметив дека нешто не е како што треба уште кога имаше поставено слика од lazalazic како идејата за шминкање на некој модел ја украл од некој странски шминкер ( Patrick-ta или така нешто ) и као демек ете овој не му дал авторски права за тој мејкап лук. И згора на тоа имаше поставено нејзина рекреација од тој изглед . А за да биде посмешно нејзината шминка беше хорор. али битно она го испрозива Лаза и балканците :D:D:D:D


    Затоа ја отпратив, а никогаш не сум се обратила за помош баш од овде наведените причини. Исто и со лепа. Колку сака нека биде стручна и нека има образивание ако ми препорачува некој бренд само затоа што на неа и плаќаат онда џабе ти е дипломата. Истото го прават и во аптека, тоа што им е нивен увоз го нудат прво. Не гледаат да ти помогнат него да си направат бонус да си земат поголема плата.

    Едит еве ги најдов. Она после два саати ги избриша сторињата али бламажата и остана
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    Последна измена: 12 октомври 2020
    На Hellobeautiful, buba4e89, Emilija97mk и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Каков блам... duckface-от е шлагот на тортата
     
    На buba4e89, Annoma, Emilija97mk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.602
    Допаѓања:
    8.339
    Пол:
    Женски
    Затоа и така се однесува, бидејќи е искомплексирана.
    а ова навредиве за балканците не знам, еве она бидејќи е прошетана ( не е она од балканот нели (facepalm):D) треба да знае дека кога некој бренд ги плаќа странските блогери она прават видеа/сториња каде го покажуваат пиар пакетот што се им истигнало и нагласуваат дека е реклама.
     
    На oblace1, buba4e89, Emilija97mk и 2 други им се допаѓа ова.
  13. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    10.103
    Пол:
    Женски
    Америка живее? Доктор е по професија или грешка сум?
     
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.602
    Допаѓања:
    8.339
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е во Америка. Али тоа е толку примитивно што исмева као балкански менталитет мислиш не е она од Мк.
    Не знам што е по образование, али по занимање не е лекар.
    Сеедно, смешно ми беше што го направила лаза као патрик за сиромашни, па уште и wanna be artist , со 0 талент, а нејзината шминка е хорор, али битно она е остварена а лаза не е(facepalm)
    Нема ништо полошо од умислена особа без покритие.
     
    На Annoma, buba4e89, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. DevilWearsPrada

    DevilWearsPrada Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Не се сомневам дека Катзиа има познавање во тоа што го работи и прикажува. Но, се сомневам дека има Narcissistic Personality Disorder.
    За жал многу е unlikable.
    Никогаш не сум ја следела, но имав некоја почит спрема неа. За жал секоја трошка почит ја изгубив веќе. Се надевав дека девојчето ќе се промени бидејки гледав некој потенцијал во неа но мислам дека тоа нема да се случи. Бар не за брзо време, а можда и никогаш. Али што е тука е, затоа има уште илјадници девојки низ интернет и сошл мидиа како нејзе па и 10 пати подобри. Живот иде даље.
     
    На cooll, simoncelicius и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.602
    Допаѓања:
    8.339
    Пол:
    Женски
    Од девојкиве што се споменуваат во темава пола не ги ни знаев, отварав иг па ги барав. Пример оваа Маринела.

    Ангела единствено ја следам, али морам да се согласам со повеќето мислења за неа. Порано ми беше интересна и на стори и на јутуб, сеа делува безлично како да не вложува труд.

    Што се однесува до Шијаковска никогаш не сум ја следела иако ми излегувале нејзини слики и имам лајкато, мене нејзиниот стил на облекување не ми се допаѓа. Премногу теткински, сериозно, нема ниту една комбонација која би сакала да ја ископирам.
    Ксенија е за нијанса подобра од неа али не ми е тоа тоа.
    Тука не зборувам за квалитет на сликите. Се гледа дека внимаваат на тоа, али ако се декларираат како блогерки првенствено треба да ме привлече стилот на облекување.

    Колекцијата на Шијаковска не ја коментирам бидејќи не ја имам ни погледнато, знам Ангела имаше нешто на стори али не памтам како изгледаа парчињата така да верувам дека не е ништо посебно штом ништо не ми паднало во око и заинтересирало да отворам да погледнам.

    Антонија ја знам само по тоа скандалот кога ја нападнаа за тие детокс сокчињата и ја искритикуваа па она се наљути :D Неа не ја ни рачунам за блогерка.

    И не можам да верувам дека никој не ја споменал Сања Стојановска.
    Она нон стоп држи некое ниво. За неа единствено можам да кажам дека има гардероба која би сакала да ја имам. Стилот и сликите ми се свиѓаат и она ми е нешто најблиску до познативе блогерки.

    Исто и lifeofbety, наша девојка ама живее во Швајцарија.

    А што се случи со Фросина. Д? Она мислам дека и најпрва беше со блог и знам дека едно време нон стоп и ги отварав постовите дури и и ги имав сочувано сликите од што и беа добри комбинациите, баш ми беше инспиративна.
     
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.808
    Допаѓања:
    5.154
    Пол:
    Женски
    Ја имавте спомнато Даниела Ѓуровска и викам ај да и го изманијачам профилот, се сеќавам имаше убави слики. Супер и се, баш впечатливи, но морав да искоментирам нешто што го приметив кај повеќето. Ќе купат (или ќе им подарат) некое брендирано парче, како во случајов Guess ташничката и таа мора да биде секаде во преден план и да се зумира и да се одвои посебна слика за неа како Видете што имам (facepalm) Немам ништо против и на 20 слики да ја има, ама нека не биде во прв план брендот. А за лажните следачи веќе имам искоментирано, премногу им се очигледни. Не може да те следат 10к а да имаш само 300-400 лајкови.
     
  18. banance1110

    banance1110 Нов член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали некоја ја следи Дуња Јованич (на инста како imfashionbabe) мене ми е навистина супер,има добар вкус за облека,позитивна и многу забавна. :inlove:
     
    На Fifi84 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DevilWearsPrada

    DevilWearsPrada Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Јас ја следам уште од самиот почеток кога започна :)
    Мене лично ми е исто така пре позитивна, има стил, некогаш е ту мач но ми се допаѓа што знае да ризикува и да експериментира дали со облека, фриз, видеа, и што ли не. Баш онака women empowerment ми е. Топ 3 ми е во целиот регион нашиов.
     
    На burthdaykake и banance1110 им се допаѓа ова.
  20. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    4.973
    А па и Guess еден бренд што е. Претерани цени за ташни кои не се кожни.
    Имаат Guess и кожни модели, но малку се на број и се преку 10 000 ден
    Не знам ни дали ги имаат тие во Скопје
    Само им ги признавам моделите. Имаат навистина стилски, модерни ташни, ама дека вредат за парите НЕ
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.